Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Српски државјанин фатен со 5.000 штеки непријавени цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Македонија
cigari-4
Илустрација / Скопје1

Обид за криумчарење цигари во вредност од околу девет милиони денари бил откриен на граничниот премин „Богородица“, по што Основното јавно обвинителство Гевгелија повело постапка против српски државјанин осомничен за криумчарење.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничениот, кој бил сопственик на српска транспортна фирма, со камион на влез во Македонија се обидел да внесе 5.000 штеки цигари од марките „Марлборо“, „Давидоф“ и „Винстон“. Цигарите биле спакувани во 100 картонски кутии без ознаки и не биле пријавени на царината.

— реклама —
— реклама —

Возачот пријавил дека превезува пропиленски гранулати, но царинските службеници при проверката ги откриле непријавените цигари во предниот и средишниот дел од приколката. Стоката веднаш била одземена, а нејзината вредност е проценета на околу девет милиони денари.

— реклама —

Обвинителството постапува за кривично дело „Криумчарење“ од член 278, став 2 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител доставил предлог за определување притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

tepacka1

Ја давел и ја удирал девојката во домот, Обвинителството бара притвор за осомничен од Битола

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 2 седмици

ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања