„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

попис

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Првиот сет на податоци од Пописот, ќе бидат објавени денес

ДЗС денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот.Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен.Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…Според податоците објавени на веб страницата на Државниот завод за статистика веднаш по завршувањето на Пописот на 30 септември, попишани се вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Самопопишани лица во странство се 204.805 граѓани.Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, соглано нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Македонија | пред 3 години

Popis-2021-14-750x430-1

Објавени неофицијаните резултати од пописот

ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дојдовме, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 24,7 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава.Овие информации се неофицијални, а во четврток ќе бидат презентирани точните податоци.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби вели дека изјавите на директорот на Државниот завод за статистика се за жалење

Останаа уште само осум дена до објавувањето на резултатите од Пописот на населението. Првиот вицепремиер, Артан Груби, во гостувањето на тв 21 вели дека е задоволен од процесот, но не сакаше да ја коментира изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека откако ќе бидат објавени резултатите, тој ќе биде државен непријател број еден.– Има неколку изјави на директорот на Заводот, кои се за жалење. Јас знам, но ќе оставам тој да објасни. Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина беше извонредна работа. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се, тврди Груби.-Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14%, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес-рече Груби.Статистичките податоци од септемврискиот попуст, кој беше одложуван неколкупати, треба да бидат објавени на 30-ти март. Статистичката операција со 20 години задоцнување, конечно треба да го донесе вкупниот број на населението и домаќинствата.

Македонија | пред 3 години

popis-696x522

Пешевски за пописот: Што ќе славите во Филхармонија, ако резултатите се шокантни

Адвокатот Драган Пешевски на социјалните мрежи реагираше во врска со резултатите од пописот кои треба да бидат објавени кон крајот на месецот.„Симовски од статистика, обзнани дека по објавување на резултатите на пописот ќе бил државен непријател број еден, што претпоставува дека резултатите се шокантни, и очигледно ке бидеме несреќни од истите. Од друга страна закажува прослава во македонска филхармонија каде истите резултати ке ги објави...Што славите, кој тоа славите,зошто славите???

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања