ПОЛИЦИЈА

policija-2457

Жена пронајдена мртва во Гази Баба

На 27 септември 2025 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Гази Баба е пронајдена почината С.П. (87) од Скопје.Лекар излегол на местото и констатирал смрт без видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Скопје | пред 4 месеци

media-library8i39saravm1e3EiO524

СоцНет Медија: Масовни полициски контроли на Малта поради мигранти без документи

Малтешката влада, под притисок од јавноста и зголемениот прилив на мигранти без документи, воведе масовни полициски контроли на патиштата – сите возила и патници се проверуваат за регулиран престој и работни дозволи.-Денеска северниот дел на Малта беше комплетно блокиран од малтешката полиција и ЛЕСА, поради вонредна контрола на сите возила (и приватни и јавни превозни средства), во акцијата за намалување на нелегалниот престој во државата, во откривањето на луѓе без регулирани документи и без работни дозволи.Ова веќе станува скоро редовен процес наутро, со детална контрола на малтешките патишта посебно на позицијата кај Салини, Бурмарад и околу Марса.Без исклучок, се проверуваат сите моторни возила по цена и на застој во сообраќајот, а полициската контрола ја има дури и во автобусите внатре, кога од патник на патник, поедничено, им се проверуваат личните документи.Ова е нов пристап на владата која се соочува со преголемиот наплив на емигранти од азиските земји и е под голем притисок на јавноста за создадениот хаос со работна сила која скоро без никаква контрола се населува на островот.Фото: Unsplash

Свет | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Несреќа во Шуто Оризари: Договорот за исплата на пари пропаднал, случајот заврши во полиција

Во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавена сообраќајна несреќа која се случила на 1 септември 2025 година на подрачјето на Шуто Оризари.Според информациите од МВР, 20-годишниот Џ.Ш. од Скопје вчера, на 16 септември, околу 13:00 часот пријавил дека со свој електричен тротинет учествувал во судир со патничко возило марка „Мерцедес“. При несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Пријавителот изјавил дека со возачот на автомобилот се договориле тој да му исплати пари за лекувањето, но бидејќи тоа не било сторено, настанот го пријавил со задоцнување.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-13.02.56

Сведоштво: Заспиваме со врисоци на една жена, полиција доаѓа секој втор ден, но не делуваат туку држат лекции

По бруталното убиство на Росица во Велес, која беше ликвидирана заедно со својот татко, од нејзиниот поранешен партнер фоторепортерката Арбнора Мемети на социјалните мрежи објави потресно сведоштво за слична ситуација што се случува во нејзиното соседство.„Полицијата кај нас доаѓа речиси секој втор ден. Ова трае веќе една година. Заспиваме со врисоци на една жена и се будиме со нив. Полицајците доаѓаат, им држат лекции дека не треба да користат насилство, па си заминуваат,“ напиша Мемети.Таа откри и дека лично слушнала разговор меѓу полицаец и дежурен командир, во кој службеникот предупредил дека мора да се преземе нешто„Но, една ноќ доцна навечер слушнав еден полицаец како на телефон му се жали на дежурниот командир дека мора нешто да преземат за овој случај, бидејќи во спротивно е јасно дека e прашање на време кога ќе се случи убиство, а тие ќе одговараат затоа што не го евидентирале случајот. И така, доаѓаат и си одат, ќе доаѓаат и ќе си одат сè додека еден ден навистина не се случи тоа. Работата на МВР не е да посредува и да држи морални предавања за тоа како не треба да се тепаат меѓусебно, туку да делува. Од ваквото постојано однесување страдаат човечки животи.

Коментари | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-22.53.50

(Видео) Жена се соблече гола среде улица пред малолетници кај „Млечен“ во Карпош

Жена се соблече гола среде булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. Сведоци на ваквиот нејзин потег биле минувачи, меѓу кои и малолетници кои ја снимале и извикувале од страна. Од снимките кои ги доставија, се гледа дека таа прво го соблекла долниот дел од облеката, а потоа се соблекува и целосно гола.Засега не е познато дали реагирала полицијата, како и дали случајот бил пријавен. Нејасен е и мотивот за ваивкиот потег. Снимките покажуваат дека таа застанувала пред возила кои ја одминувале.

Скопје | пред 5 месеци

tepanje

(Вознемирувачки фотографии) Брутална полициска интервенција во Ваљево – претепани и приведени граѓани

Протестот „Вечерва пукате по шавови“, организиран од студенти во Ваљево, заврши со жестока полициска акција и бројни повредени граѓани. Според снимките објавени на социјалните мрежи и пренесени од Нова.рс, униформирани полицајци користеле прекумерна сила, а дел од демонстрантите биле брутално претепани.Напнатоста во градот траела целата вечер. На клучните раскрсници биле поставени двојни полициски кордони во опрема за разбивање демонстрации, кои го блокирале пристапот кон улицата Хајдук Вељкова. Присутните скандирале против актуелната власт, претседателот и полицијата, јавува Нова.рс.Видеата што кружат онлајн прикажуваат полицајци како тепаат граѓани, вклучително и оние кои се обиделе да се засолнат во влезовите на станбените згради. Според очевидци, полицијата влегувала по нив и продолжувала да ги удира.Еден млад човек бил нападнат од повеќемина припадници на полицијата во опрема за немири, а граѓаните сведочат дека органите на редот апселе и тепале без разлика дали лицата учествувале во протестот. Имало случаи кога полицијата влегувала во околните барови, извлекувала луѓе надвор и физички ги нападнала пред да ги приведе.

Свет | пред 5 месеци

policacec-ohrid

Нереди, насилство и дрога низ Охрид за Илинден: Четворица приведени во една ноќ

Илинденската ноќ во Охрид помина со серија инциденти – од тепачки во казино до запленета дрога на спортски терени и улици. СВР Охрид информира за четири одвоени случаи во период од само неколку часа, со повеќе приведени лица.Во 00:30 часот, на 2 август, во казино на улицата „Партизанска“, јавниот ред и мир бил нарушен со физички напад. А.Ф. од Охрид физички го нападнал сограѓанинот С.М. (34). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.Неколку часа претходно, на 1 август во 21:50 часот, на спортски центар во Охрид, бил лишен од слобода Д.Д. (26) од селото Тремник, Неготинско. При преглед, кај него била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја – сомнеж за дрога. Слична ситуација се случила и во 23:10 часот, кога полицијата го привела И.Ј. (41) од Охрид со иста материја во негово поседување.Утрината, на 2 август во 05:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“, бил приведен и К.Г. (28) од Љубљана, Словенија. И кај него, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја.Сите случаи се документираат и против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Охрид | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-19.14.32

(Видео) Тетовска полиција спречи самоубиство на млада девојка – приведен маж осомничен за посредување на проституција

Брза и навремена реакција на полициските службеници од СВР Тетово спречи трагедија во мотел во Тетово, каде што млада девојка се обидела да си го одземе животот.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денес околу 14:35 часот, по пријава од лицето Л.К., дека имал недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот, полициска екипа пристигнала на терен.На лице место, полицијата затекнала девојка која стоела на работ од прозорецот од собата, заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба од јавен обвинител, полицијата насилно ја отворила вратата и успеала да ја спречи во намерата.Девојката веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ е укажана лекарска помош. Во акцијата, еден полициски службеник бил полесно повреден.Истовремено, лицето Л.К. било приведено под сомнение за посредување при вршење на проституција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по завршување на истрагата ќе следуваат соодветни кривични поднесоци.

Македонија | пред 6 месеци

klekovski2062023

Во полицијата, царината и одбраната има најмногу боледувања, мотивот за земање е 90 до 100 процентна исплата на платата

Вкупниот број на осигуреници во здравственото осигурување надминува еден милион и 820 илјади, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис.Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски граѓани кои престојуваат во странство, а кои не се одјавиле од државата и продолжуваат да користат здравствено осигурување. Тој не ја исклучува можноста дека има и фиктивни осигуреници.„Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници“, истакна Клековски во изјава за медиумите.Од Фондот за здравствено осигурување ќе предложат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот на контрола при издавањето на боледувањата, за истите да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.„Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложиме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата“, вели Клековски.Тој вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот да земе боледување за да ги избегне работните задачи. „Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа”, изјави Клековски.Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување, што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедно дали се на работа или не. Друг фактор се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и дополнителна работа.

Македонија | пред 7 месеци

zagreb

Имал 1,88 промили алкохол во крвта, а возел слалом низ Загреб, полицијата го казни 2.800 евра

Четириесет и шестгодишен жител на Загреб направил низа прекршоци во неделата навечер, предизвикувајќи немири меѓу возачите со своето возење слалом. Околу 20:40 човекот се осмелил да вози кон исток по Љубљанската авенија со ниво на алкохол во крвта од 1,88. Најмалку еден километар, како што велат од полицијата, тој преминувал сообраќајни ленти.Сепак, полицијата го пречекала на раскрсницата на Загрепската авенија и улицата Свилковиќи.Полициските службеници утврдиле дека тој немал регистарска табличка за возилото што го управувал. Потоа му направиле алкотест, откриле и дека неговата возачка дозвола била одземена на почетокот на 2023 година.Резимето на постапката е апсење на несовесен возач кој бил придружуван од полицијата до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.Иако полицијата му предложи на судот да го прогласи човекот за виновен и да му изрече казна од 30 дена затвор со шестмесечна забрана за управување со возило од категорија Б, судот одлучи да го „удри“ по џебот со изрекување казна од 2.800 евра.

Актуелно | пред 7 месеци

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Притвор за битолчанец кој нападнал лекар и полицајци во казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен маж кој на 29 јуни во казино во Битола физички нападнал доктор од Итната медицинска помош, а потоа и двајца полициски службеници.Како што информира Обвинителството, лицето најпрво го нападнало докторот кој се обидувал да му укаже здравствена помош, удирајќи го со тупаница и нанесувајќи му телесна повреда. Подоцна, додека бил пренесен во Клиничката болница во Битола, продолжил да дава отпор на медицинскиот персонал, по што била повикана полиција.При интервенцијата, осомничениот ги нападнал и двајцата полицајци – ги удирал и им се заканувал.Обвинителството го гони за две кривични дела – напад врз здравствен работник при вршење дејност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Пијан возач предизвика сообраќајка во Кисела Вода – повредена жена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец, поради основано сомнение за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 297 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, на 16 јуни, во вечерните часови, осомничениот под дејство на 1,34 промили алкохол, управувал туѓо возило марка „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. Преминал на спротивната коловозна лента и со автомобилот удрил во „Фиат стило“ што доаѓало од друг правец.Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат“.Јавниот обвинител побара од судот да му се одземе возачката дозвола и да му се забрани издавање нова, најмалку до завршување на постапката. Како причина за предлогот се наведува реална опасност од повторување на дејствието и потребата осомничениот да не учествува во сообраќајот сè додека не се расчисти случајот.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-14.43.13

(Видео) Дел од полицијата на улица, бараат повисоки плати и праведна судска пракса: Не сме од втор ред

Дел од полицајците членови на Независниот синдикат на полицијата денеска протестираа на скопските улици. Тие се незадоволни се поради ниските плати и, како што велат, неправедната судска пракса. Порачуваат дека вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Според претседателот на НСП, Мартин Ефремов, мора да се почитува Законот за минимална плата.„Во моментов имаме илјадници предмети кои полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи во кој бараат да се досуди разлика до минималната плата. Полициската плата е составена од основна плата, плус зголемување, минат труд, додатоци, а по Законот за минимална плата основната плата не може да биде под минималната плата“, рече Ефремов во изјава за медиумите за време на протестот.Според претседателот на НСП, Ефремов, полицискиот протест пред судовите исто така е упатен и за изеднување на судската пракса на целата територија на државата. Во моментов има илјадници предмети кои полициски припадници ги водат против МВР во кои што бараат да се досуди разлика до минималната плата.„Во различни градови, судовите кажуваат дека на едни полицајци треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме. Со пресуди, одредени полицајци имаат наплатено и е докажано. За жал, скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до огромен револт и неизедначување на платите. Платите е многу едноставно да ги пресметате – треба да го помножите бодот со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, а бодот во МВР е 35,47 денари. Со години, полициската плата е многу под минималната. Доколку не се одважат на нашите барања, ќе ги известиме сите наши братски синдикати, амбасади и европски институции и ќе продолжиме со протестите. Нема да се откажеме од тоа што ни следува и од законот“, додаде Ефремов.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-07-at-10.20.25

Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде преку професонална, непоткуплива и етичка полиција, која ќе го гони криминалот без разлика дали стои зад позиција или пари. Најави дека ќе се инвестира во опрема, обука и достоинство.„Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси а не за правда. Пораките 'ќе средиме' и 'ќе се јавам' беа погласни од законот. Тоа време заврши. Во оваа држава нема веќе место за врски и непотизам. Законот важи за сите. Силата на државата не се мери со привилигиите на поединците, па и до најмоќните, но и најмаргинализираните. Корупцијата и организираниот криминал нема место во оваа држава“, рече Мицкоски.Тој додаде дека кога правдата премолчува, неправдата станува гласна.„Со вашата пожртвуваност, неправдата останува без можност. Безбедноста не е статистика, таа е чувство. Таа е кога родител без страв пушта дете во училиште. Бог да ве чува вас и Бог да ја чува нашата Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

policija-ubistvo-pishtol

Уапсен полицаец во Струмица: при проверка на пиштол кој требало да го врати, испукал куршум

На 30.04.2025 во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ.„На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје“, велат од МВР.По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања