„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ПЕРИНСКИ

media-libraryuanrjvt8tmdd0vQQ0uF

Перински: Старт на нов Интеррег проект „Зелено за добро“

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имаше обраќање во Струмица на првата прес-конференција на проектот „Зелено за добро“, кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021–2027.Особено ми е драго што повторно за релативно краток период зборуваме за проект кој директно придонесува за заштита на животната средина — тема што е од исклучителна важност, особено во зимските месеци кога предизвиците со квалитетот на воздухот се најизразени“, истакна министерот Перински. Проектот „Зелено за добро“ има за цел намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот преку чиста енергија и одржлива мобилност, промоција на обновливи извори на енергија и паметно управување со енергијата, развој на зелена урбана инфраструктура и зајакнување на прекуграничната соработка.Вредноста на проектот за македонските партнери изнесува 673.228 евра, при што Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање од 134.646 евра.Министерот нагласи дека потребите на граѓаните од двете страни на границата се слични и дека токму ваквите партнерства овозможуваат подготовка и реализација на заеднички проекти кои одговараат на реалните предизвици на терен.На првиот повик на Програмата Интеррег VI-A ИПА за прекугранична соработка со Грција беа одобрени вкупно 19 проекти. Во Македонија има 36 корисници кои учествуваат во нивната реализација, со вкупен буџет од 8.661.751 евра, од кои 6.929.401 евра се финансирани од Европската Унија, додека пак 1.732.350 евра се национално кофинансирање.Перински го спомена и стратешкиот проект BorPres2 имплементиран во рамки на оваа Програма, поврзан со граничниот премин Маркова Нога, оценувајќи го како иницијатива од исклучително значење за подобрување на поврзаноста, мобилноста и економската соработка меѓу двете држави.Министерството за локална самоуправа останува силно посветено на поддршка на зелената транзиција, јакнење на локалните капацитети и максимално искористување на можностите што ги нудат европските програми.

Македонија | пред 4 часа

media-library3buhfgikii9ae0FHmGC

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.

Македонија | пред 1 седмица

24072024_Perinski_1

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал: Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Mинистерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.„Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали. Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки: - развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони;- препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони;- подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година. Право на поднесување предлог-проекти имаат: Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства. Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymrkjknuoonq34O6WKb0

Перински во „Јасен“: Инвестираме во превенција од шумски пожари

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени.Проектот се спроведува во рамките на првиот повик од ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како соработка меѓу четири организации од двете земји. Партнери од македонска страна се ЈПУЗПП „Јасен“ и Балканската фондација за одржлив развој.Вкупниот буџет за македонските партнери изнесува 458.370 евра, од кои 91.674 евра се обезбедени како национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.„Пожарите, особено во летниот период, кои оставаат пустош зад себе, како што сведочевме и минатата година во „Јасен“, предизвикуваат големи еколошки и економски штети. Нашата обврска е навремено да инвестираме во превенција и подготвеност за ваквите штети да ги спречиме, а не само да ги санираме.“, посочи министерот Перински во рамки на посетата.Преку проектот во областа „Јасен“ се зајакнуваат мерките за противпожарна заштита со набавка на специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции. Како дел од активностите се предвидува и обезбедување научна експертиза, спроведување истражувања за мерки за заштита од пожари и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест.„Со заедничка соработка, знаење, технологија и посветеност, ние не само што ги намалуваме ризиците од шумски пожари, туку ја поттикнуваме интеграцијата, одговорноста и активното учество на локалната заедница.“ истакна Ангеле Сотировски, директор на „Јасен“.Шумските пожари се сè поголем предизвик во услови на климатски промени, а овој проект носи конкретни решенија за превенција, рана детекција и заштита на биодиверзитетот.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања