Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Романија враќа нуклеарен реактор на мрежата: Се очекува подобро снабдување со електрична енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP
фото: unsplash

Романскиот производител на нуклеарна енергија „Нуклеарелектрика“ повторно ќе приклучи еден од своите два реактори на националната електрична мрежа на 6 ноември, соопшти денеска компанијата.

На тој начин ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија по повеќемесечните суши, во текот на кои земјата мораше да увезува струја, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Оваа компанија во државна сопственост управува со два реактори со моќност од по 706 мегавати во Чернавода, на реката Дунав. Тие обезбедуваат околу една петтина од вкупното производство на електрична енергија во Романија.

— реклама —

Рекордно ниското ниво на водата во Дунав ги принуди романските власти привремено да го исклучат реакторот во текот на летото.

Првиот блок треба да се врати на полн капацитет до 7 ноември, соопштија од „Нуклеарелектрика“.

— реклама —

„Повторното приклучување на Блок 2 зависи од трајното зголемување на нивото на водата во Дунав“, се додава во соопштението.

— реклама —

Романија ја продолжи вонредната состојба во енергетиката до ноември, што ѝ овозможува постепено да ја исклучува електричната енергија за индустриските потрошувачи.

На крајот на октомври беше соопштено дека се очекува двата реактори да останат надвор од функција во текот на целиот ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8922i6mh58k54UPlfRM

Брод погоден со дронови кај Романија: Еден загинат, тројца исчезнати

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
tajvan-voeni-avioni

Романија собори две беспилотни летала над Црното Море

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Романија крена тревога среде ноќ поради воздушна цел што се движела кон нејзината граница

Свет | пред 2 седмици

media-library3lhtb02s7tt32eRgS2O

Танкер со нафта и хемикалии се запали кај Романија, властите истражуваат дали бил нападнат

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања