ПРЕТРЕС

Screenshot-2024-02-23-at-10.05.21

(Видео) Македонка брутално убиена од сопругот во Германија - крвопролевањето се случило пред очите на детето

Македонка брутално е убиена во германскиот град Есен, пишува „Билд“. Станува збор за 41-годишна жена од Кавадарци, која живеела таму заедно со нејзиниот 9-годишен син. Бруталното убиство се случило пред очите на нејзиниот син, пишува германскиот медиум. Имала тешки повреди и обидите за спас од страна на Итната помош биле неуспешни. Првичните информции на „Билд“ говорат дека случајот го пријавил повозрасниот син кој има 16-години. Дома, затекнал како неговиот помал брат стои пред заклучената врата на станот. Внатре, ја затекнале жената искрварена. Осоминчен е таткото, кој има 47-години и македонско државјанство.Мажот е уапсен откако првично се дал во бегство. Бил фатен во соседен град и не давал отпор.Essen: Ehemann ersticht Ehefrau zu Hause – vor den Augen ihres Sohnes? | Regional | BILD.deОва е второ убиство во Есен за неколку дена. Претходно, германските медиуми известија дека бил убиен 32 годишен Македонец.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-02-23-at-10.39.18

„Во МТВ се земаат возачки на лица кои не доаѓаат лично“ - сведоштво за хаосот во институциите

Сабина Факиќ, сподели искуство од пунктот на МВР во МТВ каде се подигнуваат личните документи.„Во пунктот во МТВ еден работи на издавање возачки дозволи, а документите се послани дел на биро, а дел на под. Доаѓа негов колега и прашува каде се подредени итните возачки и како одат буквите и наоѓа возачка дозвола за извесното лице (кое не е присутно) и мртов ладен се потпишува и ја зема.Го прашувам – како тоа зема туѓа возачка дозвола, на што дрско ми возврати која сум јас да го прашувам и ме упати да се жалам кај началничката. Му реков дека не ми е тоа намерата туку да го засрамам јавно затоа што од таквите како него е созададен хаосот во институциите. Вработениот кој ги издаваше возачките молчеше. Виновни се и двајцата. Случајно или не, по кавгата мојата возачка дозвола не можеше да се најде“, пишува таа.Голем дел од граѓаните не и по еден месец не ги добиваат документите, без разлика дали ги вадат по редовна или итна постапка.

Коментари | пред 1 година

joseski-isceznat

Прилепчанец исчезна пред два дена, пронајден е мртов: „телото е дадено на обдукција“

Прилепчанецот Александар Јошески по кого се трагаше два дена, синоќа е пронајден мртов, објавија членовите на неговото семејство.„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е веќе меѓу нас“, напишаа од семејството.Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар „Цуцуло“. Од МВР велат дека телото е дадено на обдукција.„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, информираат од МВР.

Македонија | пред 1 година

2022-06-22_08-07-32-256

(ВИДЕО) Претреси во Скопје, пронадени 400 грама кокаин

На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања