„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

панчо

panco

Се подобрува состојбата на Панчо, преместен е од интензивна нега на оддел - има изгореници по телото и дишните патишта

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата „Систина“, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, по повеќе од 40 дена на интензивна нега и под апарати, сега е преместен на оддел, каде и натаму ќе се третираат неговите повреди односно изгорениците по телото и на дишните патишта. Тој е веќе 46 дена на болничко лекување, првично беше сместен на Клиничкиот центар во Скопје, а потоа, преместен во приватната болница.Според последните соопштени информации, во македонските болници се уште се лекуваат тројца пациенти, меѓу кој е Блажев-Панчо. Од Бугарија, пред три дена, тројца пацинети беа вратени за македонија и тоа на возраст од 19, 21 и 48 години. Сите во стабилна состојба.Обвинителството на 21 март соопшти дека и Блажев-Панчо е осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“, а поради внесување на пиротехниката.„За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група. Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект“, изјави Коцевски.По несреќата, има 62 загинати лица и 197 лица беа повредени. Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Македонија | пред 8 месеци

panco

Состојбата на Панчо е влошена, ставен е на апарати, објави Ребека

Пејачката Ребека Јанковска Ристески, јави дека состојбата на пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо од ДНК е влошена. Оваа информација не можевме да ја потврдиме. Според неа, трахеата (орган за дишење) му е многу оштетен.„Панчо мил, не се предавај. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим, на апарати е“, напиша Ристески.Тој во текот на вчерашниот ден, по третирањето во Клиничкиот центар Скопје каде беше примен, беше преместен во болницата „Систина“.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на еден од главните вокали Андреја Горгиевски, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се исто меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“.

Македонија | пред 9 месеци

panco

Панчо од ДНК е вон животна опасност и префрлен е во Систина

Седум члена на ДНК се меѓу загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој е со изгореници, но вон животна опасност е префрлен во приватната клиника Систина.Панчо е сместен на одделението за интезивна нега.

Македонија | пред 9 месеци

Pancho-DNK-Mami

(ВИДЕО) Панчо сними љубовна песна во Италија

Панчо од ДНК во Италија ја објави најновата песна „Мами“, која ја сними во Наполи. Тој периодов беше во Италија кај Елмас кој ја прослави титулата со Наполи. Ова е негова прва песна без Андреј од ДНК, но рече дека добил дозвола од него да ја сними.Песната ја работеше со продуцентот Лазар Цветкоски, а спотот покрај во Наполи го сними и во градот Помпеја и Салерано од каде почнува Амалфскиот брег. Во видеото има сцени од прославата со навивачите на Наполи. Панчо кој е пријател на Елмас му беше на гости ѝ му се заблагодари за топлиот пречек.„Морам да му се заблагодарам на Елмас за пречекот. Ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула“, ни рече Панчо.За потсетување, ова лето дуото ДНК ќе одржи многу настапи ширум нашата земја, а во блиска иднина ќе слушнеме и нешто ново од музичкото трио Панчо, Андреј и Лазар Цветкоски.

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања