Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба
Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за неосновани обвинувања со кои, како што вели, се прикриваат лошите резултати од досегашното владеење.Пендаровски посочи дека првично немал намера да му посветува внимание на Мицкоски, но поради јавноста решил да појасни неколку, како што нагласи, клучни факти кои, според него, очигледно не му биле разјаснети на премиерот.Тој потсети дека Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврдил дека одлуките за прогласување на вонредна состојба биле во целосна согласност со Уставот и законите.Во однос на уредбите со законска сила, Пендаровски нагласи дека истите ги носела и ги спроведувала Владата, а евентуалните злоупотреби, доколку постојат, можат да ги проверат надлежните институции кои, како што рече, денес се под целосна контрола на актуелната власт.Поранешниот претседател додаде и дека сите одлуки за прогласување на вонредна состојба биле доставени до Собранието веднаш по завршувањето на таа состојба, согласно уставните и законските процедури.Пендаровски оцени дека и покрај овие појаснувања, Мицкоски најверојатно ќе продолжи со, како што рече, неосновани обвинувања и клевети, нагласувајќи дека тоа, за жал, е единствениот модел на политичко дејствување на кој, според него, е навикната актуелната власт.
Македонија | пред 5 часа