„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јаневска: УЧК за оваа држава не значат ништо, а комитите треба да ги чествуваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
janevska

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека просветните инспектори се на терен да го испитааt случајот со организирање училишна приредба во Челопек со ученици вo воени униформи, со амблеми на УЧК и со пушки во рацете и вели дека добиле пријави.

— реклама —

Инспектори се испратени и во Чаир, во две училишта во Тетово и едно во Струга.

Таа беше децидна, политиката надвор од образованието.

— реклама —

Министерката рече дека УЧК и амблемите на УЧК за оваа држава не значат ништо.

„Во оваа држава, војната, конфликтот, кој како сака да го нарече, предизвика жртви на сите инволвирани страни. Сите мајки исто плачат, сите мајки исто жалат. Наместо да се потрудиме да го заборавиме тој конфликт и да ги образуваме децата на она што јас го кажувам, ние малите деца ги учиме на воинственост, на држење на оружје, на некакви позиции за стрелање, на нешто што не е поврзано со нашата историја”, изјави министерката.

На новинарско прашање за реакцијата на ДУИ, дека и во скопската општина Аеродром била организирана приредба со комити, Јаневска посочи:

„Комитите се дел од историјата на државата Македонија. Комитите ги учат во наставните програми. Комити биле и Македонци и Албанци и Турци и други етникуми. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи се бореле во Втората светска војна против заеднички непријател. Ние тие луѓе треба да ги чествуваме. Тие луѓе се бореле за слобода и за сопствена држава и за просперитет на сопствената држава”, рече Јаневска.

„Ова е наша заедничка земја на сите граѓани кои живеат на оваа територија која се вика Македонија. Во оваа наша заедничка земја ние треба заеднички да ја градиме“, рече Јаневска.

,,Сите треба заеднички да чуваме одговорност кон неа и љубов и да имаме идеи за нејзин просперитет за да го подобриме животот на граѓаните. Младите се иднината на секоја земја. Кога ги образуваме децата, ние треба да ги образуваме на базичните човекови вредности, на недискриминација, на соживот, на разбирање, на емпатија. Најмалку што треба да има во училиштата е политика. Децата деца треба да растат во духот, на патритоизмот, на традицијата, во почитувањето на вредностите“, рече министерката Весна Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања