Промени тема
Контакт

Се бара притвор за ќерките и таткото од кривопаланечко по тепачките за кравите: детали од обвинителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Oсновното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки – поради сомнение дека со сила и сериозни закани спречиле службени лица да го извршат своето службено дејствие. Настанот се случил на вчера, на 2 декември, кога инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, придружени од полиција, се упатиле да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.

— реклама —

Според обвинителството, осомничените се поставиле спротивно на законот и со агресивно однесување, физичка сила и вербални закани оневозможиле инспекторите да ја спроведат мерката. Тие ги нападнале, ги попречувале и создале атмосфера на страв и притисок, со што директно ја попречиле извршната постапка која била задолжителна.

— реклама —

Обвинителството наведува дека однесувањето на семејството не е изолиран инцидент. Според нив, осомничените подолг период го малтретираат месното население и соседите, а последниот настан е ескалација на ваквото проблематично однесување. Овојпат, велат од ОЈО, нивните закани биле насочени и кон службени лица – инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и униформирани полициски службеници.

— реклама —

Поради опасност од бегство, како и опасност од повторување на делото, јавниот обвинител побара определување мерка притвор за сите тројца осомничени. Случајот продолжува пред надлежниот суд, кој треба да реши дали ќе го прифати предлогот на обвинителството.

Семејството се товари за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик, за кое се предвидени сериозни казни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Од утрово голема акција против криминална група, во тек се претреси и апсења

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања