Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

За двајца куќен притвор, за седуммина мерки на претпазливост поради поврзаност со работата на клубот „Пулс”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
IMG_5572

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани, одреди куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.

— реклама —

Вчера ОЈО Кочани, соопшти дека двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.

— реклама —

,,Тие се осомничени за „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за „Давање поткуп“ од член 358 од Кривичниот законик. За првите двајца Обвинителството до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор, додека за третиот во сила се мерки на претпазливост во првиот предмет поврзан со пожарот во “Пулс”, па се бара проширување на тие мерки со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените”, стои во вчерашното соопштение од Јавното обвинителство.

Во него се посочува и дека шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле дело„Злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив се предложени мерки на претпазливост.

— реклама —

,,Сопственикот на “Пулс”, кој веќе е во притвор, во другиот предмет е осомничен за „Фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот”, велат од Обвинителството.

Според вчерашното соопштение на ОЈО-Кочани осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која, исто така, е опфатена со претходната постапка, во која и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело „Оддавање службена тајна“ од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања