Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за неосновани обвинувања со кои, како што вели, се прикриваат лошите резултати од досегашното владеење.

Пендаровски посочи дека првично немал намера да му посветува внимание на Мицкоски, но поради јавноста решил да појасни неколку, како што нагласи, клучни факти кои, според него, очигледно не му биле разјаснети на премиерот.

— реклама —

Тој потсети дека Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврдил дека одлуките за прогласување на вонредна состојба биле во целосна согласност со Уставот и законите.

Во однос на уредбите со законска сила, Пендаровски нагласи дека истите ги носела и ги спроведувала Владата, а евентуалните злоупотреби, доколку постојат, можат да ги проверат надлежните институции кои, како што рече, денес се под целосна контрола на актуелната власт.

— реклама —

Поранешниот претседател додаде и дека сите одлуки за прогласување на вонредна состојба биле доставени до Собранието веднаш по завршувањето на таа состојба, согласно уставните и законските процедури.

Пендаровски оцени дека и покрај овие појаснувања, Мицкоски најверојатно ќе продолжи со, како што рече, неосновани обвинувања и клевети, нагласувајќи дека тоа, за жал, е единствениот модел на политичко дејствување на кој, според него, е навикната актуелната власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 3 месеци

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања