Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg
ФБ

Уставниот суд реагираше на изјавите на Стево Пендаровски за оспорениот Закон за употреба на јазиците, оценувајќи ги како неточни и неусогласени со фактичката состојба. Судот појасни дека не станува збор за „непознат граѓанин“, туку за 13 иницијативи од 45 подносители (меѓу нив партии, професори, адвокати, здруженија и граѓани). Апелира јавни личности да не изнесуваат непроверени информации и да не прејудицираат одлуки; во предметот сѐ уште нема донесено одлука.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска реагираше на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со оспорениот Закон за употреба на јазиците. Судот ги демантираше неговите наводи, оценувајќи ги како неточни информации кои не соодветствуваат со фактичката состојба.

— реклама —

„Во емисијата „Дебатен агол“ на Tevë1, објавена на 13 март 2026 година, од страна на поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски,  беше изнесена неточна информација поврзана со предмет кој е во постапка пред Уставниот суд.

Имено, беше наведено дека „некој, наводно обичен граѓанин, непознат на јавноста, поднел барање до Уставниот суд со кое се оспорува Законот за употреба на јазиците, односно дека истиот не е во согласност со Уставот и бара поништување на тој Закон.  Па бидејќи ние живееме во мала држава, сите веруваат дека зад тој обичен граѓанин сигурно стои политичка партија. Сега одеднаш, по неколку години практицирање на тој Закон некој вели да го преиспитаме тој Закон, да го консултираме Уставниот суд, како и дека „Уставниот суд веќе закажал расправа за ова прашање во следните месеци и може да биде голем проблем доколку Судот го поништи тој Закон“.

Уставниот суд укажува дека ваквите изјави не се точни и не кореспондираат со фактичката состојба. Имено, не станува збор за „подносител кој е непознат за јавноста”, туку за 13 иницијативи поднесени од 45 подносители, меѓу кои има и политички партии, професори, адвокати, здруженија и граѓани. Оваа информација во повеќе наврати изминатите години е јавно објавена од страна на Судот, во рамки на неговата заложба за транспарентност. Можете да ја прочитате и на следниот линк: https://ustavensud.mk/archives/31152

Судот исто така укажува дека, имајќи ја предвид сензибилизираната јавност за овој предмет, високиот степен на јавен интерес, особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации, без разлика дали се наменети за домашната или меѓународната јавност.

Дополнително, прејудицирањето на одлуката на Судот, како и изнесувањето претпоставки за можните последици од одлучувањето, претставува несоодветен пристап кој може да влијае не само врз угледот на Судот, туку и врз перцепцијата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата.

Уставниот суд ја информира јавноста дека во конкретниот предмет не е донесена одлука и дек“, велат од Уставен суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 2 месеци

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања