Промени тема
Контакт

Анел Фидовски е нов шеф на скопското обвинителство, Бубевски „извиси”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarynuc1t4av05qsdf840qf

Анел Фидовски е избран за нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти по гласањето претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими.

Фидовски освои седум гласа „за“ а во врска со неговиот глас „воздржан“ за Бубевски, Бесими рече дека ваквиот начин на изјаснување е вообичаен во Советот, иако во законската рамка не е прецизно дефиниран.

Фидовски доби најголема поддршка или седум гласа „за“. Досегашниот шеф, Гаврил Бубевски, освои пет гласа „за“, Тања Трајчевска и Спасенка Андонова добија по еден глас, додека Дејан Петрески не доби ниту еден глас „за“.

На прашањето дали Фидоски поднел програма за работа, Бесими не одговори директно, само рече дека пред гласањето јавно кажал кој има поднесено програма, а на дополнително прашање дали ова значи дека само Бубевски поднел програма, бидејќи само тој бил посочен, претседателот рече:

— реклама —

„Тоа што сте слушнале е тоа“.

— реклама —

Анел Фидоски, е со искуство од 11 години и доаѓа од скопското Обвинителство. Тој е познат по неколку случаи: гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“, потоа го наследи и долгогодишниот судски предмет „Тенковски делови“, во кој еден од обвинетите беше и експремиерот Владо Бучковски. По маратонското судење, на едно од рочиштата, Фидоски се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај, со што случајот застари. Обвинителот ваквиот потег го оправда со фактот што Министерството за одбрана не пријавило значителна материјална штета, иако се работеше за милионска сума.

Го застапуваше и случајот со малата Тамара, кој исто така застаре по преквалификација на кривичното дело во завршниот збор.

— реклама —

,,Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара”, реагираше Хелсиншки комитет.

Кај него во работа е и предметот за ,,Усје”, по поднесена кривична пријава од доскорашната скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryrdqbdm7m0rm36Az0Lsj

Истрагата се проширува: Седум нови осомничени за шверц на марихуана од Македонија во Србија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd2qv29lk03b524QwGRx

(Видео) Од Македонија преку Бугарија до Грција: 324 килограми марихуана сокриени во бали со хартија, осомничениот доби 30 дена притвор

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Ја тепал ќерка му и се заканувал дека ќе ги запали неа и сопругата, ОЈО Тетово бара притвор за 50-годишник

Македонија | пред 1 седмица

komisija

ОЈО Скопје отвори предмет за загадувањето кај Рашче, ќе се проверува потеклото на депонијата

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања