„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ојо

media-library6kbs44i686i0eZQVmRj

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение: свртел на место каде немал првенство на минување

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.Постапката продолжува пред надлежен суд.

Македонија | пред 5 дена

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

За благајникот од прилепската болница кој проневерил 244.000 евра Обвинителството бара куќен притвор

Постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постои основано сомнение дека тој во временскиот период од 01.01.2020 година до 31.12.2021 година,  во својство на службено лице – самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил пари  доверени во службата.Тој во повеќе наврати дел од наплатените и примените парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата, не изготвил обрасци „каса-прими“ и истите противправно ги присвоил за себе со што прибавил значителна имотна корист во вкупен износ од 15.063.284 денари.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Се бара притвор за ќерките и таткото од кривопаланечко по тепачките за кравите: детали од обвинителите

Oсновното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки – поради сомнение дека со сила и сериозни закани спречиле службени лица да го извршат своето службено дејствие. Настанот се случил на вчера, на 2 декември, кога инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, придружени од полиција, се упатиле да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.Според обвинителството, осомничените се поставиле спротивно на законот и со агресивно однесување, физичка сила и вербални закани оневозможиле инспекторите да ја спроведат мерката. Тие ги нападнале, ги попречувале и создале атмосфера на страв и притисок, со што директно ја попречиле извршната постапка која била задолжителна.Обвинителството наведува дека однесувањето на семејството не е изолиран инцидент. Според нив, осомничените подолг период го малтретираат месното население и соседите, а последниот настан е ескалација на ваквото проблематично однесување. Овојпат, велат од ОЈО, нивните закани биле насочени и кон службени лица – инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и униформирани полициски службеници.Поради опасност од бегство, како и опасност од повторување на делото, јавниот обвинител побара определување мерка притвор за сите тројца осомничени. Случајот продолжува пред надлежниот суд, кој треба да реши дали ќе го прифати предлогот на обвинителството.Семејството се товари за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик, за кое се предвидени сериозни казни.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Голема акција на полицијата и обвинителството, претреси во Скопје и во Куманово

Полицијата во координација со Јавното обвинитество - Скопје, спроведува голема акција, при што се вршат претреси во Скопје и Куманово под сомнение за злоупотреба на положбата.Информацијата ја потврди Обвинителството без повеќе деталиВо координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. Повеќе информации по завршување на акцијата – велат од Јавното обвинителство

Македонија | пред 1 месец

IMG_5572

За двајца куќен притвор, за седуммина мерки на претпазливост поради поврзаност со работата на клубот „Пулс”

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани, одреди куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.Вчера ОЈО Кочани, соопшти дека двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.,,Тие се осомничени за „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за „Давање поткуп“ од член 358 од Кривичниот законик. За првите двајца Обвинителството до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор, додека за третиот во сила се мерки на претпазливост во првиот предмет поврзан со пожарот во “Пулс”, па се бара проширување на тие мерки со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените”, стои во вчерашното соопштение од Јавното обвинителство.Во него се посочува и дека шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле дело„Злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив се предложени мерки на претпазливост.,,Сопственикот на “Пулс”, кој веќе е во притвор, во другиот предмет е осомничен за „Фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот”, велат од Обвинителството.Според вчерашното соопштение на ОЈО-Кочани осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која, исто така, е опфатена со претходната постапка, во која и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело „Оддавање службена тајна“ од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Обвинителство: Скoпјанец осомничен за предизвикување општа опасност по инцидент со италијански државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец поради кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 14 ноември, на булеварот „Партизански одреди“ и околните улици во центарот на Скопје, каде осомничениот, управувајќи „Алфа Ромео 147“ со скопски регистарски ознаки, со опасно и агресивно возење предизвикал сериозна опасност за животот на италијански државјанин и неговата девојка.Според обвинителството, откако оштетениот се обидел да се престрои во левата коловозна лента со возило „Алфа Ромео Тонале“, осомничениот го претекнал со голема брзина, повеќепати нагло кочел и застанувал, со што создал сообраќаен хаос.Кога возилата свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот продолжил да го следи оштетениот, нагло менувајќи ленти и застанувајќи пред неговото возило. На улицата „Народен фронт“, тој се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од автомобилот на италијанскиот државјанин.По ударот, оштетениот запрел за да повика полиција, но осомничениот фрлил тврд предмет кон нив, изнесол неразбирливи зборови и се оддалечил од местото.Имајќи ја предвид опасноста од бегство или повторување на делото, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор пред судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Маж на 53 години нападнал 12годишно дете со тупаници, клоци и нож

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 53-годишник кој на 11 ноември извршил брутален напад врз 12-годишно дете.Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и почнал да го удира со тупаници и клоци по лицето и телото. Во еден момент извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го одзел велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што го напуштил местото на настанот.Оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар за лекарска помош. Јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Македонија | пред 1 месец

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи денеска изврши претреси на повеќе локации низ Скопје. Претресите се спроведени по обезбедени судски наредби и се дел од истрага за кривични дела лихварство и перење пари, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според обвинителството, отворена е истрага против 12 лица и едно правно лице. Деветмина од осомничените се товарат дека, како соизвршители или помагачи, организирале криминална група која од 2022 година давала заеми со високи камати од 5% до 15% месечно, барајќи од жртвите враќање на долговите со имот или пари, често под закана или притисок.Полицијата утврдила дека паричните средства добиени од лихварството биле внесувани во банкарски и готовински текови, со што се прикривало нивното нелегално потекло. На тој начин, осомничените стекнале противправна имотна корист од над 125 милиони денари, кои ги користеле за луксузен живот, купување имот и трансакции со други физички и правни лица.Јавниот обвинител најави дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе предлози до судот за мерки за обезбедување присуство на осомничените лица.

Македонија | пред 2 месеци

starica

Ужас во два домa за стари лица во Скопје: сопственички тепале, заклучувале и хранеле штитеници со расипана храна

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две жени – сопственички и управителки на приватни домови за стари лица во Бутел и Центар, осомничени за злоупотреба на службената положба и малтретирање при вршење на службата. Обвинителството соопшти дека постои основано сомнение дека тие постапувале спротивно на Законот за социјална заштита, притоа физички и психички ги злоставувале штитениците и незаконски прибирале пари.Двете осомничени, според Обвинителството, свесно ги прекршиле дозволите за работа и во своите домови сместиле повеќе луѓе отколку што е дозволено – 27 наместо 21 лице во објектот во Бутел, и 33 наместо 17 лица во домот во Центар.Во установите немало доволно стручни кадри, дел од вработените немале никакви документи за работа, а корисниците спиеле на троседи, па дури и по двајца во еден кревет. Женски и машки лица биле сместувани заедно, без никакви услови за приватност и достоинство.„Храната која им била служена имала истечен рок, а од местото се земени мостри за вештачење. Некои лица биле заклучувани во посебни простории, а други примале терапија со лекови што не биле препишани од лекар,“ соопшти Обвинителството.Во текот на изминатите два дена, по наредба на јавен обвинител, сите згрижени лица биле прегледани од стручни тимови на Институтот за судска медицина, а установите се веднаш затворени.Од 2022 година до денес, двата домa незаконски остварувале имотна корист од вкупно 2.232.000 денари месечно, иако не исполнувале ниту еден законски услов за лиценцирана социјална установа.Не воделе евиденција за корисниците, немале досиеја со медицинска документација, ниту записи за хигиена и оброци, а сепак од семејствата наплаќале значителни износи за „услуга“ што не постоела.По спроведените претреси и обезбедени докази, јавниот обвинител побара од Основниот кривичен суд во Скопје мерка притвор за двете осомничени, поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.„Судијата на претходна постапка го прифати предлогот, и на двете им е определен притвор,“ информираат од Обвинителството.Двете жени се товарат за нехуман, суров, деградирачки и понижувачки третман врз стари лица, кои нивните семејства ги довериле на грижа во приватни домови — грижа што, како што покажа истрагата, се претворила во тортура.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Јавнообвинителската служба на колена – синдикатот бара повисоки плати: Службата на работ на колапс, бараме итно донесување на Законот

Синдикалната организација на јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ предупредува дека јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс поради континуираното заминување на кадар, кое е резултат на, како што велат, постојано потценување и невреднување на трудот на службениците.„Единствена светла точка ја гледавме во донесувањето на Законот за јавнообвинителска служба. Работната група подготви предлог кој ги адресираше сите реални проблеми – услови за работа, дежурства, надоместоци, дневници и најважно, систем на плати и коефициенти. Но, верзијата објавена на ЕНЕР не ги содржи овие решенија и повторно ги остава службениците без одговор на суштинските проблеми“, стои во соопштението.Од Синдикатот потсетуваат дека токму поради овие нерешени прашања во 2023 година организирале штрајк кој траел три месеци, но институциите тогаш немале слух за барањата.„Јавнообвинителската служба денес функционира со само една четвртина од потребниот број вработени. Ниту еден службеник не зема плата на ниво на просечната плата во државата, а додатоците за дежурства, вонредна работа и надоместоци иако постојат во законот, не се исплаќаат“, додаваат од таму.Организацијата поставува три клучни барања:задолжително учество во преговорите за законот како единствени претставници на службата,прифаќање на предлог-законот подготвен од работната група,зголемување на платите и уредување на сите елементи на работниот однос.Синдикатот апелира Законот за јавнообвинителска служба да се донесе веднаш по локалните избори во својата првична форма, со итна подготовка на подзаконски акти и отстранување на бариерите за кадровско зајакнување.„Остануваме отворени за соработка со сите надлежни институции, единствено во интерес на граѓаните и на квалитетна и навремена услуга“, порачуваат од Синдикалната организација на јавните обвинителства.

Македонија | пред 2 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Обвинителството повторно побара обдукција на телото на починатото девојче во тетовската болница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово повторно издаде наредба за извршување на судско-медицинска обдукција на телото на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое на 20 септември почина за време на лекување во Клиничката болница во Тетово, а за кое родителите не дозволуваат да се изврши обдукција.Според обвинителството, обдукцијата е неопходна за целосно да се расветлат околностите околу смртта на детето.Од Клиничката болница Тетово претходно информираа дека веднаш по приемот на пациентката биле преземени сите неопходни медицински мерки, но и покрај напорите на лекарите девојчето починало.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0bfcdqckjskl6LlaoWf

Рекетиран градоначалникот на Неготино: Анонимен профил му се заканувал на градоначалникот на Неготино барајќи 3.000 евра

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот ги извршил кривичните дела спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му испратил порака со сериозни закани кон него и неговото семејство, обидувајќи се да го присили да му исплати 3.000 евра.Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати, осомничениот испраќал пораки со смртни закани и на официјалната електронска пошта на Општината. Со тоа, кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

ОЈО поднесе обвинение за „Вардариште“, за „Дрисла“ уште нема кривична пријава

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад.Согласно обезбедените докази, тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии, кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за тројцата обвинети.Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, ОЈО Скопје издава и повеќе наредби со цел откривање на други сторители на кривични дела.По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје во финална фаза се и вештачењата во однос на сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари. Тие подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад.На 9 јули, на таа локација беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал беа испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и беше предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери. По анализа на вештачењата во корелација со сите други прибрани докази, јавниот обвинител ќе донесе одлука и во однос на овој предмет.За настанатиот пожар на депонијата „Дрисла“ до овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесено известување или кривична пријава од надлежните органи. Сепак, обвинителството ја следи состојбата и доколку утврди дека со кривично-правни дејствија била загрозена животната средина, ОЈО Скопје веднаш ќе постапи.

Некатегоризирани | пред 3 месеци

vincini1

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ – фотографии ја прикажуваат состојбата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го започна увидот по големиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Од Обвинителството соопштуваат дека увидните активности ќе продолжат и во наредните денови, затоа што во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.Во близина на плинската станица, која не беше зафатена од огнот, поставени се противпожарни возила за превентивна заштита. Утре на увид ќе присуствува и вешто лице – електроинженер, а во меѓувреме се обезбедени снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на причините за пожарот.На увидот беа направени и бројни фотографии кои ја прикажуваат состојбата во објектот и опожарените магацини, а тие ќе бидат дел од доказниот материјал и воедно ја доловуваат тежината на настанот.

Македонија | пред 3 месеци

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Обвинение против Александар Нацев, реалниот сопственик на обезбедувањето во „Пулс“: Познато за што се гони

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.Поради нивните пропусти во еден подолг временски период, како и поради конкретните дејствија на дел од обвинетите, на 16.03.2025 година во угостителскиот објект во Кочани бил предизвикан пожар на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесна повреда се здобиле 65 лица.Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица.На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот.Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека се уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања