„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

(Видео) Силна снежна бура предизвика лавина во Невада: 10 скијачи исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryi1i24c848j35bqhHYAP

Десет скијачи се водат како исчезнати, а шестмина ја преживеале лавината на подрачјето на планината Касл Пик во округот Невада, на северот од американската сојузна држава Калифорнија.

— реклама —

Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата во исклучително тешки временски услови, соопштија локалните власти.

— реклама —

Канцеларијата на шерифот на округот Невада наведе дека лавината била пријавена за време на силна снежна бура што ги затворила автопатиштата на планинските превои.

— реклама —

Во акцијата за спасување учествуваат тимот за потрага и спасување на округот Невада, како и специјализирани спасувачки ски-екипи.

За помош е упатено и возило за движење по снег, додека канцеларијата за вонредни состојби на Калифорнија соопшти дека координира дополнителни ресурси за потрагата.

Центарот за лавини издаде предупредување за висока опасност од лавини во централниот дел од планинскиот масив Сиера Невада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања