Зеленски бара од Вашингтон да ја одобри испораката на веќе платените ракети „Патриот“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД да ја одобрат испораката на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“, кои веќе се платени од сојузниците на Украина. Тој предупреди дека земјата се соочува со недостиг од овие ракети, неопходни за пресретнување на руските балистички напади.Според податоците што ги објави Зеленски, Русија во текот на минатата недела ја нападнала Украина со околу 2.700 дронови, речиси 1.460 наведувани воздушни бомби и 165 ракети од различни видови.
Свет | пред 1 час