Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОЈО

ojo-1

Пријавата против Ивановска е од февруари, на распит ја поканиле во јули, таа поканата ја добила денеска

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите.„Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата,“ соопштија од ОЈО.Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – на социјалните мрежи објави дека повикот за распит го добила само 11 часа по објавата на својата кандидатура.„Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам поканата од ОЈО Скопје. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Немам што да кријам и не се плашам од никакви притисоци. Нашата битка е отпор против антивредностите на корупцијата и клиентелизмот,“ напиша Ивановска, најавувајќи дека ќе ја информира јавноста за развојот на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

droga-apsenje-2

Искинал судска наредба за претрес – осомничен за трговија со кокаин во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага против едно лице под сомнение дека извршило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за оштетување на службен спис.При претрес извршен на 1 август во неговиот дом во Гевгелија, полицијата пронашла 26,42 грама кокаин, за кој постои сомневање дека бил наменет за продажба. Дрогата била откриена во јакна закачена во ходникот од семејната куќа, заедно со други предмети со траги од кокаин.Според Обвинителството, за време на претресот, осомничениот ја зел судската наредба – издадена од судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија и примена во МВР со службен печат – и ја искинал пред службените лица. Со тоа, како што се наведува, го оштетил списот кој припаѓа на државен орган.Јавниот обвинител, врз основа на сите околности, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

policija-1313

ОЈО Струга отвори истрага за обид за убиство и насилство – предложен притвор за двајца осомничени

Две лица се опфатени со истражна постапка што ја отвори Основното јавно обвинителство Струга по насилен инцидент што се случил на 2 август во Струга. Едниот од осомничените се товари за обид за убиство и насилство, а вториот за помагање при извршувањето на делото.-На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото, информираат од обвинителството.Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Нова истрага на ОЈО за организиран криминал: Преку Скај-комуникации откриена група за шверц на кокаин од Холандија

Врз основа на податоци добиени преку апликацијата „Скај“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори нова истрага против пет лица осомничени за меѓународен шверц на наркотични дроги. Како што информираат од Обвинителството, утрово биле извршени претреси на три различни локации, при што едно лице е приведено.Осомничените, заедно со други сега починати лица, се сомничат дека во два наврати организирале нелегална набавка, транспорт и продажба на вкупно шест килограми кокаин од Кралството Холандија кон територијата на Република Македонија. Дрогата била наменета за понатамошна улична дистрибуција во државава.„Секоја личност имала конкретна улога – од набавка и транспорт, до складирање на дрогата на скриена локација и организирање на нејзината понатамошна продажба. Делувале како организирана група“, наведуваат од Обвинителството.Станува збор за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по Кривичниот законик.За лицето кое е приведено утрово, обвинителството најави дека во текот на денешниот ден ќе биде изведено пред судија на претходна постапка, со предлог да му биде определен притвор. Истата мерка ќе биде предложена и за уште две лица кои се недостапни на органите на прогонот.Интересен момент е што останатите двајца осомничени се веќе опфатени со наредба за истрага во предметот „Грчец“, и за нив веќе се определени мерки притвор кои ќе се применат по нивното пронаоѓање.Како и во неколку претходни случаи, истрагата се темели врз комуникации од криптираната апликација „Скај“, која стана централен извор на докази во борбата против организираниот криминал. Со неа досега беа откриени повеќе мрежи за трговија со дрога, оружје и незаконски финансиски трансакции.Со оглед на обемот и карактерот на делото, Обвинителството најавува продолжување на истражните дејствија и интензивна потрага по останатите членови на групата. Во фокусот се меѓународните релации за шверц на дрога, вклучително и поврзаноста со други досега активни истраги како „Грчец“.Истрагата е во рана фаза, но првичните наводи укажуваат на добро организирана мрежа со меѓународна логистика и претходно координирани активности.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Уапсени 14 лица: делувале како мафија, куп проституција и дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Претреси се извршени на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.Групата одреден временски период се занимава со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело.Организираната група ја создал 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата и во угостителски објекти во с.Жеровјане, с.Горно Седларце и во Охрид наведувал на проституција девојки-странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови.Фактичкото работење на два од клубовите го организирал и раководел неговиот брат (второосомничениот), додека третиот осомничен раководел и ја организирал работата на стриптиз-клубот во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките во угостителските објекти и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во нашата земја, како и за олеснување на процедурите за добивање на документи за легален престој за странските државјанки, а давал и насоки за криминалните активности на другите припадници на групата во однос на сместување и превоз на девојките. Петмина припадници на злосторничкото здружување биле задолжени за обезбедување и неовластена продажба на дрога, најчесто кокаин, на девојките и гостите во угостителските објекти. Едниот од нив ги помагал и олеснувал активностите за пренос на дрогата и посебно бил ангажиран за предупредување при полициските контроли и бил задолжен да го следи движењето на полицијата на патот кон клубовите за што ги информирал членовите на групата.Двајца осомничени припадници на групата учествувале во наведувањето на проституција на девојките. Тие биле задолжени за обезбедување на девојки кои ќе работат во стиптиз клубовите, ги пронаѓале преку нивни контакти во странски држави, веб страници и на интернет, го организирале нивниот влез во земјава, организирале изработка на лажна документација за фиктивен престој на девојките по хотели во нашата земја со што ги заобиколувале процедурите за добивање легален престој од управните органи. За превоз на девојките од аеродром и автобуските станици до стриптиз клубовите каде престојувале и биле сместени, како и превозот при нивното движење пред и по работата во ноќните клубови бил задолжен дванаесеттиот осомничен.Дел од криминалната група биле и две службени лица – затворски службеник од Затворот во Тетово и полицаец – виш инспектор од Тетово кои користејќи ја својата својата позиција и контактите, ја предупредувале групата за полициски акции, а вршеле влијание и за олеснување на прекршочните постапки кон групата и кон странските државјанки.Со повеќемесечни координирани дејствија на истражителите од Истражниот центар на ОЈОГОКК и припадниците на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР активностите и задолженијата на секој член во ова злосторничко здружување се детално документирани и утврдени.Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага против сите инволвирани за кривичните дела Злосторничко здружување од чл.394 и Посредување во вршење проституција од чл.191 од Кривичниот законик. Тројца се осомничени и за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, додека против петмина од осомничените е поведена истрага и за – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори чл.215 од Кривичниот законик.Во текот на денешниот ден осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите цени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, па на судијата на претходна постапка за сите осомничени ќе предложи да им биде определена мерка притвор.

пред 1 година

komisija

Ќе се проверува дали обвинителите подпаднале под влијание на Мерко и дали се ажурни

Одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, меѓудругото, и поради влијание врз судски постапки, допре и до Обвинителството. Оттаму посочуваат дека по секој предмет кој се води против Мерко, ќе ја испитуваат законитоста и ажурноста, но и дали потпаднале под влијание.„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

ojo

Обвинителство се огласи во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка

Јавното обвинителство во врска со наводите и извештајот презентирани на вчерашната прес конференција од неколку лица, меѓу кои и едно осомничено лице во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка, нагласува дека согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка.„Дел од наводите од оваа „приватна или независна истрага“ беа истражувани во предмети по кои постапуваше Јавното обвинителство и за кои, во согласност со доказите, донесе мериторна јавнообвинителска одлука.По поднесени неколку кривични пријави во врска со работењето на фирмата КУБУС, неколку јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваа заради утврдување на правно релевантните факти.Врз основа на обезбедената обемна писмена документација и прибраите вербални докази, испитувања на оштетени и сведоци, а особено врз основа на економско-финансиското вештачење, проверките во Народната банка на РСМ и во Управата за финансиско разузнавање, јавните обвинители утврдија дека во постапувањето на пријавените не се содржани елементите на пријавените кривични дела, а нема елементи ниту на други кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност.Обезбедените докази и вештиот наод упатуваат дека пријавените физички лица не ја искористиле својата службена положба и овластување, ниту ги пречекориле границите на своето службено овластување, а со крајна цел предизвикување штета на правните лице Кубус и Кубус Инженеринг. Не беше исполнето ниту битието на кривичното дело – Измама, бидејќи доказите не го поткрепуваа тврдењето дека пријавените го навеле и го држеле во заблуда претставникот на оштетените правни лица, да зема кредити на штета на имотот на овие правни лица. Согласно законските обврски определени во Законот за трговски друштва, управителот е должен да презема работи во интерес на правното лице, како и работи кои се целисходни за остварување на интересот на друштвото, а не во континуитет да го задолжува, не преземајќи соодветни дејствија за кои се предвидени механизми во сферата на граѓанската постапка за наплата на своите побарувања. Ваквиот начин на работа се применувал во период од неколку години, а за сметка на оштетените правни лица. Како договорен однос, позајмиците се договорна волја на две или повеќе страни и како правен инструмент е предвиден во Законот за облигациони односи, поточно на оној што го дава заемот и оној што го прима и истите произведуваат како права за страните, така и обврски.Со оглед на интересот на јавноста и обемноста на преземените предистражни дејствија, Јавното обвинителство веднаш по донесување на одлуката во овој предмет уште во април 2021 година транспарентно и детално ги образложи сите утврдени факти:ОТФРЛЕНИ КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ ЗА КУБУСДоколку било кое лице има дополнителни докази или сознанија за сторено кривично дело, може да ги пријави до Јавното обвинителство, кое ќе постапи согласно своите надлежности и ќе ги направи неопходните проверки, земајќи го предвид и тој материјал.Во врска со стечајот на Еуростандард банка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја испитува одговорноста за стечајот, при што по проверките кои беа направени и кои упатуваа дека банката не постапувала по бројните мерки изречени од страна на Народната банка и доставувала неточни извештаи до Народната банка, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири одговорни лица од Еуростандард банка за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст. 6 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка АД Скопје ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот. Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од Гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност.Истрагата во овој предмет е во тек, а по нејзиното завршување обвинителството ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука.“, се вели во соопштението од ОЈО.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-29-at-19.36.42

Брифинзите од Обвинителството на Русковска се демантирани: Работата на „Беса транс“ ги проверува скопското обвинителство

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро ги демантира наводите во текстот  „Претресот во Финансиската полиција бил по пријава во врска со „Беса транс““, објавен денеска на порталот САКАМ ДА КАЖАМ (sdk.mk).„Во барањето и обезбедената наредба за претрес во Управата за финансиска полиција е наведен предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заради кој се спроведува претресот. Тој предмет нема никаква поврзаност со трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија. Предметот за автобуската несреќа во целост го водеа истражните органи на Република Бугарија, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваше по меѓународна правна помош упатена од Обвинителството на Република Бугарија. Работата на компанијата „Беса транс“ се проверува во посебен предмет по кој постапува надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.Дека станува збор за непроверени информации се утврдува и од противречноста во самиот текст во кој се наведува дека во предметот за „Беса транс“ постапува ОЈО Скопје, а тој се доведува во врска со наредбата за претрес на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Покрај тоа треба да се укаже дека Управата за финансиска полиција нема никаква надлежност за сообраќајниот режим, за дозволите и за техничката исправност на превозните средства.Јавното обвинителство го осудува обидот преку непроверени шпекулации да се злоупотреби огромната трагедија во која 45 лица го загубија животот и ги повикува медиумите на одговорно известување кое пред се ќе води сметка за чувствата на семејствата на жртвите и на повредените во тешката автобуска несреќа.Обвинителството останува транспарентно и отворено за постапките што ги води. Новинарите, особено за вака чувствителни прашања, можат сите информации да ги добијат официјално во секое време од надлежните обвинители и од Службата за односи со јавноста на обвинителството“, стои во демантот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-16-at-09.45.35

„Кај видовте пиштол? Човекот носеше цвеќе за полицајците“, катаклизма од коментари откако пиштолот не бил пиштол

Јавноста е речиси згрозена откако Обвинителството излезе со информации дека едно од лицата со пиштол на плоштадот кај Скендербег, не користел огнено оружје. Ова наиде на револт и саркастични коментари, но и мислења критички за обвинителот.https://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1548029452050845697?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1548029005571375111?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1548027422099906561?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3A https://twitter.com/RedDevil_xoxo/status/1547996177928376323?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/Druggy_xy/status/1548005514461605888?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/rmcfmk/status/1547964578432028673?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/TempliSignum/status/1547991941643546630?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/posleDIKnaPIK/status/1547979317191200770?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1547973460776738821?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/TheFitzzz/status/1547974123451625476?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1547968427339395075?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/voyoob2/status/1547957327088668673?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1547954130974519296?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3Ahttps://twitter.com/chgvr/status/1547946744339501059?s=20&t=DAJVVsFNxRoEOBHKsA-p3A 

Коментари | пред 3 години

280501378_754890722551062_5580282155168004513_n

(ВИДЕО) Бубевски најави второ полувреме и раскажа за односот со Вилма Русковска

„Никој не испаднал попаметен од државата. Со криминал никој не излегол попаметен“. Вака за „А1он“ Гаврил Бубевски прв човек на ОЈО-Скопјем ја опишува најавената конфискација на имотот на „Трансмет“ во вредност од 17 милиони евра, со која требаше да се обесштети државата поради наместен тендер во РЕК „Битола“ во 2011 година, што се претвори во пародија на механизмот конфискација.Бубевски е дециден дека не сторил кривично дело.„Нормално дека ми е криво што се случува ова. Како да не ми биде криво кога сметав дека со ова ќе се направи некој позитивен преседан за натамошните постапки. Сметам дека и овој дел, има правна и фактичка можност да биде целосно исправен, имаме правосилна пресуда за конфискација“, објасни Бубевски.Прашан дали шефица на некое обвинителство ја пишувала кривичната пријава против него, тој посочи: „Не верувам“.За расчистувањето на убиствата во Скопје, Бубевски рече дека МВР си ја работи работата, а дека ќе има второ полувреме, иако сега не се откриени сторителите.?t=2104 

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Кој го запали автомобилот на обвинителот Бубевски: Ако ти се намерачи некој во животот, нема спас

Гаврил Бубевски, раководител на Обвинителството во Скопје, за „А1он“ кажа дали се плаши да не му се намерачи некој и како беше запалено неговото возило. Двајца сторители намерно го запалиле автомобилот.„Ако ти се намерачи некој во животот, нема спас“, рече Бубевски говорејќи за безбедноста во Скопје и откривањето на убијци.Кој убиваше во скопски Чаир, кои се причините и дали убијците се подобри од МВР, откриваше Бубевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-11-at-16.10.23

Обвинителите Бубевски и Ајрo за кривичната против нив: Ги презедовме сите мерки, постапивме законски во „Труст“

Изјава на јавните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски:„Сите наводи во кривичната пријава поднесена од Државното правобранителство, а која се однесува на постапката за конфискација на имотот во предметот „Труст“ целосно ги отфрламе како невистинити.Во предметот „Труст“, во кој постапувавме како надлежни јавни обвинители, ги презедовме сите мерки и активности во наша надлежност. Задача на обвинителството е да ја лоцира имотната корист, да побара од судот нејзино замрзнување и на крајот на судската постапка да предложи нејзина конфискација. Согласно член 202 став 11 и член 541 став 5 од Законот за кривична постапка, сите дејствија врз имотот и предметите што се предмет на обезбедување, а кои се преземени по поднесувањето на барањето за привремена мерка, како што е во овој случај, се ништовни. Постапката за заштита на имотните интереси на државата надвор од кривичниот прогон е во надлежност на Државното правобранителство.Укажуваме дека во стечајната постапка поведена меѓу првостепената и второстепената пресуда во предметот, согласно член 89 од Законот за стечај, „секој доверител може да оспори побарување на друг доверител доколку поднесе посебен приговор“, согласно условите наведени во законот. Во конкретната стечајната постапка доверител е државата, а нејзин застапник за имотните интереси е Државното правобранителство. Јавното обвинителство по ниту еден основ не се појавува како доверител во стечајната постапка, ниту е известено за нејзиниот исход. Тоа впрочем е истакнато и во решението на стечајниот судија, кој во текот на постапката му предочил на државниот правобранител дека дел од имотот кој е предмет на стечајно побарување е предмет на конфискација со правосилна пресуда. Но и покрај укажувањето, државниот правобранител не ги заштитил имотните интереси на државата. На крајот на судската постапка во предметот „Труст“ обвинителството, согласно своите надлежности, побара конфискација на имотот и по правосилноста на пресудата тој имот е запишан на име на Република Северна Македонија. Имотот што е предмет на конфискација постои и неговото впаричување не е оневозможено.Како јавни обвинители, уверени сме дека проверката на наводите во кривичната пријава од Државното правобранителство ќе резултира со утврдување на релевантни факти од кои ќе се утврди нашето постапување согласно закон. Исто така, уверени сме дека со целосно расчистување на овој случај, јавноста ќе добие увид во вистинските причини и мотиви за нападот врз нас како јавни обвинители кои постапуваа по предметот. Посочуваме дека институциите треба да соработуваат и да работат во интерес на граѓаните и на државата, а не со неосновани напади да го затскриваат сопственото непостапување.Во досегашното наше работење одлучно се залагаме за транспарентност во постапувањето и за отворена директна комуникација со медиумите. Затоа, изразуваме разочарување за одлуката на уредувачкиот тим на емисијата „КОД“, емитувана на 10.04.2022 (недела), еднострано да го презентира комплексниот предмет поврзан со конфискацијата во „Труст“, без притоа воопшто да ни даде можност нам, како надлежни јавни обвинители за случајот, да ги изложиме нашите аргументи. Со тоа, јавноста нецелосно е информирана, а основа за емисијата е кривичната пријава доставена на 08.04.2022 (петок) и по која во времето на емитување на емисијата сѐ уште не бил отворен предмет во Јавното обвинителство. Во емисијата прекршен е принципот на пресумпција на невиност, а изнесените еднострани наводи и констатации се шпекулации.Истакнуваме дека нашето постапување е законито и очекуваме дека во постапката ќе се утврдат битните факти и околности за донесување соодветна одлука, а особено дали со поднесената кривична пријава се врши кривично дело лажно пријавување. Остануваме отворени и транспарентни за медиумите за да може јавноста да ги добие точните информации“.

Македонија | пред 3 години

Ljubomir-Joveski-696x464

Затвор до пет години за одобрување на воeните злосторства во Украина на „Фејсбук“

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања