Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото од Панчо од ДНК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
panco-3

Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување.

— реклама —

„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството.

— реклама —

Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Систина“ поради тешките изгореници што ги задоби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Тој беше деветтиот член на групата кој го изгуби животот, а воедно и 63-та жртва на катастрофата.

Докторски тимови со месеци се бореа за животот на Панчо, а тој беше со тешки повреди и влошена психичка состојба. И покрај долготрајното лекување и интензивната медицинска грижа, тој не успеа да се избори.

— реклама —

Против него претходно беше покрената постапка под сомнение дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. Обвинителството ја стави постапката во мирување поради неговата хоспитализација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygdfk4h042hqndGPsQXy

(Фото) Пријателите и соседите го одбележаа роденденот на Панчо со откривање мурал пред неговата зграда

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library4q8n30enahh8eKS1TfO

Денес Панчо ќе наполнеше 47 години: „Фалиш, џеџуле“, напиша Перо Антиќ

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Кандидатот за Кочани, Венко Крстевски, се извини за изјавата за Панчо и за прославата со трубачи: Моите гревови се капка во морето

Македонија | пред 1 година

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања