Промени тема
Контакт

Перински најави засилени контроли на боледувањата и лекувањата во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
24072024_Perinski_1

Лекувањата во странство, контролата на боледувањата во земјава и трошоците за ортопедски помагала ќе бидат трите главни приоритети на новото раководство на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), најави директорот Златко Перински.

На денешниот брифинг со новинарите, Перински, кој ја извршува функцијата од 13 јули, се осврна на последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот во 2024 година и најави засилени контроли во областите што со години се посочуваат како најпроблематични.

— реклама —

Тој информираше дека ФЗО во изминатиот период исплатил околу 500 милиони денари, односно повеќе од осум милиони евра, за лекување на пациенти во странство.

Осврнувајќи се на боледувањата, Перински потсети дека Министерството за здравство и ФЗО веќе подготвиле предлози за промени, кои се доставени до лекарските комисии, Лекарската комора, Здружението на приватни лекари и Здружението на приватни гинеколози.

„Целта е системот на боледувања да биде поедноставен, побрз, потранспарентен и поотпорен на злоупотреби, истовремено обезбедувајќи соодветна заштита на работниците кои навистина имаат потреба од привремена спреченост за работа“, изјави Перински.

— реклама —

Тој нагласи дека Фондот ќе работи на засилување на контролите и поефикасно управување со средствата во областите што ревизорите ги идентификувале како најризични.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_6436

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување

Македонија | пред 1 месец

IMG_6436

„Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка“, вели Перински

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysukgo8k05tpaaqBf264

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините, вели Перински

Македонија | пред 2 месеци

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања