Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОБРАЗОВАНИЕ

najcevska-janceva

Што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира, критикува Најчевска

По жестоките критики, професорката по право, Мирјана Најчевска, упати и навреда кон министерката за образование Весна Јаневска. Откако Јаневска посочи дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија освен учебници за странски јазици, Најчевска ја нарече „најголема глупача“.„Добро бре што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира за учење на традиционалните вредности? Дај бре сменете ја пред да не закопа во фекалии до грло“, напиша Најчевска.Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици. Сепак, како што вели таа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска денеска на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.

Коментари | пред 1 година

IMG_4866

Децата учат јазици од серии, поентата е да зборуваат, а не да учат граматика, вели министерката Јаневска најавувајќи дека ќе нема учебници за странски јазици во септември

„Поентата децата да разбираат, а не да учат граматика на страниот јазик за нив“. Вака министерката за образование Весна Јанчева го правдаше тоа што во септември нема да има учебници за децата кои изучуваат странски јазици. Според неа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска.При посетата на Булачани, Јаневска кажа дека другите учебници ќе бидат навремено доставени до учениците.

Македонија | пред 1 година

mirjana-najcevska

Најчевска пак удри по министерката Јанева: Најлоша министерка!

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново жестоко ги нападна политиките на министерката за образование, Весна Јанева. Според Најчевска, Јанева е на врвот од листата на најлоши министри.„Мислев дека Тодоров и Новковски и онаа економистката од правен (како ли се викаше) се најлошите министри за образование (албанските не ги ни рачунам тие беа министри на албанските партии). Колку сум грешела. Оваа министерка е врв. Абе. ќе ги прашала универзитетите. Затоа што ја почитува нивната автономија. Мислам да бидеш таков грев и уставно заштитената автономија на универзитетите да ја сведеш на прашање од страна на некој кој по воља на некоја партија дошол на чело на министерството за образование? Тоа е навистина нешто“, вели Најчевска.Освен во средните училишта, дуално образование да се применува и на универзитетите преку развивање дополнителни алатки за студентите да имаат што повеќе практика, кажа претходно Јанева. Како што изјави Јаневска по средбата, тоа мора да се направи во договор со универзитетите.

Македонија | пред 1 година

Skolo

Поради високите температури основните училишта да работат со скратени наставни часови, препорачуваат од МОН

,,Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува:- Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;- Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;- Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;- Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.”, велат од МОН.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

„Образовниот систем симулира петки и вештачки успех, а писменоста си ја покажува на дело импровизацијата“, вели Алексиќ

Главната причина за резултатите на приемниот тест кај одличните ученици во гимназијата „Орце Николов”, е тоа што образовниот систем стимулира петки како единица мерка за успех и упис на факултет, вели за „Фокус“ професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ.– Такви се образовните политики, уписните трески, врскаџискиот систем и примерите кои им ги даваме на децата – вредиш онолку колку имаш, а не колку што знаеш или умееш. Успехот се форсира со ,,сите петки” , а тоа е реално невозможно. Образовниот систем не стимулира туку симулира петки и вештачки успех, а писменоста со хиперпридукција на ,,школувани” кадри си ја покажува на дело импровизацијата, вели таа.Со години се зборува за стимулација на надарените и вистинските одлични ученици, но ништо во реалноста не се презема и многу често вистински одличните ученици на крајот на учебната година се најмногу разочарани од системот, за ова професорката Алексиќ вели дека е „најболната“ тема.-Како да им излезеш пред очи кога ќе ставиш незаслужени петки од илјада причини ама еден повод – успех за упис на факултет. Напишана петка е напишана, никој не знае што стои зад неа. Затоа се такви резултатите на приемниот во ,,Орце Николов”. Очекувано беше после тригодишна импровизација на настава. Јаките ученици, одговорно учат во било какви услови и постигнуваат максимални резултати. Најмалку што можеме е да им ја потенцираме генијалноста пред сите, особено пред родителите, да им се извиниме што ќе имаат и други ученици петки заради успех и да ги ослободиме од испрашување последните две -три недели, додека другите си ги поправаат оценките за успех, додава таа.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

IMG_4387

КСС ги повика родителите да ги поддржат образовните работници

КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и незадоволството од платите.Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КССКСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК.КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори.Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со сериозен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца.Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат за статусот кој го заслужуваат.Браќа и сестри, членови на СОНК,КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија.Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија.Со почит и солидарност,Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања