Промени тема
Контакт

Денес Панчо ќе наполнеше 47 години: „Фалиш, џеџуле“, напиша Перо Антиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4q8n30enahh8eKS1TfO

Денес Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47. роденден. Наместо роденденска прослава, честитки и насмевки, денот е исполнет со сеќавања на музичарот кој остави длабока трага на македонската музичка сцена.

Меѓу првите што му оддаде почит беше неговиот долгогодишен пријател, поранешниот кошаркар Перо Антиќ, кој со кратка, но емотивна порака се потсети на Панчо.

„Фалиш, џеџуле“, напиша Антиќ, со кого Панчо го делеше истиот роденден.

— реклама —

Панчо беше музичар, диџеј и еден од основачите на популарното поп-хип-хоп дуо ДНК, кое во 2001 година го формираше заедно со Андреја Ѓорѓиески. Во повеќе од две децении работа создадоа песни што станаа препознатлив дел од македонската музичка сцена. Покрај тоа, беше познат и како радио и клупски диџеј под уметничкото име DJ Shorty P.

— реклама —

Македонија се прости од Панчо на 14 октомври 2025 година, кога им подлегна на тешките повреди здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Неговата смрт остави голема празнина кај семејството, пријателите, колегите и илјадниците обожаватели.

По трагедијата, тој се лекуваше во болницата „Аџибадем Систина“, каде што му беа извршени повеќе оперативни зафати. Во еден период неговата состојба покажуваше подобрување, но подоцна нагло се влоши. И покрај напорите на лекарските тимови, ја загуби најтешката животна битка.

— реклама —

Пријателството меѓу Панчо и Перо Антиќ продолжи да живее и по неговата смрт. Антиќ остана силна поддршка на неговото семејство, а еден од најтрогателните моменти беше кога го однесе синот на Панчо на неговата полуматурска прослава, исполнувајќи го ветувањето дека ќе биде покрај семејството на својот пријател.

media-librarylr0vlpbpma3q5vBdFQQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarygdfk4h042hqndGPsQXy

(Фото) Пријателите и соседите го одбележаа роденденот на Панчо со откривање мурал пред неговата зграда

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Кандидатот за Кочани, Венко Крстевски, се извини за изјавата за Панчо и за прославата со трубачи: Моите гревови се капка во морето

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Молитвен чин за Панчо, ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања