Промени тема
Контакт

Детето карактеризирано како „насилник“ ќе следи настава онлајн, бојкотот во „Лазо Ангеловски“ заврши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-12-05-at-11.24.45

Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник ќе се вратат на редовната настава. Ова следува по состанок на Центарот за социјални работи, кој беше присутен во училиштето со цел да го реши проблемот со третоодделенецот кој имал насилно поведение.

— реклама —

Според последните информации, се донел заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Родителите на учениците изјавија дека нивните барања да детето не биде физички присутно во училиштето се прифатени, а со тоа се постигнал и целта на бојкотот.

— реклама —

Родителите исто така испратија соопштение, во кое известуваат дека бојкотот е завршен и дека децата ќе се вратат во училиште од вторник, продолжувајќи со редовната настава.

Претходно, имаше контроверзи кога детето требаше да биде префрлено во основното училиште „11 Октомври“ во Центар, но родителите на учениците од тоа училиште ја бојкотираа наставата. По повлекувањето на таа одлука, детето беше враќено во „Лазо Ангеловски“, но ситуацијата продолжи да предизвикува проблеми.

— реклама —

— реклама —
lazo-angelovski-11-oktomvri-dete

Дете со насилно поведение испразни две скопски училишта: психилог го брани, родители го напаѓаат, соучениците му свртија грб

Во две скопски училишта се бојкотира наставата поради ученик кој се однесувал насилно кон соученици. Бојкотот почна во центарското училиште „11 Октомври“, па продолжи и во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, од каде детето било испишано. За детето имаше сведочења дека соблекол девојче во тоалет, пред наставничката, што ги налути родителите, чии деца учат во „11 Октомври“. Некои од родителите тврдат дека детето тепало соученици и со тврди предмети, се обраќало со вербални зборови. Според де

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

skolo

Околу 10.800 средношколци од септември учат по нови стручни програми

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryl9unevo1tj5s4SAL6Kq

Мајка на две деца со аутизам: „Седам со нив на училиште бидејќи немаат образовни асистенти - не барам привилегија, туку да се рамноправни!“

Коментари | пред 3 седмици

media-library6urum74kfps0eJ5qOvU

Охридскиот студентски дом под клуч, проверки во пет универзитети, 18 институти се затворени поради незаконско работење, рече Јанева

Македонија | пред 2 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Платите во образованието од денес се зголемуваат за 7,5%

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања