„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

панчо

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Кандидатот за Кочани, Венко Крстевски, се извини за изјавата за Панчо и за прославата со трубачи: Моите гревови се капка во морето

По девет дена од смртта на Панчо, членот на бендот „ДНК“ кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, јавно се извини на неговото семејство и на пријателите за својата претходна изјава во која бараше Панчо да се најде на обвинителна клупа – и тоа во период кога тој се бореше за живот.Во видеопорака објавена денеска, Крстевски исто така им се извини и на сите кои, како што рече, биле „повредени во емоциите“ кога го гледале како слави со трубачи влез во вториот круг од локалните избори.„Ова е повик за обединување, за да ја победиме партиската машинерија. Им се извинувам на сите што ги повредив во емоциите затоа што славев. Немав лоша намера, само сакав да се заблагодарам на граѓаните што ми дадоа поддршка. Се извинувам и на семејството на Панчо и на неговите пријатели, затоа што искрено одговорив на новинарско прашање. Јас сум човек, можеби ќе згрешам, но моите гревови се капка во морето во споредба со нивните и со системот што создаде трагедии, неправди и болка“, изјави Крстевски.Во видеото, тој практично повикува граѓаните да го поддржат на изборите, наведувајќи дека единството е потребно за „да се порази системот кој создава поделби и страдања“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Граѓани се собираат во Штип за да му оддадат почит на Владимир Блажев Панчо, член на групата ДНК. Тој по седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс”, не успеа да се избори и почина од повредите и изгорениците од пожарот.„Во чест на Панчо, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото Ѕвездено небо во чест на Панчо е симболичен гест на благодарност и сеќавање”, велат организаторите.На социјалните мрежи се шират пораки: „Небото да блеска како што Панчо блескаше за сите нас.”Панчо е 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.Панчо ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.Третата по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, беше без изјави, во знак на почит кон вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Молитвен чин за Панчо, ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот.Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот.Панчо беше еден од основачите и фронтмен на популарното дуо ДНК, кое остави силен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“, „Говори ми нешто за љубовта“ и други. По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 64 лица, а над 200 беа повредени, Панчо седум месеци се лекуваше од тешките изгореници, но за жал, не ја извојува битката за живот. Неговата смрт ја потресе јавноста и музичката сцена во земјава.

Скопје | пред 2 месеци

media-library9j52rviudi4me4VUKg9

“За ДНК приоритет беа децата, имавме чест да ги познаваме и да соработуваме“: ОУ „Љубен Лапе“ објави порака за збогум

За ДНК приоритет беа децата, пишува во објавата на основното училиште „Љубен Лапе“ каде учел Панчо.- Како колектив изразуваме длабоко жалење за веста која со неверување ја примивме денес - нашиот поранешен ученик Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.Овој пост му го посветуваме нему, а преку него освен длабоко жалење сакаме да ја изразиме и нашата благодарност и чест што ги познававме и што имавме чест да соработуваме со членовите на бендот ДНК - прекрасни хумани луѓе кои секогаш несебично учествуваа во сé што значеше да се помогне некому, а за нив секогаш приоритет беа децата. ВЕЧНА ИМ СЛАВА, се наведува во пораката.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymcub43b2j5epeds7GEI

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва граѓаните во Штип ќе му оддадат почит

Штип вечерва, во чест на Владимир Блажев Панчо ќе го подигне погледот кон небото. Во објавата на организаторите на настанот „Ѕвездено небо“ се повикуваат граѓаните да оддадат почит на човекот што „светеше меѓу нас“ – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и за жал ја загуби битката за живот.Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ се вели во објавата што брзо се шири на социјалните мрежи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryab6g4lf15qj1ffd7JA0

Се огласи сопругата на Панчо: „Ме скрши на милион делови…“

Болката по смртта на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ не стивнува. Сега сo емотивна порака од него се прости и неговата сопруга Маја.„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил. Панчо и Маја се венчаа на 2 октомври 2013 година во Скопје. Својата љубов ја запечатија на необичен и симболичен начин – наместо класични бурми, двајцата истетовираа прстени на рацете, заколнувајќи се на вечна верност.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4sk0809m0a2j5ZeuNWq

“Систина” со последна порака за Панчо: Се боревме 213 дена и верувавме до крај

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со длабока тага се прости од пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци лекување од тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета. Нема зборови за утеха за твоите два ангела – Марјан и Андреја, и за твојата Маја. Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри и болничари кои беа 24 часа со тебе. Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство, се боревме и верувавме“, стои во објавата на болницата.Неговата смрт предизвика бура од емоции и жалење низ јавноста, а бројни јавни личности и граѓани изразија сочувство до семејството и блиските.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfegui34lqg04aYFOOfY

Потресна исповед на Елена Ристеска за Панчо: Ме скрши на милион парчиња, како да се радувам јас кога те нема?

Поп-пејачката Елена Ристеска со силни емоции се прости од својот долгогодишен пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по неколкумесечна битка со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Ах, бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина! Останаа недоречени многу работи. Не знаев дека вака ќе боли – како за роден брат. Ми беше брат кој никогаш го немав,“ напиша Ристеска во својата објава на социјалните мрежи.Таа со потресни зборови се присети на нивното пријателство и заедничките моменти:„Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме? Со кого да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати? Од правење друштво во диско дур пушташ музика, до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг како вистински брат и сестра.“Ристеска откри и дека токму пред трагедијата разговарале за нов заеднички дует со ДНК, кој, за жал, останал незавршен:„Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за наш дует со ДНК кој никогаш не го снимивме.“„Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, бате мој, како да се радувам јас кога те нема? До следно видување, таму горе, каде нема неправди и болка,“ завршува нејзината објава.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8ssutmmqeqkf5Ny0EVx

„Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам“, и Ана, придружниот вокал на ДНК се прости со Панчо

Придружниот вокал на ДНК, пејачката Ана Костадиновска која ја преживеа трагедијата во „Пулс“ се збогува со Панчо, а во објавата на ФБ напиша:Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам

Македонија | пред 2 месеци

media-library3m3ofisbc5od3QakovO

”Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент”, Тамара и Каролина се збогуваа од Панчо

Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент, напиша Тамара по објавата за смртта на Панчо.Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.Многу дружби, спомени, концерти, снимања...Многу смеење, музика и емоции...Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали советува...Патувај мирно Џуџе.Секогаш ќе те сакам, напиша Тамара на Инстаграм.Меѓу бројните личности кои се збогуваат од Панчо е и Каролина Гочева.„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysgn2hvqn088a83jiXej

„Душата ми е распарчена стари, мислев нема да се дадеш“, шок и тага по смртта на Панчо

Панчо беше симбол на урбаната музика и еден од најхаризматичните артисти на домашната сцена. Неговата енергија, искреност и љубов кон публиката ја оставија групата ДНК како едно од најпопуларните имиња на новата генерација македонски изведувачи.Во јавноста се споделуваат бројни пораки на сочувство од пријатели, колеги и познати јавни личности кои се простуваат од него.Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и спомени од настапите и приватните моменти со Панчо.Коментираат: „Уште една голема душа ја напушти македонската сцена“.Смртта на Владимир Блажев – Панчо означува уште една длабока рана во најтешката трагедија што ја погоди Македонија во последната деценија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Родителите на загинатите со потресна порака за смртта на Панчо: Почивај во мир, пренеси им поздрав на нашите ангели

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев – Панчо. Бог да ви даде сила. Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – талентиран пејач, полн со енергија и музика што допираше до срцата. Замина прерано, оставајќи празнина која не може да се пополни“, стои во објавата.Од здружението потсетуваат дека Панчо е 63-та жртва на пожарот во „Пулс“, трагедија која остави длабоки последици и траума кај семејствата на настраданите.„Како родители што ја почувствувавме најголемата болка – губење на дете – ја знаеме бездната на оваа тага. Вашата болка е наша болка, вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој празен момент што го остава оваа трагедија“, напишаа од здружението.Во објавата тие испратија и порака за правда: „Ова не е број – ова е живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени? Колку уште семејства ќе страдаат? Правдата мора да се извојува – за Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен. Ние нема да молчиме!“Здружението завршува со емотивна порака: „Почивај во мир, Панчо. Нека ти е светол патот до Царството Небесно. Пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца.“

Македонија | пред 2 месеци

panco-3

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото од Панчо од ДНК

Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување.„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството.Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Систина“ поради тешките изгореници што ги задоби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Тој беше деветтиот член на групата кој го изгуби животот, а воедно и 63-та жртва на катастрофата.Докторски тимови со месеци се бореа за животот на Панчо, а тој беше со тешки повреди и влошена психичка состојба. И покрај долготрајното лекување и интензивната медицинска грижа, тој не успеа да се избори.Против него претходно беше покрената постапка под сомнение дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. Обвинителството ја стави постапката во мирување поради неговата хоспитализација.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Почина Панчо од ДНК, тој е 63 директна жртва од пожарот во „Пулс“

По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај напорите, тој не успеал да се спаси. Официјални информации за тоа како се влошила здравствената состојба засега нема.Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-05-at-09.25.03

Тамара Тодевска сподели информација за состојбата на Панчо

Пејачката Тамара Тодевска одговарајќи на прашања од фановите откри каква е здравствената состојба на Панчо од ДНК.Откако беше прашана за нејзиниот колега и близок пријател кој е на болничко лекување по трагедијата во Кочани, а таа рече: „Панчо е, фала му на Бога, подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”.Истовремено, Тодевска ја преработи есната „Време за плачење“ чија оригинална изведба е на Игор Џамбазов.Новата интерпретација е посветена на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март во Кочани, и претставува трогателен музички омаж на загинатите.Со цел за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска реши да организира хуманитарен солистички концерт.Музички настан кој ќе се одржи на 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања