ПОЛИЦИЈА

kazni-policija-policaec

Приведен возач од Тетово кој возел 111 км/ч од дозволени 50

Вчера на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полицијата го привела Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км/ч на место каде максимална дозволена брзина е 50 км/ч.Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 9 месеци

policija-policaec-35

Кривична пријава против полицаец од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. - командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот. Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-01-12-at-10.20.09

Пукање и во Прилеп - полицијата постапува

Пријава за пукање во Прилеп стигнала до МВР попладнево. Од СВР Битола  за „Скопје1“ посочуваат дека се постапува по пријавата и детали најавуваат за подоцна.Дел од медиумите веќе јавуваат дека има повредени лица. Повеќе информации се очекуваат за подоцна.Ова е второ пукање во текот на денов. Претходното беше во скопско Волково, каде има двајца загинати.

Македонија | пред 10 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Херојски подвиг: Полицајци спасија дете од опожарена куќа, па завршија во болница

Независниот синдикат на полицијата објави за херојски подвиг на полицајци, кои спасиле дете од опожарена куќа. Откако го извадиле, и тие завршиле во болница.„На 03.01.2024 година, по пријава за пожар, од страна на Денис Месарош и Ибрахим Еминовски од полициска станица станица „Ѓорче Петров“, веднаш пристигнале на местото на настанот. Во запалената куќа забележале дека мало дете бара помош. Без да размислуваат за својата безбедност, тие влегле во куќата и успеале безбедно да го извадат детето, кое е пренесено на болничко лекување. Полициските службеници, и покрај тоа што вдишале чад, продолжиле да помагаат а истите и подоцна биле пренесени во болница за медицинска грижа“, напишаа од Независниот синдикат на полицијата и додаваат:Браво за храброста и пожртвуваноста на колегите! Ова е доказ дека сè уште има луѓе кои својата работа ја извршуваат со љубов и посветеност, дури и по цена на сопствениот живот. Нивниот подвиг заслужува почит и признание. Ние како Независен Синдикат на Полицијата сметаме дека ваквите примери од страна на МВР треба да бидат јавно истакнати, пофалени и наградени. Убедени сме дека во нашето Министерство има многу вакви позитивни примери, кои заслужуваат признание и поддршка“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Четири лица приведени за планирање терористички напади

Четири лица се приведени, поради планирање терористички напади низ Македонија врз цивилни цели и јавни објекти, како дел од акцијата која МВР ја спороведе на територијата на Гостивар и Струга. Определен им е притвор од 30 дена.Притоворот им е одреден поради сериозноста на делото, можност за повторување на истото и опасност од бегство, информират од Кривичниот суд. Повеќе детали околку оваа акција, но и акцијата во која беа разбиени криминални групи во Арачиново и Чаир попладнево на прес конференција се очекува да обелодени министерот за внатрешни Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

hrvatska-policija-561346134

Старец натепан во Центар

На 23.11.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје Ѓ.Ч.(76) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

27042024_PVRSM_XHAFERI-4

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР, присуствуваше и се обрати на Свечената промоција на новите полициски службеници.Во продолжение, ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Џафери:„Чест ми е што денеска сум овде на овој посебен ден за вас, припадниците на новата генерација полициски службеници.Ме радува и ви честитам што како млади луѓе сте донеле одлука да се ставите во служба на граѓаните и државата, да бидете на првата линија на нивната безбедност, што е благородна и во исто време многу одговорна должност.Денеска, сите ние присутни тука сме горди на вашата мотивација и истрајност за успешно завршување на едногодишната обука, овде во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.Знаењата и вештините што сте ги стекнале изминатава година преку интензивна обука, верувам дека како идни полициски службеници ќе ги применувате доследно во организациските единици каде што ќе бидете распоредени.Министерството за внатрешни работи има потреба од млади и нови луѓе, и убеден сум дека сите вие, 508 идни полициски службеници, имате таква амбиција за професионален развој и напредок.Ве охрабрувам да бидете чесни и посветени во спроведувањето на вашите должности кон граѓаните, да бидете горди на својата работа. Професионално да се справувате со новите предизвици на работа и да бидете подготвени за очекуваните одговори. За вашата професионалност и љубов кон професијата, да сведочат резултатите од секојдневната работа во секоја област на безбедноста.Вие станувате дел од ресор кој работи исклучиво, и само во служба на граѓаните, и никако поинаку! За полицискиот службеник, секој граѓанин е подеднакво важен, независно од личните определби, уверувања, или какви било други различности.За професионалниот полицаец, нема помалку или повеќе важна задача. Сите граѓани се еднакво исти пред законот и имаат еднакво исто право на безбедност. Како идни полициски службеници, очекувам преку сопственото поведение и труд да покажете дека, полицијата како институција е професионална, и успешно ги остварува своите законски надлежности и задачи.Почитувани присутни,Прашањето за безбедноста, на глобално ниво, се покажува како сè поважен и сè покомплексен предизвик. Безбедноста станува приоритетна глобална политика, а улогата на системот за внатрешни работи, особено на полицијата, е најважниот фактор за справување со таквите предизвици.Затоа, од голема важност е лично да ја стекнете довербата на граѓаните. Така ќе придонесете во подигањето на довербата на граѓаните во полицијата во целина.Сега, дозволете уште еднаш да ви честитам и да ви посакам да бидете чесни и професионални, посветени и храбри, пример за секоја идна генерација.Ви благодарам на вниманието!“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

(Видео) Полицаец се степа со обезбедување и колеги во казино, друг бил пијан на апарати - двајцата работеле на граница

Кривична пријава против еден и дисциплински постапки уште против тројца полициски службеници.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир. На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.

Македонија | пред 1 година

IMG_4243

Полицијата следниот месец ќе ги добие бонус платите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Собранието на Република Македонија кажа дека бонус платите до 2016 година не биле исплаќани.-Во однос на исплаќањето бонус плата, сакам да ја информирам македонската јавност дека од моментот на носење на Закон за полиција во кој беше предвидена бонус плата, до 2016 година, ниту една година по исполнети услови не беше исплатена бонус платата. Секогаш во тој период беа побарувањата преку судови за да можат тие полициски службеници кои оствариле поголем број на работни часови, или вкупно во годината над 150 работни часови, да добијат надомест кој им следува по закон. Во тој период се исплатени 12.5 милиони евра на финансиски средства кои практично значат исплата на адвокатски трошоци и сите други трошоци, кажа министерот Спасовски.Спасовски посочи дека откако тој раководи со МВР, исплатени се сите бонус плати.-За 2016, 2017 и 2018 година беа исплатени сите три бонус плати одеднаш за да се стопираат, односно да се повлечат сите тужби, и од тој момент наваму 2019, 2020, 2021 редовно секоја година се исплаќаат бонус плати, заради тоа што тие средства ги предвидовме во Буџетот. Така да, сега ниту има тужби по овој основ, ниту извршувања, ниту наплати. За 2022 година се потпишани решенијата и на 5 или 6 јуни сега, зависно од трезорот, ќе бидат исплатени повторно сите бонус плати за сите полициски службеници. Откако сум јас министер до денеска, нема ниту една година неисплатена бонус плата, ниту се создавани дополнителни трошоци коишто ги имаме по однос на овој основ, објасни Спасовски.

Македонија | пред 2 години

Fabric

Полициска акција во Струмица, затекнати малолетници по полноќ, а им се точело и алкохол

На 18/19.06.2022 во периодот од 21.00 до 05.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив.Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.

Македонија | пред 3 години

IMG_4868

Полицајци нападнати во Шипковица, биле принудени да пукаат

МВР информира дека двајца полициски службеници во село Шипковица биле принудени да пукаат во воздух откако биле нападнати од двајца жители на селото Гајре. Според полицијата, лицата требало да бидат приведени.Од полицијата велат дека А.М. (40) и Л.М. (39) биле пријавени за неколку инциденти, меѓу кои одземање пари и закани, а на едно лице му го одземале и добитокот.-При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Македонија | пред 3 години

IMG_4243

(ВИДЕО) Уапсени 17 малолетници, полицијата упадна во угостителски објекти

На 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип.Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.При спроведената акциска контрола на подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција.Против сите лица кои сториле прекршок ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

policija-i-inspekcija-3

Падна во рација со 14 лица: Полицаец наместо на работа се шетал со дрога низ Скопје

Од 02 до 04 јуни 2022 година во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица кај кои е пронајдена дрога (бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази...). Приведени се Ј.Т., Д.Ш., Ф.И., С.М., Л.П., Б.А., С.Л., Ф.Ј., Љ.П., Ф.С., О.Ј, Т.Г., Н.Б., Х.Г.,Во склоп на акцијата, во содејство со сообраќајната полиција, откриени се 30 лица, меѓу нив и малолетници, кои управувале возило без возачка дозвола, а одземено е и едно возило поради основи на сомнение дека потекнува од извршена кражба.Извршени се и над 70 прегледи на возила.Меѓу приведените е и Ф.И.(25)од скопско, полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени за натамошна постапка. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а најстрого ќе бидат санкционирани и полициските службеници кои ќе ги прекршат законите на било каков начин.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Ограбен полициски магацин со солзавци и шок бомби

Од магацин на полицијата во Охрид се ограбени солзавци, шок бомби и други предмети, потврди утринава регионалното СВР.Портпаролот Стефан Димоски вели дека се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, потврди гласноговорникот..Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања