Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кандидатот за Кочани, Венко Крстевски, се извини за изјавата за Панчо и за прославата со трубачи: Моите гревови се капка во морето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

По девет дена од смртта на Панчо, членот на бендот „ДНК“ кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, јавно се извини на неговото семејство и на пријателите за својата претходна изјава во која бараше Панчо да се најде на обвинителна клупа – и тоа во период кога тој се бореше за живот.

— реклама —

Во видеопорака објавена денеска, Крстевски исто така им се извини и на сите кои, како што рече, биле „повредени во емоциите“ кога го гледале како слави со трубачи влез во вториот круг од локалните избори.

— реклама —

„Ова е повик за обединување, за да ја победиме партиската машинерија. Им се извинувам на сите што ги повредив во емоциите затоа што славев. Немав лоша намера, само сакав да се заблагодарам на граѓаните што ми дадоа поддршка. Се извинувам и на семејството на Панчо и на неговите пријатели, затоа што искрено одговорив на новинарско прашање. Јас сум човек, можеби ќе згрешам, но моите гревови се капка во морето во споредба со нивните и со системот што создаде трагедии, неправди и болка“, изјави Крстевски.

Во видеото, тој практично повикува граѓаните да го поддржат на изборите, наведувајќи дека единството е потребно за „да се порази системот кој создава поделби и страдања“.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynum1d1tv74m54z5PkNz

(Видео) „63 животи, 63 вечни спомени“ – започна повикот за донации за меморијалниот парк „Патека на бесконечноста“ во Кочани

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 2 седмици

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања