Промени тема
Контакт

OHRID

opstina-ohrid

Се поништува јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризам за 2020

Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2020 година кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 22.01.2020 година се поништува.

Македонија | пред 6 години

opstina-ohrid

Се поништува јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид

Јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 27.01.2020 година се поништува.

Македонија | пред 6 години

forumska

Одржана петтата форумска сесија од форумот на заедниците во Општина Охрид

Во просториите на општина Охрид, денес, се одржа петтата форумска сесија од форумот на заедниците во општина Охрид. Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, изрази благодарност до сите инволвирани страни во реализацијата на проектите.-Форумот како една од најефикасните алатки на париципативната демократија и еден од најдобрите методи за вклучување на граѓаните во процесот на носење на одлуки на локално ниво е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските

Македонија | пред 6 години

Prva_Makedonska_Udarna

Ќе се поставува втор асфалтен слој на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 5 часот на 13.08.2020 година (четврток) до 14.08.2020 година (петок), до комплетно завршување на предвидените активности.Се упатува апел до граѓаните навремено да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот. 

Македонија | пред 6 години

dezinsekcija

Известување до Охридските пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината ЈЗУ Центар за јавно здравјe ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 13.08.2020 год.(четврток)  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со д

Македонија | пред 6 години

gradezni-raboti

Известување за жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“ во Охрид

Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“,  дека гредежните активности за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“ продолжуваат во понеделник (10.08.2020) од 09 до 16 часот со поставување на втор слој асфалт.Затоа потребно е  жителите од овој дел на градот да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности, а дополнително кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообр

Македонија | пред 6 години

Vecer_Zivko_Cingo_

Јована Матевска Атанасова е авторот на наградениот расказ на конкурсот во чест на „Живко Чинго“

Јована Матевска Атанасова е авторот на расказот „Гладоморје“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар на Конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“.Јована Митевска АтанасоваМатевска Атанасова по професија е Дипломиран психолог. Автор е на романите „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“ кој е награден на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО. Учествувала на регионални и меѓународни конкурси и добила повеќе на

Македонија | пред 6 години

Konsko

(ФОТО) Градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“

Во текот на изминатите неколку дена се изведуваат градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Со изградба на потпорните ѕидови се решава долгогодишен проблем на жителите во двете населени места и се надминува опасноста од појавување на свлечишта.Овие градежни активности се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште во делот за Изградба на потпорни ѕидови и за оваа

Македонија | пред 6 години

Vecer_Zivko_Cingo_

Расказот „Гладоморје“ добитник на наградата Живко Чинго

Расказот „Гладоморје“ под шифра „Квечеруваме“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2020 година што Општина Охрид ја доделува по повод одбележувањето на Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ за Живко Чинго до жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Григор Стојкоски – член, пристигнаа 78 раскази од кои 7 не ја исполнуваа анонимноста на конкурсот.Жири к

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Градоначалникот Георгиески, денес оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски, кој е член на атлетичарскиот клуб Охрид.На средбата беше разговарано за постигнатите резултати, како и тековните подготовки на Јован за претстојните натпреварувања. Градоначалникот изрази благодарност за промоцијата на Охрид, што Јован ја прави со своите резултати на меѓународните натпреварувања и даде ветување дека Локалната самоуправа ќе даде финансиска и логистичка поддршка, кои се од

Македонија | пред 6 години

Plaza

Изречени казни на 10 правни субјекти на Охридското крајбрежје во Градиште и Свети Стефан

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од

Македонија | пред 6 години

Ohrid-1-1

Георгиески: Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите - вонредни активности за чистење на Охрид

Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите кои престојуваат во Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат секојдневни вонредни активности за чистење на повеќе јавни локации во градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Освен отстранување на несоодветно депонираниот отпад, секое утро се врши и чистење на градскиот парк, градскиот кеј, чаршијата, плоштадот, пристаништето, стариот дел на г

Македонија | пред 6 години

Kosta

Георгиески: Одбележувајќи ги двата Илиндена1903 и 1944, ние славиме за поставување на темелите на македонската државност

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески  на  сите  oхриѓани  и останати граѓани на  Република Северна Македонија им го честита   2-ри август, Денот на Републиката.– Одбележувајќи  ги двата Илиндена  1903 и   1944, ние   славиме за поставување на темелите на македонската државност. Денес се потсетуваме на херојските дела на сите илинденци и борци  кои  со  своите животи ја   испишаа  македонската историја ,а нивните идеали за слобода и независност станаа наша реалност .Многу години по Ил

Македонија | пред 6 години

3

(ФОТО) Охрид го чествува Денот на Републиката

Со оддавање на почит на хериоите од двата Илиндена, Општина Охрид го одбележа 2. Август-Денот на Републиката. Овогодинешните илинденски чествувања се во знакот на 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 годишнината од Илинденското востание.Во текот на вчерашниот ден, делегација на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ристо Николески присуствуваше на пригодниот собир во село Велгошти и положи свежо цвеќе на спомен обележјето на илинденците.Денеска, општинска делегација пр

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

7 Дена за Охрид - еве што работеа Јавните претпријатија

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески го објави седмичниот преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа.📌 Поставен прв слој асфалт на улица „Охридска Бригада“;📌 Поставен прв слој асфалт на крак од улица „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“;📌 Реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“;📌 Тековни активности за поставување на асфалт на улица „Прва Македонска ударна бригада“;📌 Тековни активности за уредување на тротоарите на улица „15 Ко

Македонија | пред 6 години

BAJRAM_11092019

Градоначалникот Георгиески упати честитка по повод Курбан Бајрам

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед. – Со искрени желби за добро здравје и благосостојба, на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам. Овој голем празник ги потврдува солидарноста и милосрдието како најголеми човекови вредности и не учи дека меѓусебната почит и добрите дела се основен предуслов за мир и толеранција.Посакувам љубовта и вербата во Бог

Македонија | пред 6 години

igraliste

Ќе се реконструира детското игралиште во населба „Христо Узунов“ во Охрид

Во текот на наредните неколку дена ќе се врши реконструција на детското игралиште во населбата „Христо Узунов“.За таа цел се информираат жителите на населбата дека поради безбедност на децата, игралиштето ќе биде привремено затворено и нема да може да се користи.Детското игралиште ќе биде повторно достапно за користење откако ќе бидат завршени работните активности за реконструкција. 

Македонија | пред 6 години

Mal_Ohridski_Maraton-1

Одложено одржувањето на илинденскиот мал пливачки маратон

Поради зголемениот број на туристи во Охрид и специфичните состојби за почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид-19“, 41. издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2-ри август, како што беше претходно најавено.Овогодинешното маратонско издание ќе се одржи во некој од наредните викенди во месец август, а точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен.Организатор на овој традиционален спортски настан е пливачкиот клуб „Ох

Македонија | пред 6 години

45_Sednica_07302020001

45 та седница на советот на Општина Охрид, еве што беше изгласано денеска

На денешната, четириесет и петта седница, на Советот на општина Охрид, дневниот ред беше надополнет со уште две точки, и тоа Предлог одлука за субвенционирање за купување велосипед на ниво на градот Охрид и Предлог заклучок за трајно решавање на сообраќајот на улица Абас Емин со пресекот на улица Гоце Делчев. Двете точки беа усвоени од страна на советниците.На седницата беа усвоени Предлог – програмите за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година. за измена на  програмата за акти

Македонија | пред 6 години

faler

(ФОТО) Општина Охрид започна кампања за подигање на јавната свест за заштита од „КОВИД 19“

Под слоганот „Летувај безбедно во време на пандемија“, Општина Охрид денес започна кампања за подигање на јавната свест кај посетителите, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.Подготвени се промотивни флаери кои во текот на наредните денови ќе се делат на повеќе јавни локации, како што се охридската чаршија, градскиот кеј, градскиот плоштад и други фреквентни локации во градот. Во рамки на кампањата ќе бидат опфатени и угостителските објекти, сместу

Македонија | пред 6 години

Kosta

(ВИДЕО) Охрид полн со гости, инспекциите од централно и локално ниво ќе контролираат и казнуваат доколку не се почитуваат мерките за КОВИД 19

Градоначалникот Константин Георгиески денеска даде изјава за медиумите во врска актуелните состојби, поврзани со овогодинешната туристичка сезона во Охрид и заклучоците и препораките од последниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид.– Охрид како најголем туристички центар во нашата држава, ние како охриѓани, сите туристички чинители, ова лето се соочуваме со еден од најголемите и најспецифични предизвици, а тоа е заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ за време на туристичка сез

Македонија | пред 6 години

bolnica-ohrid

И во Охрид ќе биде поставена монтажна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема, се зголемуваат капацитетите за пациенти со КОВИД 19

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваa и претставници на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат, Подрачната единица на Управата за јавни приходи и Подрачната единица на Државниот инспекторат за труд.На состанокот беа донесени следните заклучоци:-Поради зголемениот број на посетители во Охрид и во пресрет на продолжениот празничен викенд, инспекторите на државните инспекторати, заедно со екипи на Инспекторатот при Општина

Македонија | пред 6 години

prskanje-komarci

Општина Охрид ќе врши теретистична дезинсекција против ларви од комарци

Утре (30.07.2020), општина Охрид ќе врши теретистична дезинсекција против ларви од комарци. Во првиот дел од лаврицидниот третман ќе биде опфатена 500 хектари површина.

Македонија | пред 6 години

KRAK_DAME-GRUEV-

(ФОТО) Реконструкција на крак од улица „Даме Груев“ во Охрид

Деновиве се изведуваат градежни активности од завршната фаза за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.Во текот на денешниот ден беше поставен првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно се изврши поплочување на тротоарите од двете страни на улицата со бехатон плочки и се изврши поставување на нови рабници.Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат

Македонија | пред 6 години

gimnazija

(ФОТО) Се реконструираат внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“

Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“.Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари.Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината, напиша на

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања