Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Потресна исповед на Елена Ристеска за Панчо: Ме скрши на милион парчиња, како да се радувам јас кога те нема?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryfegui34lqg04aYFOOfY

Поп-пејачката Елена Ристеска со силни емоции се прости од својот долгогодишен пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по неколкумесечна битка со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Ах, бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина! Останаа недоречени многу работи. Не знаев дека вака ќе боли – како за роден брат. Ми беше брат кој никогаш го немав,“ напиша Ристеска во својата објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Таа со потресни зборови се присети на нивното пријателство и заедничките моменти:

„Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме? Со кого да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати? Од правење друштво во диско дур пушташ музика, до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг како вистински брат и сестра.“

— реклама —
— реклама —

Ристеска откри и дека токму пред трагедијата разговарале за нов заеднички дует со ДНК, кој, за жал, останал незавршен:

— реклама —

„Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за наш дует со ДНК кој никогаш не го снимивме.“

„Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, бате мој, како да се радувам јас кога те нема? До следно видување, таму горе, каде нема неправди и болка,“ завршува нејзината објава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynum1d1tv74m54z5PkNz

(Видео) „63 животи, 63 вечни спомени“ – започна повикот за донации за меморијалниот парк „Патека на бесконечноста“ во Кочани

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 2 седмици

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања