ПРЕТРЕС

Screenshot-2024-11-06-191153

(Во живо) „Претрес“ пред Град Скопје: Собир за ужасниот превоз, мобингот, ЗОО, проблемите во Советот

Ја поканивме градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да биде наша гостинка, на нејзин терен, пред Град Скопје! До овој момент не нѐ удостои ниту со одобрение за отворено студио! Ќе дојде ли?•И да не дојде, во студиото ќе имаме пет гости! Ќе чуете што се прави зад затворените врати, детали за процесот на работа во Град Скопје, но и во претпријатијата како ЈСП. Ќе ви презентираме тужби од лица избркани од работа кои ја гонат и Арсовска на суд.•Ќе се осврнеме на превозот – секој ден има нов проблем. Зошто? Од прва рака ќе чуете со што се соочуваат и шоферите.•Љубица Јанчева ќе зборува за Советот кој ја кочи Арсовска, Трајко Славески за спрегата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска.

Скопје | пред 1 година

kosana-pretres

(Видео) Косана Мазнева за разрешувањето: Извршив долг на фирма за која ми кажаа дека е поврзана со Данела Арсовска

Косана Мазнева тврди дека направила присилна наплата на долг од фирма која се поврзува со Данела Арсовска во салата „Расадник“. Потоа, беше разрешена. Мазнева вели: „Можеби тоа беше причината“. Го покажа и документот за извршување! За првпат ќе чуете многу работи за Данела Арсовска односно нејзиното раководење со градот. Поткастот е на јутуб-каналот prvatvmk и веб: pretres.mk.?t=660

Скопје | пред 1 година

kosana-mazneva-nikolic

(Видео) Што превезуваат ѓубретарките на Комунална ноќе низ Скопје: „...Крв до колена, не попуштам!“

Што превезуваат ѓубретарките на Комунална хигиена низ Скопје?! Зошто група вработени „се тепа“ да биде трета смена?! Ова прашање се отвори во „Претрес“ со разрешената директорка Косана Мазнева.„Таквото однесување, блискоста на одредени полцииски структури со бандитската криминогена група да се ниво на ;брат не сме сме се виделе, викни го овој викни го оној'.. Дали мислите за 34 посто ноќен труд работеа, не ви е малку чудно?!“, вели Мазнева во дел од поткастот „Претрес“.Tврди дека заканите кон неа и нејзиното семејство, од „мафијаши“ во претпријатието биле грозни и живото-загризувачки.„Јас им кажав може крв да падне до колена на сред возен парк, нема да попуштам“, додава Мазнева.Сите нечуени детали:

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-01-at-09.24.51

(Видео) Данела со порака „Не можам повеќе да ти го поднесам однесувањето“ ја разрешила Мазнева: Тоа е лоша категорија на луѓе!

Ја знаеме ли воопшто која е Данела Арсовска? Ова е едно од прашањата кое се отвори во „Претрес со Ландов“, каде гостинка беше разрешената директорка на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева.„Никогаш не сте на чисто. Тоа е многу лоша категорија на луѓе.. Кога ќе видите со кого си имате работа велите оп-стоп!“, вели Мазнева.Мазнева остана со Арсовска, кога ВМРО-ДПМНЕ крена раце од градоначалничката. Сега, Мазнева посочува дека Данела е НЕСРЕЌНО РЕШЕНИЕ.Разрешената директорка на „Комунална“ за првпат раскажа многу нечуени и неверојатни детали за градоначалничката Данела Арсовска! Меѓу другото и за тоа - која порака и ја пратила кога ја разрешила. Многу работи ќе ве изненадат во овој поткаст со Косана Мазнева.?t=663

Скопје | пред 1 година

Kosana-vo-Pretres

(Видео) Мазнева-Николиќ: Данела Арсовска беше лошо решение, но кукавички чин е да се откажете од личноста која сте ја поддржале

Косана Мазнева-Николиќ, сменетата директорка на Комунална хигиена, во поткастот „Претрес“, рече дека Данела Арсовска беше лошо решение за градоначалник на Скопје.„ВМРО-ДПМНЕ ја утна работата со изборот на Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на Скопје. Сакам да им се извинам на граѓаните што бев дел од таа приказна”, рече Мазнева-Николиќ.Таа нагласи дека брдо пари беа потрошени за кампањата на Арсовска за градоначалник, но кукавички чин е да се откажете од личноста која сте ја подржале.

Скопје | пред 1 година

kosana1

(🔴Во живо) „Претрес“ на Косана Мазнева: за Данела Арсовска, „мафиите“ во Комунална, (не)чистотата во Скопје

Змии и глувци ни шетаат низ центарот на Скопје. Препознатлива слика за скопјани се полните и смрдливи контејнери. Ова треба да го решава првата градска дама Данела Арсовска со нејзините соработници, кои кај нејзе имаат и краток рок на траење. Во овој „Претрес“ ќе го соголиме проблемот на скопјани, но и работењето на Арсовска во комуналниот дел. Кој до волку го изгнаси Скопје?Едно време добри пријателки и соработнички... Ја расипаа калимерата... Каде и зошто пукна тиквата помеѓу Данела Арсовска и Косана Мазнева? Каква е состојбата во Комунална хигиена? Зошто градот е во лоша комунална кондиција?Вергла не пали, луфта на предница, тропа мењач, не шалта мењач – се дел од дефектите поради кои возилата за подигање на смет се вон функција.Koј го изгнаси Скопје до овој степен? За мафијашките структури кои ги збореше Арсовска, борбата со ветерници, клоцата по фалбите, тендерите... ќе ја претресеме Косана Мазнева, ексдиректорка на Комунална хигиена..Има ли надеж за ова претпријатие?! Дознајте сега, во живо во „Претрес со Ландов“:https://www.youtube.com/live/cCwc_8u_ofc

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-10.40.35

(Видео) Самка призна: Го искористил законот кој го пропагираше за да неговата фирма не врати милиони на државата

Експратеникот Самка Ибраимовски, за кого „Скопје1“ пишуваше дека е сопственик на фирма која не вратила долг од 29 милиони денари, во поткастот „Претрес со Ландов“ јавно призна дека го искористил законот кој го пропагираше за да долгот му застари.Во поткастот тој зборува дека овој закон е за да се ослободат сиромашните граѓани од должничко ропство, а од друга страна, призна дека тој е добро ситуиран, но го искористил за да не ги врати парите кои му ги барала државата со правосилна судска пресуда.Ибраимовски вика дека се залагал за овој закон оти има 200 илјади граѓани кои се дадени на изршител, а долговите можат сега да им застарат. Но, истиот закон ретко и кој го искористи - бидејќи два членови кои се однесуваат на застарувањето се укинати од Уставниот суд.Целата дебата, погледнете ја тука:?t=4532

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-26-at-11.10.59

(Видео) Таткото на Самоил убеден дека детето е мртво: тврди дека полицијата била платена за да не го најдат син му

Љупчо Костадиновски, таткото на Самоил (внук на Љубе Бошковски) водел своја истрага за синот, за кого рече “ваљда се занимавал со дрога” со обвинетите за неговото грабнување.Тој изнесе негови шокантни тврдења за случувањата.Ја обвини и полицијата, но нема докази.?t=606

Македонија | пред 1 година

Samka-vo-Pretres

(Видео) Самка Ибраимовски: Има политичари - палачинки и оние кои ја кажуваат вистината

Самка Ибраимовски, гостин на „Претрес“ со Ландов, рече дека има политичари-палачинки кои се патриски полтрони и оние кои ја кажуваат вистината„Не играв со сите Влади, пратеник станав на листата на СДСМ“, рече Ибраимовски.И Груевски и Заев имаат добри и лоши работи, но не кажа кој е подобар.Во врска со фрлената кашикара во партискиот штаб очекува брзо разрешување иако не знае кој го направил тоа.„Не се извинувам на извршители кои го исцицаја народот”, рече Ибраимовски.

Македонија | пред 1 година

Tatkoto-na-Samoil-vo-Pretres

(Видео) Таткото на Самоил за Претрес: Немавме влијание со Љубе Бошковски, полицијата не ја заврши работата

Амфасот кажуваше дека бил поврзан со Самоил и со полицијата, рече во „Претрес“ со Ландов, Љупчо, таткото на Самоил.„Немал Самоил на никого наштетено. Имав сознанија од еден инспектор дека трошеле и од организиран криминал му давале пари.Парите се целта.Немавме влијание со Љубе Бошковски”, рече Љупчо. „Немаме, рече сознанија, каде го однеле Самоил“.„Полицијата не ја заврши работата”, рече таткото, не прецизирајќи кој ова му го кажал. Не потврди дека одел по семејства на обвинетите за да ги убедува кој е виновен и не се заканувал никому.„Нека кажат каде е син ми, каде е утепан и закопан, тоа ме интересира, јас не верувам дека полицијата ја заврши работата”, рече Љупчо.Прво го фалел Оливер Спасовски, но сега тврди дека полицијата не ја заврши работата и го заташка случајот.

Македонија | пред 1 година

Tatkoto-na-Samoil

(Видео) Таткото на исчезнатиот Самоил: Ваљда имал поврзаност со дрога, не сум му светел, бев во Бугарија

Во „Претрес“ со Ландов, гостин е Љупчо, таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошковски, Самоил Костадиновски.Таткото рече дека Веле Бикот бил последен што комуницирал со Самоил. Горан Бапче, началникот на организиран криминал, се јавил дека Самоил бил убиен.„Ваљда имал поврзаност со дрога.Јас си бев во Бугарија и не знам што правел, не сум им светел.Милион посто нема никаква поврзаност со марихуана. Хероин немал. Самоил имал со него пари, 40.000 евра од кај му се?”, рече таткото кој потврди дека лежел за дрога, но тоа нема врска за случајот. Не сакаше да каже за што лежел во затвор во Германија шест години.Александар Трпевски, како што рече гнасата, прашал од кај му се парите а сакал возило да купи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-23-at-20.59.23

(ВО ЖИВО) „Претрес“ на таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошковски, па на Самка Ибраимовски за ивршителите, бомбата, Ромите

Оваа среда ќе го претресеме исчезнувањето на внукот на Љубе Бошковски и делувањето на Оливер Спасовски, но и Самка Ибраимовски, стопанственик кој многу сака да е и политичар, а го гонат за закани кон уставни судии.По ексклузивниот разговор со уапсениот за исчезнувањето на Самоил Костадиновски – ќе бараме одговори во живо од татко му, Љупчо Костадиновски. Има ли и кои се нарко шемите, знаел ли дека син му е дилер, зошто пукаа во него – дали станува збор за бизнис шема од татко на син?Во студиото ќе го имаме и Самка Ибраимовски. Кој фрли бомба во неговиот штаб? Се бореше за граѓаните контра извршителите или за својот џеб? Дали и кому должи? Зошто претседателот на Уставен суд, му поднесе пријава со тврдење дека му се заканувал по животот?Гледајте „Претрес“, во живо. Заедно претресуваме:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-20-at-11.40.34

(Видео) Какви пораки разменувала Русковска со Боки 13: Рече дека не бришела и го отвори телефонот пред камерите

Разрешената обвинителка Вилма Русковска беше гостина во поткастот „Претрес со Ландов“, каде се разговараше за многу постапувања од нејзина страна во текот на кариерата. Меѓу другото за „27 април“ и за „Рекет“. Нејзе и беа покажани пораките кои Бојан Јовановски-Боки 13 и јавно ги објави, на што таа кажа: Да, сум имала комуникација.Во пораките имаше нарачки на камери, покани за ручеци во Белград, приватни комуникации. Вилма Русковска ги искоментира.?t=4455

Македонија | пред 1 година

vilma2

(Видео) Русковска најави „ас“ во ракавот за СДСМ: Koј и како ја спакувал

Разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во „Претрес“ кај Ландов тврди дека има „ас“ во ракавот за СДСМ ако одат на суд.Долги објаснувања за тоа „кој ја спакува“.Таа смета дека е СДСМ, но вели со добра помош и од ВМРО-ДПМНЕ.Целиот Претрес можете да го погледнете во видеото.

Македонија | пред 1 година

Vilma-vo-Pretres

(Видео) Русковска: Со Заев не сум правела пазар, но тој ми бараше полесна квалификација на делото за 27 април

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во „Претрес“ кај Ландов.„Професионално го сработев предметот. Не сум правела селекција. Захарие Симовски беше осуден“, рече Вилма Русковска.Ландов во емисијата ѝ покажа изјава дека Симовски носел оружје, признал во судница, но бил амнестиран.Негираше дека имала пазар со Заев. Не одговори конкретно колку пати се слушнала со Заев.„Заев ми бараше да биде полесно кривично дело за 27 април поради уставните измени”, вели Русковска, но тоа за неа не било влијание.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања