Промени тема
Контакт

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал: Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
24072024_Perinski_1

Mинистерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.

„Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали.

 Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки:

 - развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони;

— реклама —

- препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони;

- подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.

Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

 Право на поднесување предлог-проекти имаат: Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

— реклама —

Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.

 Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

24072024_Perinski_1

Перински најави засилени контроли на боледувањата и лекувањата во странство

Македонија | пред 4 седмици

IMG_6436

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување

Македонија | пред 1 месец

IMG_6436

„Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка“, вели Перински

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysukgo8k05tpaaqBf264

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините, вели Перински

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања