Босна и Херцеговина на листата на земји со висок ризик за патување
Државниот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во САД ја стави Босна и Херцеговина на листата на земји со висок ризик за патување поради наглото зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот.Босна и Херцеговина се најде на листата на три земји со висок ризик за патување, со препорака до сите, особено до невакцинираните, да го одложат патувањето во Босна и Херцеговина.Акцент е ставен и на вакцинираните, за кои, се наведува, постои можност за зараза.Како што пренесува сараевскиот портал Кликс, ЦДЦ изнесе и низа препораки за сите кои и покрај предупредувањата планираат да дојдат во Босна и Херцеговина.
Магазин | пред 3 години