„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

орешник

media-libraryh7cqfsgbejjgaVJdFvc

Британија, Франција и Германија: Руското користење на „Орешник“ е ескалација

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го оценија руското користење на балистички проектил со среден дострел „Орешник“ во западна Украина како „ескалирачко и неприфатливо“, се наведува во соопштението од разговорот што во петокот го објави кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.Стармер во петокот разговарал за состојбата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, при што тројцата лидери изразиле загриженост поради последните потези на Москва.Русија потврди употреба на „Орешник“Русија потврди дека употребила проектил со среден дострел „Орешник“ во напад врз западна Украина, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија. Ова е втор ваков напад врз Украина во кој е користено ова оружје.Москва тврди дека нападот е изведен како одговор на, како што го нарекува, „терористички напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Украинските власти ги негираа овие обвинувања, оценувајќи ги како лажни тврдења чија цел е да се оправдаат нападите врз владини објекти во Киев.ЕУ: Обид за заплашување на сојузницитеНеколку дена по самитот на кој европските земји се обврзаа да понудат трупи за Украина во случај на прекин на огнот, а САД поддржаа обезбедување безбедносни гаранции за Киев, Европската унија порача дека Русија се обидува да ги заплаши украинските сојузници.„Извештајот за руската употреба на ракетата ‘Орешник’ претставува јасна ескалација против Украина и е наменет како предупредување до Европа и САД“, напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, на социјалната мрежа Икс. Таа повика на зајакнување на противвоздушната одбрана и на „зголемување на цената на оваа војна за Москва, вклучително и преку построги санкции“.Проектил со можност за нуклеарна боева главаРусија првпат ја употреби ракетата „Орешник“ во ноември 2024 година, кога беше погоден украинскиот индустриски град Днипро. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да ја пресретнат оваа ракета и предупреди дека таа може да погоди цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари, пак, предупредуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 16 часа

media-library4vfbgp207jh69NkQlER

„Истрелавме Орешник“ тоа е одмазда за ударот врз резиденцијата на Путин“, порача Русија

Руското Министерство за одбрана го објави првото официјално соопштение по синоќешниот масовен напад со дронови и ракети врз Украина. Во соопштението се наведува дека Русија извела, како што тврдат, „високопрецизен далекуметен удар“, при што бил користен и ракетниот систем со среден дострел „Орешник“.Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на, како што Москва го опишува, „терористички напад на киевскиот режим“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област, кој, според руските тврдења, се случил во ноќта меѓу 29 и 30 декември 2025 година.Руското Министерство за одбрана наведува дека руските сили во текот на ноќта истрелале високопрецизно оружје со голем дострел од копно и од море, вклучително и мобилниот копнен ракетен систем со среден дострел „Орешник“, како и дека извеле напади со дронови врз, како што тврдат, клучни објекти во Украина.Украина: Ракетата летала со брзина од 13.000 километри на час„Целите на ударот се остварени“, се наведува во објавата на руското Министерство за одбрана. Како цели се споменуваат постројки за производство на дронови за кои Русија тврди дека биле користени во наводниот напад врз резиденцијата на Путин, како и енергетска инфраструктура која, според руските тврдења, го поддржува функционирањето на украинскиот воено-индустриски комплекс.Украина сè уште нема потврдено дека нападот врз западниот град Лавов бил изведен со „Орешник“, но украинската војска потврди дека ракетата летала со брзина од 13.000 километри на час.Втора употреба на „Орешник“ во војнатаРусија првпат ја истрела ракетата „Орешник“ кон украинскиот индустриски град Днипро во ноември 2024 година. Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да го пресретнат „Орешник“, а исто така изјави дека со него може да се погодат цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари наведуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава.Русија синоќа изведе масовен напад врз УкраинаНајмалку четири лица загинаа, а 19 се повредени во Киев откако Русија синоќа изведе масовен напад со ракети и беспилотни летала низ цела Украина, објави „Киев индепендент“.Меѓу загинатите е и еден болничар, жртва на таканаречен „двоен удар“, додека 14 од 19 повредени се хоспитализирани, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Еден болничар загина, а четворица се повредени додека им помагале на луѓето, во областа Дарницки“, изјави тој. Во нападите беа погодени неколку градски квартови.Властите соопштија дека станбени згради во квартовите Печерск и Десњански претрпеле штети од дронови и од нивни остатоци, додека пожар избувнал во квартот Шевченковски. Во квартот Дарницки, дрон се урнал во дворот на станбена зграда, оштетувајќи околни објекти.Ударните бранови оштетиле покрив на уште една зграда, а остатоци паднале и на детско игралиште. Поради нападите врз критичната инфраструктура, делови од главниот град останале без водоснабдување и електрична енергија.Балистичка ракета го погоди ЛавовВо текот на ноќта, Русија го ракетираше и Лавов, најзападниот поголем украински град, при што беше целена критичната инфраструктура, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј. Украинската војска информираше дека ракетата – чиј тип сè уште не е официјално потврден – била лансирана од полигонот Капустин Јар во руската Астраханска област.Капустин Јар е познат како место од кое се лансира рускиот балистички проектил со среден дострел „Орешник“, кој досега е потврдено дека бил употребен само еднаш – во нападот врз Днипро во ноември 2024 година.Зеленски предупреди на нападУкраинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Русија планира голем напад. „Постојат информации дека уште еден масовен руски напад може да се случи вечерва. Многу е важно да се внимава на воздушните тревоги денес и утре и секогаш да се оди во засолништа. Русите воопшто не се промениле. Се обидуваат да го искористат времето“, изјави Зеленски.И покрај мировните преговори, Русија продолжува со бомбардирањето на украинските градови, често целејќи ја енергетската инфраструктура за, среде зима, цели региони да ги остави без струја и греење. Како последица на неодамнешните напади, повеќе од еден милион луѓе во Дњепропетровската област од вчера наутро останаа без вода и греење.Што е „Орешник“?„Орешник“ е нов руски хиперсоничен балистички проектил кој може да носи нуклеарни боеви глави и кој Москва го претставува како одговор на западните системи за противракетна одбрана. Според достапните процени на западни воени аналитичари и експерти за нуклеарно оружје, станува збор за мобилен систем со голем дострел кој, поради екстремната брзина и непредвидливата траекторија, се смета за исклучително тешко пресретлив.Неговото неодамнешно распоредување во Белорусија е особено чувствително бидејќи ги приближува нуклеарно способните ракети до границите на НАТО, го скратува времето за предупредување во случај на напад и дополнително го зголемува ризикот од ескалација во момент кога односите меѓу Русија и Западот се на најниско ниво од крајот на Студената војна, предупредуваат аналитичари од американските и европските безбедносни кругови.

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања