Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

НЕВАДА

media-libraryi1i24c848j35bqhHYAP

(Видео) Силна снежна бура предизвика лавина во Невада: 10 скијачи исчезнати

Десет скијачи се водат како исчезнати, а шестмина ја преживеале лавината на подрачјето на планината Касл Пик во округот Невада, на северот од американската сојузна држава Калифорнија.Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата во исклучително тешки временски услови, соопштија локалните власти.Канцеларијата на шерифот на округот Невада наведе дека лавината била пријавена за време на силна снежна бура што ги затворила автопатиштата на планинските превои.Во акцијата за спасување учествуваат тимот за потрага и спасување на округот Невада, како и специјализирани спасувачки ски-екипи.За помош е упатено и возило за движење по снег, додека канцеларијата за вонредни состојби на Калифорнија соопшти дека координира дополнителни ресурси за потрагата.Центарот за лавини издаде предупредување за висока опасност од лавини во централниот дел од планинскиот масив Сиера Невада.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања