Промени тема
Контакт

Притвор за битолчанец кој нападнал лекар и полицајци во казино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен маж кој на 29 јуни во казино во Битола физички нападнал доктор од Итната медицинска помош, а потоа и двајца полициски службеници.

Како што информира Обвинителството, лицето најпрво го нападнало докторот кој се обидувал да му укаже здравствена помош, удирајќи го со тупаница и нанесувајќи му телесна повреда. Подоцна, додека бил пренесен во Клиничката болница во Битола, продолжил да дава отпор на медицинскиот персонал, по што била повикана полиција.

— реклама —
— реклама —

При интервенцијата, осомничениот ги нападнал и двајцата полицајци – ги удирал и им се заканувал.

— реклама —

Обвинителството го гони за две кривични дела – напад врз здравствен работник при вршење дејност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања