Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Што добиваме со трошењето народни пари: Факултети недоградени, книги во влага - милионски загуби во високото образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
zgradi-kampus-knigi

Државниот завод за ревизија алармира за сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции во високото образование и проекти на Министерството за образование и наука. Најновиот извештај открива дека изградбата на новите објекти за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е сè уште неизвесна, иако започнала пред речиси десет години.

Недовршени факултети со милионски вложувања

Во периодот од 2016 до 2019 година за овие два проекти се исплатени речиси 2,92 милиони евра. Но, ревизорите утврдиле дека напредокот е минимален и дека објектите остануваат недовршени. Според нивните процени, за комплетирање на изградбата ќе бидат потребни дополнителни 21,95 милиони евра и уште три години работа.

Овие бројки отвораат прашања за ефикасноста на управувањето со капиталните инвестиции во образованието, особено бидејќи станува збор за факултети од големо значење за спортските науки и информатичката технологија.

— реклама —

„500 книги“ – проект кој завршил во магацин

Сериозни недостатоци ревизорите утврдиле и во управувањето со проектот „Превод на 500 стручни и научни книги и учебници“ од реномирани универзитети во САД, Англија, Франција и Германија. За овој проект, спроведуван од 2012 до 2021 година, Министерството исплатило над 13,25 милиони евра.

— реклама —

Наместо да бидат распределени до универзитетите и другите државни органи, книгите со години се чуваат во магацин во Гостивар, без целосна евиденција за прием и издавање, и без извршен редовен попис.

Ревизорите констатирале и несоодветни услови за складирање – влага и температурни промени предизвикале оштетувања на дел од изданијата. Така, значителен дел од јавните средства вложени во проектот не ја исполниле првичната цел – обезбедување современа литература за унапредување на наставниот процес.

— реклама —

Аларм за системски слабости

Со најновите наоди, Државниот завод за ревизија уште еднаш предупредува дека слабата контрола и недоволната транспарентност при управувањето со јавните ресурси водат кон финансиски ризици и губење на функционалната вредност на проектите.

Ревизорите препорачуваат итни мерки за обезбедување на континуирано финансирање и правилна распределба на средствата, како и заштита на веќе вложените јавни пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања