Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Највисоко ниво на тревога: Украина предупредува на можен руски удар со два проектили „Орешник“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library9cegrhgq09cna6qwMog

Украинските разузнавачки служби предупредуваат дека во наредните пет дена постои можност Русија да лансира два хиперсонични проектили од типот „Орешник“. Информацијата е објавена на профилот „Military Observer“ на социјалната мрежа Икс, а алармот, според наводите, важи за периодот од денес, 21 јануари, до 26 јануари.

— реклама —

Истото предупредување се појави и на Телеграм-канали кои ги следат безбедносните случувања во Украина, по што земјата е ставена во состојба на висока готовност. Засега, украинските служби немаат прецизни податоци дали станува збор за тестирање на ракетите или за реален напад врз цели на украинска територија.

— реклама —

Русија последен пат ги употреби ракетите „Орешник“ во масовен напад врз клучни цели во Украина во ноќта меѓу 8 и 9 јануари, што беше потврдено и од руското Министерство за одбрана. Тогаш беа погодени значајни инфраструктурни и енергетски објекти во Киев и Лавов, оставајќи стотици илјади граѓани без електрична енергија во ек на зимските студови.

— реклама —

Украинската служба за безбедност соопшти дека евентуалниот напад со ракети „Орешник“ врз западните делови на земјата го третира како воено злосторство.

Проектилот „Орешник“ е хиперсонична ракета со среден дострел, способна да ги избегне повеќето современи противвоздушни системи, поради што најновото предупредување се оценува како исклучително сериозно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Ким ги отвори вратите и за Путин и за Си, почнува борбата за влијание врз Северна Кореја

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 1 ден

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 1 ден

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања