Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОБРАЗОВАНИЕ

zgradi-kampus-knigi

Што добиваме со трошењето народни пари: Факултети недоградени, книги во влага - милионски загуби во високото образование

Државниот завод за ревизија алармира за сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции во високото образование и проекти на Министерството за образование и наука. Најновиот извештај открива дека изградбата на новите објекти за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е сè уште неизвесна, иако започнала пред речиси десет години.Недовршени факултети со милионски вложувањаВо периодот од 2016 до 2019 година за овие два проекти се исплатени речиси 2,92 милиони евра. Но, ревизорите утврдиле дека напредокот е минимален и дека објектите остануваат недовршени. Според нивните процени, за комплетирање на изградбата ќе бидат потребни дополнителни 21,95 милиони евра и уште три години работа.Овие бројки отвораат прашања за ефикасноста на управувањето со капиталните инвестиции во образованието, особено бидејќи станува збор за факултети од големо значење за спортските науки и информатичката технологија.„500 книги“ – проект кој завршил во магацинСериозни недостатоци ревизорите утврдиле и во управувањето со проектот „Превод на 500 стручни и научни книги и учебници“ од реномирани универзитети во САД, Англија, Франција и Германија. За овој проект, спроведуван од 2012 до 2021 година, Министерството исплатило над 13,25 милиони евра.Наместо да бидат распределени до универзитетите и другите државни органи, книгите со години се чуваат во магацин во Гостивар, без целосна евиденција за прием и издавање, и без извршен редовен попис.Ревизорите констатирале и несоодветни услови за складирање – влага и температурни промени предизвикале оштетувања на дел од изданијата. Така, значителен дел од јавните средства вложени во проектот не ја исполниле првичната цел – обезбедување современа литература за унапредување на наставниот процес.Аларм за системски слабостиСо најновите наоди, Државниот завод за ревизија уште еднаш предупредува дека слабата контрола и недоволната транспарентност при управувањето со јавните ресурси водат кон финансиски ризици и губење на функционалната вредност на проектите.Ревизорите препорачуваат итни мерки за обезбедување на континуирано финансирање и правилна распределба на средствата, како и заштита на веќе вложените јавни пари.

Македонија | пред 5 месеци

venko

Филипче: Инвестициите во образованието се клучни, секое дете мора да има еднаква шанса

„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати.„Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – зголемување од над 50%, нешто што сега сериозно недостасува“, рече Филипче.Како пример го посочи училиштето „Киро Глигоров“ во Скопје, каде што денеска присуствуваше на настан заедно со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Герасимовски покажа дека знае да менаџира – неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи и бесплатни ранци, а од следната година ќе има и бесплатен оброк“, додаде тој.Филипче истакна дека и во програмата за претстојните локални избори СДСМ ќе даде приоритет на обезбедувањето квалитетна настава и поддршка за учениците и родителите. „Програмата се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, безбедни улици за децата и сè што може да се направи на локално ниво за поддршка на семејствата,“ нагласи тој.На сите ученици, родители и наставници, Филипче им посака успешна и мирна учебна година исполнета со нови знаења, радост и трпение

Скопје | пред 5 месеци

detska-klinika

Настава и за децата на Детската клиника – од септември почнува образовна поддршка за тешко болни ученици

Од септември, учениците кои се на долг болнички третман на Клиниката за детски болести во Скопје, вклучително и децата со малигни заболувања, ќе добијат можност да следат формално основно образование. Министерството за образование и наука веќе започна со обуки на наставници за работа со овие деца, а наставата ќе се организира и за оние кои се лекуваат дома.„Децата со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот, доколку има услови и доколку дозволи здравствената состојба на детето, или онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани. Дали во клиника, дали во домашни услови или во центар за рехабилитација, наставата ќе се одвива, а со тоа и социјализацијата на овие деца“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Истовремено, ќе се направи анализа дали и колку ученици повредени во пожарот во Кочани ќе имаат потреба од ваков вид настава во домашни услови.Со измените во законската и подзаконската регулатива, училиштата каде што се запишани болните деца се должни да ги вклучат во наставата – преку директно онлајн предавање, индивидуална или асинхрона настава, со користење на дигитални алатки. Целта е децата да немаат прекин во образованието и полесно да се вратат во училиштата по завршување на лекувањето.Во моментот на Клиниката за детски болести се лекуваат околу 20 деца, а нивното лекување трае до две години, од кои најмалку шест месеци во болнички услови.

Македонија | пред 6 месеци

sveditelstvo

Од следната учебна година нема да има хартиени сведителстава за основците и средношколците

Учениците од основното и средното образование од учебната 2025/2026 година ќе добиваат свидетелства исклучиво во електронска форма, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Иако можноста за дигитални документи постои и оваа година, Министерството реши новината целосно да се примени од есен.Промената нема да значи дополнителен трошок за родителите или училиштата, бидејќи системите на училиштата и високото образование се веќе поврзани, а податоците за успехот на учениците ќе бидат директно достапни за средните училишта и факултетите.„И сега е-дневникот овозможува печатење електронски свидетелства. За учениците од прво до деветто не е потребно секое свидетелство, освен она од деветто одделение за запишување во средно. Средните училишта потоа ги бараат и останатите свидетелства – кои ќе можат да ги повлечат електронски, без да се ангажираат учениците и родителите“, објасни Јаневска.И факултетите, според неа, ќе имаат пристап до електронските документи за потребите на уписот, без потреба од физички копии.За учениците кои ќе се запишуваат на странски факултети, ќе биде потребно да поседуваат хартиена копија од свидетелството од деветто одделение и дипломата од четврта година. За таа цел, училиштата ќе можат да обезбедат печатен примерок.„Ако е потребно, училиштата може да потрошат 500 денари за топ хартија и да издадат потврда за успешно завршена учебна година“, додаде Јаневска.Сепак, таа признава дека дигиталната неписменост, особено во руралните средини, претставува пречка за целосна транзиција кон електронско водење документи. Токму затоа, иако дигитализацијата ќе стане стандард, физички свидетелства ќе останат достапни за оние на кои им се неопходни.Министерката очекува дека веќе од следната година, 80 до 90 проценти од свидетелствата ќе бидат издавани исклучиво во електронска форма.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-4600PM

Втор уписен рок со над 16.000 слободни места за средношколци – најголем интерес за стручно образование

Полуматурантите кои не се запишаа во средно образование во првиот јунски рок ќе имаат втора можност да го сторат тоа на 30 јуни, кога започнува второто електронско пријавување за упис во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Министерството за образование и наука, на располагање има вкупно 16.034 слободни места во јавните средни училишта низ државата.Од вкупниот број, 10.758 места се застава на македонски јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски наставен јазик. Се нудат 3.727 места во гимназиско образование и 12.307 во стручно, што ја потврдува тенденцијата за зголемен интерес за стручното образование.Документацијата за упис ќе се доставува на 1 јули, а конечните ранг-листи со примени ученици ќе бидат објавени на 2 јули до 12 часот. Таму каде што ќе има повеќе пријавени ученици со исти поени од слободните места, ќе се организира квалификациско тестирање на 4 јули.Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелираше за реално оценување на учениците и истакна дека новите законски измени предвидуваат наставничките совети повеќе да немаат можност за менување на оценки. Таа посочи дека успехот „со сите петки“ станал практика која го поткопува квалитетот на образованието.Учениците кои нема да се запишат ниту во јунскиот рок ќе имаат последна шанса во август, кога електронското пријавување ќе се спроведе на 21 август, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени следниот ден, на 22 август.

Македонија | пред 7 месеци

8

Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.„Препознаваме дека вештачката интелигенција не треба да го замени човечкиот фактор во образованието, туку да го дополни и унапреди, создавајќи услови за персонализирано учење кое ќе одговори на индивидуалните потреби на секој ученик, студент и наставник. Оваа технологија треба да ни овозможи да создадеме образовна средина каде што секој поединец може да го развие својот потенцијал до максимум, независно од неговите почетни способности или социо-економски услови“, рече Јаневска.Министерката посочи дека воведувањето на вештачката интелигенција во основното образование е првиот и најкритичен чекор. Децата прво треба да стекнат основно разбирање што е вештачката интелигенција, како функционира, каде се среќава во секојдневието и дека треба да се фокусираат на нејзиниот етички пристап.„Учениците мора да научат да бидат критички кон информациите кои ги добиваат од ВИ системите. Треба да бидат свесни дека вештачката интелигенција може да прави грешки и да има пристрасности и затоа податоците и изворите мора да споредуваат. Во таа насока, улогата на наставникот е клучна и тој треба да ги води учениците низ процесот на критичко размислување и етичка употреба на оваа технологија“, нагласи Јаневска.Информираше дека работна група на Министерството за образование и наука со професори од факултети по информатика, работи на подоготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието. Министерството за образование и наука во изминатиот период интензивно работеше на дигитализација на образовната сфера.Јаневска информираше дека најголем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како запишување на ученици во основно и средно училиште, нострификација на дипломи стекнати во странство, доделување на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови и аплицирање на конкурси од областа на науката се дигитализаирани. Воспоставен е систем за учење на далечина, а етапно се воведуваат и дигитални интерактивни учебници. Училиштата се опремуваат со современа ИТ опрема за безбеден интернет и креативна настава, а наставниците посетуваат обуки за да одговорат на дигиталните предизвици.Меѓународниот самит за образовни технологии се организира по шести пат. Оваа година над 100 учесници - креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусираат на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција. На повеќе од 50 сесии на кои се дискутира за трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и се разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4387

Нема одмор за вработените во МОН: По шест години за првпат ќе има учебници за сите ученици

Ова лето вработените во Министерството за образование нема да користат годишни одмор. Ги чека работа за да заврши печатење на учебници, уписи во средно образование.МОН се става на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование, доколку има потреба да излезе министерството во пресрет и да реши некој проблем.Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, ветува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.„Секое училиште, според Закон, треба да формира комисија, која ќе ги провери учебниците, кои учениците од претходната година ги враќаат, а треба да продолжат за следната година, односно да бидат дадени на некој друг ученик”, рече Јаневска на прес-конференција.Минатата година биле пријавени 6.000 оштетени учебници, а досега се пријавени дури 18.000 оштетени учебници.За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска.Оваа година на 1 ви септември ќе има учебници и за странски јазици од 1 во до 9 то одделение.

Македонија | пред 8 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Учениците назад во клупи, грипот се шири

Денеска започнува второто полугодие. Учениците се враќаат во училишните клупи.Не се пролонгираше почетокот, иако амбулантите се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. Пикот се очекува во втората половина на февруари.Оваа година нема да има пролетен распуст, бидејќи мнозинството наставници, родители и ученици се изјасниле против неговото воведување.Истовремено, за повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 1 година

ucenici

Владата се откажа од Предлог законот средното образование

Владата го повлече од собраниска процедура новото законско решение за средното образование.Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска.Илире Даути и Арбана Пашоли од коалицијата на Европскиот фронт изразија задоволство од повлекувањето на Законот, посочувајќи дека не се согласувале со неколку ставови во овој закон, особено со член 54 со кој се предвидуваше интонирање на државната химна, за што одлучува основачот, на прослава на денот на средното училиште на почетокот и на крајот на наставната година и завршувањето на средното образование.Според Даути, тоа треба да ја рефлектира мултинационалната разноликост и потребна е дебата за ваков закон.

Македонија | пред 1 година

lazo-angelovski-11-oktomvri-dete

Прекршени му се правата на присилено да следни онлајн настава, тврди Најчевска

Изолирањето на детето кое беше карактеризирано како насилно, и негово испраќање да следи онлајн настава, според професорката по право Мирјана Најчевска, е спротивно на Конвенцијата за правата на детето. Според нејзе, ученикот нема вина, туку возрасните и бара казни за нив.„Да се разбереме, во моментов на детето присилено да следи настава онлајн му се прекршени многу права согласно Конвенцијата за правата на детето. И не, не може да се бара вина кај него ниту пак тоа да биде казнето. Има кој е виновен и тие некои се возрасни. Тие треба да бидат казнети“, вели Најчевска.Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник ќе се вратат на редовната настава. Ова следува по состанок на Центарот за социјални работи, кој беше присутен во училиштето со цел да го реши проблемот со третоодделенецот кој имал насилно поведение.Според последните информации, се донел заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Родителите на учениците изјавија дека нивните барања да детето не биде физички присутно во училиштето се прифатени, а со тоа се постигнал и целта на бојкотот.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-11.24.45

Детето карактеризирано како „насилник“ ќе следи настава онлајн, бојкотот во „Лазо Ангеловски“ заврши

Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник ќе се вратат на редовната настава. Ова следува по состанок на Центарот за социјални работи, кој беше присутен во училиштето со цел да го реши проблемот со третоодделенецот кој имал насилно поведение.Според последните информации, се донел заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Родителите на учениците изјавија дека нивните барања да детето не биде физички присутно во училиштето се прифатени, а со тоа се постигнал и целта на бојкотот.Родителите исто така испратија соопштение, во кое известуваат дека бојкотот е завршен и дека децата ќе се вратат во училиште од вторник, продолжувајќи со редовната настава.Претходно, имаше контроверзи кога детето требаше да биде префрлено во основното училиште „11 Октомври“ во Центар, но родителите на учениците од тоа училиште ја бојкотираа наставата. По повлекувањето на таа одлука, детето беше враќено во „Лазо Ангеловски“, но ситуацијата продолжи да предизвикува проблеми.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-18.32.17

(Видео) 11 деца повредени од тик-ток тренд во Скопје, двајца со скршеници

„Тик-ток“ предизвикот наречен „Супермен“ кој се атрактивен во Скопје и Македонија, донесе први деца кои се повредени. За четири дена, најмалку 11 деца, од кои најмладиот има 10 години завршија во стара-градска болница, сега Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.„Скопје1“ веќе објави и видео од скопското средно училиште „Здравко Цветковски-ГУЦ“, на кое се гледа како овој предизвик се прави во школски двор. Сите 11 деца кои биле повредени се пуштени на домашно лекување, а две деца се имобилизирани оти имале и скршеници. Највозрасниот од учениците имаат 16 години.Видеото кое беше испратено до редакцијата на „Скопје1“ е од дворот на средното училиште ГУЦ Здравко Цветковски во Скопје.

Скопје | пред 1 година

lazo-angelovski-11-oktomvri-dete

Дете со насилно поведение испразни две скопски училишта: психилог го брани, родители го напаѓаат, соучениците му свртија грб

Во две скопски училишта се бојкотира наставата поради ученик кој се однесувал насилно кон соученици. Бојкотот почна во центарското училиште „11 Октомври“, па продолжи и во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, од каде детето било испишано. За детето имаше сведочења дека соблекол девојче во тоалет, пред наставничката, што ги налути родителите, чии деца учат во „11 Октомври“. Некои од родителите тврдат дека детето тепало соученици и со тврди предмети, се обраќало со вербални зборови. Според дел од кадарот во ова училиште, детето е несреќно затоа што учениците од поранешното училиште го одбегнувале.Повеќе од 1.500 ученици денеска не се појавија на настава во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, по одлуката на Советот на родители за бојкот, додека не се реши проблемот со насилниот трето одделенец, но училиштето осамна со транспаренти за поддршка на ученикот.„Издржи мали, со тебе сме!“ пишува на едниот транспарент распнат на оградата на училиштето, а на другиот може да се прочита порака „Малиот тука ќе учи!!!“Во вирален пост на Фејсбук изнесена е реакција и видување на целата ситуација со детето поради кое ученици во две скопски училишта ја бојкотираа наставата. Психологот Мирјана Цветковиќ истакнува дека не познава „лошо“, ниту „проблематично“ дете.-Познавам полетно и невино дете. Тоа верувало во другите, но наишло на предавство од нив, бидејќи се откажале од него, не намерно, само се штителе. А тоа имало еден сон, единствена желба! Да му веруваат дека е добро дете! И навистина било, но го заборавило начинот како да покаже. Со тек на време тоа станувало многу тажно бидејќи се’ повеќе му го свртувале грбот, но затоа што се штителе. Тоа допринесувало сѐ повеќе да се лути, а таа лутина го повредувало и него и другите. Сѐ повеќе се оддалечувале од него, а тоа повеќе се лутело. Но, не било виновно. Зарем има виновно ДЕТЕ, прашува психологот и додава дека однесувањето не ја сочинува личноста на целото дете, објаснува психологот Мирјана Цветковиќ.Министерката за образование, Весна Јаневска, нагласи дека секое дете има право на образование и ако стручните лица препорачаат промена на средината, тоа треба да се реализира.За проблемот се очекува да се изнајде решение на состанок во Министерството за образование кој неофицијално е закажан за денеска. Родителите со став доколку се реши проблемот учениците би се вратиле на настава веднаш.

Скопје | пред 1 година

janevska

Јаневска: УЧК за оваа држава не значат ништо, а комитите треба да ги чествуваме

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека просветните инспектори се на терен да го испитааt случајот со организирање училишна приредба во Челопек со ученици вo воени униформи, со амблеми на УЧК и со пушки во рацете и вели дека добиле пријави.Инспектори се испратени и во Чаир, во две училишта во Тетово и едно во Струга.Таа беше децидна, политиката надвор од образованието.Министерката рече дека УЧК и амблемите на УЧК за оваа држава не значат ништо.„Во оваа држава, војната, конфликтот, кој како сака да го нарече, предизвика жртви на сите инволвирани страни. Сите мајки исто плачат, сите мајки исто жалат. Наместо да се потрудиме да го заборавиме тој конфликт и да ги образуваме децата на она што јас го кажувам, ние малите деца ги учиме на воинственост, на држење на оружје, на некакви позиции за стрелање, на нешто што не е поврзано со нашата историја”, изјави министерката.На новинарско прашање за реакцијата на ДУИ, дека и во скопската општина Аеродром била организирана приредба со комити, Јаневска посочи:„Комитите се дел од историјата на државата Македонија. Комитите ги учат во наставните програми. Комити биле и Македонци и Албанци и Турци и други етникуми. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи се бореле во Втората светска војна против заеднички непријател. Ние тие луѓе треба да ги чествуваме. Тие луѓе се бореле за слобода и за сопствена држава и за просперитет на сопствената држава”, рече Јаневска.„Ова е наша заедничка земја на сите граѓани кои живеат на оваа територија која се вика Македонија. Во оваа наша заедничка земја ние треба заеднички да ја градиме“, рече Јаневска.,,Сите треба заеднички да чуваме одговорност кон неа и љубов и да имаме идеи за нејзин просперитет за да го подобриме животот на граѓаните. Младите се иднината на секоја земја. Кога ги образуваме децата, ние треба да ги образуваме на базичните човекови вредности, на недискриминација, на соживот, на разбирање, на емпатија. Најмалку што треба да има во училиштата е политика. Децата деца треба да растат во духот, на патритоизмот, на традицијата, во почитувањето на вредностите“, рече министерката Весна Јаневска.

Македонија | пред 1 година

2p0xs-14

Во Челопек деца парадирале со пушки и амблеми на УЧК: се праќаат инспекции, ќе има одговорност

„Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете. Патем, родителите и ракоплескаа на сето тоа“, напиша министерката за образование, Весна Јаневска и додава:„Ваквиот чин не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив. Не очекував дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза. Спротивно на сите основни начела на педагогијата. Наместо да се бориме за единство, за градење мирна и хармонична училишна средина, која патем треба да биде и основа за градење на мирно и хармонично општество и силна заедничка држава, во 21от век гледаме дека нечии размислувања и идеали се заглавени во некој минат век.Ова е училиште кое, од претходни министри дури и било наградувано со грантови за организирање на активности за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Да, шокантно е, но е вистина! Најавувам дека ќе поведеме соодветна постапка против училиштето. Добивам и информации дека слични активности имало и во други две училишта. И таму ќе постапат инспектори, ја уверувам македонската јавност. Апелирам до сите останати училишта да се оградуваат од вакви активности, да промовираат вистински човечки вредности и да се заложат да градат генерации опремени со знаење, а не со оружје. Генерации кои ќе ја сакаат земјата во која се родиле и растат и ќе ги почитуваат другите независно на етничката, верската или каква било друга разлика. Тоа е вистинската цел поради која се отвораат и постојат училиштата! И конечно, ајде заедно да ги славиме личностите и победите низ историјата, имаме кого и имаме што заедничко, а овие училишни приредби се идеално место за тоа. Многу Албанци дале придонес во создавањето на оваа заедничка држава, учествувале во народноослободителната борба, учествувале во понатамошниот развој, во науката, спортот, културата...Споменот за нив треба да нé обединува“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања