ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4.“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.Тој уште еднаш од се срце упати честитки до македонските граѓани за почитувањето на сообраќајните правила и изрази сигурност дека во иднина со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Македонија | пред 1 седмица

media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците.Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице.Министерот потенцираше дека, и покрај современата технологија, можни се технички грешки поради надворешни фактори како светлина, временски услови или други околности што може да влијаат врз читањето на регистарските таблички. Во такви случаи, граѓаните повторно ќе имаат можност да побараат исправка, која ќе биде извршена во најкус можен рок.„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата основна цел е да спасува животи и да обезбеди поголема безбедност во сообраќајот. Важно е одговорност да сноси оној што го сторил прекршокот“, порача Тошковски.Проектот „Безбеден град“ претставува дел од пошироките напори на Министерството за внатрешни работи за дигитализација, зголемување на транспарентноста и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryipif7pt85e2kbVjttj9

Нови толеранции за брзина со Сејф сити: до 6км/ч во град, до 9км/ч меѓу градови, до 12км/ч на автопат

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки живот плус.„Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи“, дециден беше министерот Тошковски.Министерот во овој контекст најави и уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на македонски телеком.„За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже било кој граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, заклучи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library40fcmv0f7jor56nR3pr

Тошковски на отворањето на Фондацијата „Фросина Кулакова“: Сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се сретна со родителите на Фрсина Кулакова, чија смрт со прегазување на булеварот Партизански одреди во Скопје ги крена граѓаните на протести.„Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии.Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот“, објави синоќа Тошковски

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrrboo0mre2qufAETiWB

Тошковски – Кочиу: Зајакнување на билатералната соработка, One Stop систем и со Албанија и нов Центар за полициска и царинска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста за пуштање на граничен премин „Џепиште – Требиште“ да работи постојано 24 часа во годината, како и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка.„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден по-брз трансфер на граѓаните кои што ќе ги намали чекањето на нашите граници. Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината, со тоа што ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат по добра комуникација, да остваруваат по голем број на услуги од едната и од другата страна и да, навистина, нашата одлична соработка ја покренеме на уште едно по високо и по добро ниво.“, потенцираше министерот Тошковски.Во рамки на посетата се одржа и средба на високо ниво меѓу министрите за внатрешни работи и директорите на царинските служби на двете земји, посветена на воспоставувањето на Заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка. Овој центар ќе претставува дополнителен механизам за побрза и поефикасна размена на информации, координација и заедничко делување во справувањето со прекуграничниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со дрога и другите безбедносни предизвици.„Склучувањето на Договорот за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и граничната контрола, како и за поефикасна борба против илегалната миграција, организираниот криминал и другите безбедносни закани. Македонија има воспоставено четири заеднички контакт центри – на Деве Баир со Република Бугарија, Ќафасан со Република Албанија, Блаце со Република Косово и Табановце со Република Србија. Овие центри секојдневно ја остваруваат својата основна функција за размена на информации, испраќање пораки за рано предупредување и координација во борбата против прекуграничниот криминал. Новиот Центар за полициска и царинска соработка ќе биде уште еден силен механизам во оваа мрежа.“ истакна министерот Тошковски.Тој додаде дека ваквите иницијативи се директна потврда на меѓусебната доверба и стратешкото партнерство меѓу двете земји.На средбата беше потврдена заедничката посветеност на Република Северна Македонија и Република Албанија за натамошно продлабочување на добрососедските односи, јакнење на регионалната стабилност и унапредување на европската перспектива на регионот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryafnd89a7afcraGn7gCv

Ѓорѓиевски: Ќе воведеме паметен зелен бран со кој ќе се намалат гужвите

Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека денес бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.„Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додава дека ова е „суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град“ и дека ќе се воведе „паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје“.Дополнително, според него, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на „девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор“. „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард. Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин“, истакнува Ѓорѓиевски.Тој заклучува дека со овие мерки Скопје се гради како „современ и функционален град за сите“.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarypbn8bmh8tu7h8cJG3KG

(Видео) Со необележани полициски возила ќе се мери брзина и ќе се казнува низ Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки.“За многу побрзо од шест месеци ќе може со камерите имплементирани во рамки на возилата да ги ставиме во функција”, рече Тошковски.Изминативе денови се врши тестирање на камерите на сите точки каде се поставени.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycut6gkka4mde9yFxWa5

Тошковски: Системот ‘Безбеден град’ не гледа кој си, туку каков прекршок си направил

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што објави на својот Фејсбук-профил, станува збор за клучна фаза пред целосното пуштање на системот во функција, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и загубени човечки животи.„Денеска бев на терен, на локација каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот ‘Безбеден град’.Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи.“, напиша Тошковски.Проектот „Безбеден град“ е еден од клучните безбедносни проекти на МВР, насочен кон системско и технолошко подобрување на сообраќајната култура и превенција на најтешките последици на патиштата.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Тошковски: Собранието покажа политичка храброст – животите на граѓаните над партиските калкулации

Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Посебна благодарност до граѓаните. Во тест периодот тие покажаа дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението. Со промена на однесувањето во сообраќајот, со почитување на правилата и со зголемена свесност, граѓаните директно придонесоа за поголема безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи, повредите и жртвите. „Безбеден град“ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа.За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овој пат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот. Со тоа го направија својот избор и за тој избор ќе сносат политичка и морална одговорност пред македонските граѓани“, додава Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања