Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Брод погоден со дронови кај Романија: Еден загинат, тројца исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Свет
media-library8922i6mh58k54UPlfRM

Едно лице загина, три се водат како исчезнати, а деветмина се спасени откако брод бил погоден со дронови и потонал во Црното Море, на околу 25 километри од романското пристаниште Констанца.

— реклама —

Романските власти започнале спасувачка операција откако бродот „Хорив“ испратил повик за помош од локација оддалечена околу 13 наутички милји од брегот. Според првичните информации, бродот бил погоден со беспилотни летала, по што потонал.

На бродот имало вкупно 13 членови на екипажот, државјани на Украина и Азербејџан.

— реклама —

„Спасувачките бродови успеаја од морето да извлечат девет преживеани лица и едно безживотно тело“, соопшти романската поморска управа.

— реклама —

Потрагата по тројцата исчезнати членови на екипажот продолжува, но спасувачката операција е отежната поради неповолните временски услови и слабата видливост. Поради тоа, спасувачките служби не можеле да користат хеликоптер.

Инцидентот се случува во период на зголемени безбедносни ризици во Црното Море, каде што во последните недели се пријавени повеќе напади со дронови врз бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.

За дел од претходните напади постојат сомнежи дека биле извршени со руски дронови, но засега нема потврда кој стои зад нападот врз „Хорив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

tajvan-voeni-avioni

Романија собори две беспилотни летала над Црното Море

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Романија крена тревога среде ноќ поради воздушна цел што се движела кон нејзината граница

Свет | пред 6 дена

media-library3lhtb02s7tt32eRgS2O

Танкер со нафта и хемикалии се запали кај Романија, властите истражуваат дали бил нападнат

Свет | пред 1 седмица

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

(Видео) Дрон од Украина влегол во романскиот воздушен простор и се урнал во шума

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања