Романија враќа нуклеарен реактор на мрежата: Се очекува подобро снабдување со електрична енергија
Романскиот производител на нуклеарна енергија „Нуклеарелектрика“ повторно ќе приклучи еден од своите два реактори на националната електрична мрежа на 6 ноември, соопшти денеска компанијата.На тој начин ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија по повеќемесечните суши, во текот на кои земјата мораше да увезува струја, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.Оваа компанија во државна сопственост управува со два реактори со моќност од по 706 мегавати во Чернавода, на реката Дунав.
Свет | пред 2 часа