ПРЕТРЕС

TAMNEL

(Во живо) Ќе се појави ли Данела во „Претрес“: Екссоветникот ќе го „соголува“ нејзиното работење, ние ги тресеме нејзините реков-пореков

Градската мајка Данела бега од соочување со јавноста, но за нејзиното постапување постојат сведоци. Додека таа се крие, нејзиниот екссоветник Умејр Мухамеди, кој е дипломиран правник, за Арсовска ќе рече: „Господе, прости ни ги гревовите“.Ќе ги анализираме тендерите, исплатите, платните списоци. Ќе го чуете и нечуеното.Зошто е градот нефункционален? Зошто Данела има мускули само кога се заканува со тужби? Програмата остана парче хартија за рециклажа. Не се повлекува иако очигледно е дека нема моќ за нејзина реализација.⚡️Арсовска бега од „Претрес“. Јавна покана и до неа, 21 часот, ја чекаме во нашето студио.Следете нѐ во живо:

Македонија | пред 1 година

apasiev-mijalkov

(Видео) Апасиев: Мијалков е хохштаплер

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го поврзуваа со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, а тој во „Претрес“ одговори дали муабетите држат вода. Средби, финансирања и разни муабети.. Што е вистина, а што не?На прашање што мисли за Мијалков, лидерот Апасиев рече: „Хохштаплер“.Раскажа и за заканите од телохранителот на Мијалков кој му ги упатил нему.Целиот поткаст:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-04-at-16.26.46

Апасиев: Ги повикуваме сите чесни членови на СДСМ затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во своето гостување во емисијата ,,Претрес со Ландов", го повика гласачкото тело на веќе распаднатата СДСМ да се приклучи кон Левица.- Ние имавме една герила - акција на Црвена младина со која се обративме до гласачкото тело на СДСМ. Бујрум за сите чесни членови на СДСМ, затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ, сакале тоа да го признаат или не - истакна Апасиев.Црвена младина ја испрати пораката со истакнување на транспарент со натпис: ,,Другари, вратите во Левица ви се отворени!"- Треба да правиме разлика под таа комуњарска номенклатура, којашто била како бубрег во лој уште од времето на Југославија. Тоа ви се династиите: овие кои ги имаме ние на УКИМ каде сè нивните се најдобри, нивните за сè ги бива, ама не се сите дека ги бива. И таа номенклатура е преточена подоцна во СКМ-ПДП и подоцна во СДС. Додека оние луѓе кои се левичарски настроени, кои се анти - ВМРО, кои се анти - десничари и таа некоја класа, средна до некаде висока - средна класа, едноставно, остана незастапена, затоа што местото нивно во СДС го земаа бизнисмените - дообјасни Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Najava-za-fejsbuk-1-copy

(ВО ЖИВО) 🔴 „Претрес“ на Димитар Апасиев

Нема да ве стреламе, ниту бесиме – а ќе го претресеме Димитар Апасиев, лидер на Левица и пратеник.➡️Очекуваа од осум до 12 пратеници, добија гласови за шест. Ветуваа „нема Влада без Левица“, но не стигнаа до „Илинденска“. Има ли уште шанси да си се допаднат со ВМРО-ДПМНЕ?⚡️За „северна“ и НАТО, националистичките заплашувања, теоријата и праксата, за тоа што е убаво да се чуе и невозможно да се реализира...🔴Следете „Претрес, 21 часот, во живо:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

(Видео) Таравари: Не би студирал медицина во Струга, јас сум против факултетите каде се запишуваш и по 3-4 години да си купиш диплома

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе бара ревизија на сите медицински факултети во Македонија.Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ прашан дали би студирал медицина на факултетот во Струга во јавноста познат како „факултетот на Мерко“, одговори: „Јас не би студирал. Ќе треба ревизија. Јас сум против сите универзитети каде постојат сомнежи, искрени сомнежи, дека се запишуваш и по 3-4 години можеш да одиш да купиш диплома“.Таравари додава: „Сметам дека треба да се направи ревизија на сите универзитети. Се надевам посебно за медицинските факултети. Јас ќе имам состанок со деканите на медицинските факултети, а посебно и со министерката за образование која е професорка која е ценета и квалитетна“.Вчера, на првата владина седница, беше донесена одлука со која се укинува изучување на медицинско образование на факултетот во Струга.?t=2138

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

(Видео) Повеќе се исплати да се работи како таксист, отколку како доктор во Брза помош: фалат минимум 100 работници

Итно мора да се средува состојбата во „Здрвствен дом-Скопје“, кои се надлежни за Брзата помош. Недостасуваат 150 лица да бидат вработени, за да има доволно медицински екипи. За ова, министерот за здравство, Арбен Таравари отворено зборуваше во поткастот „Претрес со Ландов“. Тој посочи дека ова мора да се надмине, како и дека граѓаните веќе сведочат дека Брзата помош воопшто не е брза. „Мислам дека Здравствен дом, веднаш треба да се интервенира. Знам дека задоцнуваат со давање здравствени услуги. Повеќето кажуваат дека доцнат, но доаѓаат. Ќе мора да поставиме можеби уреди за да се следат автомобилите каде се движат и да се надгледува каде се даваат здравствени услуги, да се контролираат“, рече Таравари и додаде дека платите се прениски:„Ми кажуваат дека плата на општ доктор добива 35.000 или 36.000 денари. Повеќе му се исплати да работи како таксист“.Здравството тоне во проблеми, сите ги ставивме на маса во поткастот со Таравари:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-28-at-12.01.02

(Видео) Таравари: Не можам да кажам дека непартиски ќе поставувам директори, економските ќе се укинат до септември

Министерот за здравство, Арбен Таравари, во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека од септември нема да постојат економски директори на клиниките. Тој е дециден дека ова ветување ќе го реализира во овој временски рок. Посочи и дека стручноста и професионалноста ќе бидат главни критериуми за новите директори на Клинички, но не отфрли дека улога ќе има и партиската припадност.„На Клинички ми е многу полесно, знаеме кои се добри кадри. За периферија ми требаат консултации, можеби ќе задоцнам малку. Не мора да се сменат сите директори. Ќе се обидам што помалку да има влијание политиката, но не можам да кажам дека апсолутно непартиски ќе поставувам директори“, рече Таравари.Клинички ќе се спојува, систематизацијата се работи. Дигитализација на здравството ќе има за две години - откри што значи тоа. Матичните доктори ќе имаат друг начин на финансирање и земање капитација. Пак ќе се бара нова локација за Клинички. Што ќе се прави со Онкологија?Погледнете од одговорите на Таравари:https://www.youtube.com/live/fROrWD9f3Yo

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-3990PM

(Видео) Застрашувачки изгледаат дел од хируршките сали: мириса на изгорена гума

Застрашувачка слика затекнал министерот за здравство, Арбен Таравари кога ги посетил хируршките сали на Клинички центар. Тој тоа го сподели во поткастот „Претрес“ каде кажа дека изгледало неубаво. Според него, за сите да бидат функционални, ќе требаат помалку од шест месеци. Проблемот со миризбата на изгорена гума, ќе се надмине со инсталирање на нов систем.„Ми кажуваат дека треба шест месеци, ќе се обидам порано од тоа да завршиме, инсталација на комплетно нов систем, со гаранција“, рече Таравари.Нема точна бројка колку пациенти чекаат за операција.„Апсолутно е срамота да чекаат“, додаде Таравари.Извештајот од Германија нема да смени ништо во тоа како треба да се реши проблемот.„Повеќе губиме сега финансиски, со неработење, отколку да се смени системо“, посочи тој.Ги претресовме сите клиники и болници – проблеми куп. Како ќе ги реши? Дали ќе ги реши? На Кардиохирургија тепачка, на Онкологија гужви и несоодветни услови, на Радиологија додека стигнат исчитани резултати луѓето оздравуваат, Брза помош има листа на чекање иако е „брза“... Ќе се разбуди ли комираното здравство или ќе има клиничка смрт?Судривме куп ставови:?t=3140

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

(Видео) Македонската химна не ја знае на памет, „голема Албанија“ не осудува, од Села разочаран - Таравари бара нов Устав

Министерот за здравство, Арбен Таравари во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за кавгата со Зијадин Села, за македонската химна, желбата за итна и целосна промена на македонскиот Устав. Тој бара децентрализација со која, на пример, болниците ќе ги контролира градоначалникот. Уверува дека има македонско знаме во кабинет, а македонската химна не ја знае, иако не се изјасни дали ја прифаќа како негова.„Не ми пречи. Кај што има настани, мора да се почитува. Има работи кои мора да се почитуваат. Некој кажува не го користам Северна Македонија, не можете нешто што е во Уставот да не го почитувате“, вели Таравари.Прашан дали ја знае македонската химна, Таравари одговори: „Ако ме прашувате на памет, не ја знам“, а на потпрашањето дали е срамота да не ја знаете химната на државата која ве расте и ве образува, тој одговори: „Ако ме прашате една песна да ви кажам на памет, не знам ни една“.На прашањето дали ја знае албанската химна, рече: „делумно да. И македонската делумно ја знам. Меѓутоа песните, ниедна не знам“.Во ВЛЕН од каде тој доаѓа е и Орхан Муртезани, кој изјави дека македонската химна никогаш нема да биде испеана од Албанец, а Таравари му порача: „Треба да бидеме внимателни во изјавите кои ги даваме. Сите сме емотивци и знаеме од несмасност другиот да се осеќа лошо“.Таравари не го осуди веењето на знаме со т.н. голема Албанија во Тетово, а даде и свое објаснување во дебатата, зошто молчи на вакви појави:

Македонија | пред 1 година

adfgafa

(Видео) „Груевски мислеше дека нѐ победи“, Катерина Цаневска раскажа за А1 телевизија и како дознала дека е прислушувана

Катерина Цанеска е еден од најпознатите телевизиски новинари, како и едно од заштитните лица, но и глас на згаснатата А1. Во “Претрес со Ландов” раскажа за моментите пред и по затворањето на најгледаниот медиум. Цаневска посочи дека Груевски само мислел дека ги победил, но во пракса тоа не било така.„А1 во еден период беше блиска со власта, а потоа газдата се закара со раководството на тогашната владејачка партија, а не бевме најомилена, туку најомразена телевизија“, рече Цаневска.Таа раскажа како открила дека е прислушувана.„Добивавме деманти на уште неемитувани вести. И по тоа знаевме дека се прислушувани тие разговори. Тогаш ме прислушуваа на четири телефони, дури и на приватниот преку кој зборував само со мајка ми“, додаде Цаневска. Таа ја опишува А1 телевизија како „чуден феномен“.„Условите беа многу полоши од другите телевизии. Од тој момент, многу падна цената на новинарскиот/снимателскиот труд“, посочи таа.

Македонија | пред 1 година

Thumbnail-4

(Во живо) „Претрес“ на Катерина Цаневска: за „Онкологија“ војната во 2001 година, затворањето на А1, тепачките во Собрание и Центар

Ќе дознаете како е да ја преживеете војната во 2001 година, бегалската криза, црниот понеделник, тепачките во Општина Центар.. Новинарката Катерина Цаневска за првпат во јавност и ќе раскаже сѐ што досега не сте слушнале!Помина низ претседателската вила, Општина Центар, Собрание, телевизиите МРТВ И А1.Моментално, ја бие најтешката битка, битката со ракот. За случувањата на Онкологија дознавате од прва рака и ЕКСКЛУЗИВНО.ВО ЖИВО:https://www.youtube.com/live/Z3MTfsaLrJc

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-19-at-21.28.32

(Видео) „На Торакална ме отпишаа, рекле ќе живеам уште шест саати, добра сум и по девет месеци“ новинарката Цаневска раскажа за борбата со канцерот

Новинарката Катерина Цаневска во детали за поткастот „Претрес со Ландов“ за борбата со ракот. По десет години, започнала со лекување. Пред да падне во бессознание, побарала и песна со која да се опростат од неа. Цаневска рече дека тоа биле страшни денови.„Бев два дена во бессознание“, рече Цаневска.Завршила на Торакална, а докторот ја отпишал од живите.„Тоа што го преживеав на Торакална, не сакам никој да го преживее. Рекле дека ќе живеам шест саати и да ме земат дома, за да ме снема дома, да починам дома“, рече Цаневска, па додаде: „На блиските им рекле: ’Толку е од неа, само весело и толку од неа, рекле, а мене ми остана нејасно што е тоа ‘само весело’. Од тие шест саати поминаа девет месеци, добра сум, се радувам на животот“.На Онкологија ѝ кажале дека треба да прима лек наредните три години, а таа ги прашала од каде се оптимисти дека ќе живее толку, на што превртувале очи.Следете го поткастот со неверојатна приказна:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-18-at-10.56.47

(Видео) Можеби јас требаше порано да заминам од политиката, рече Јанкулоска прашана за грешките кои ги направила

Требаше порано да заминам од политиката, вели ексминистерката за внатрешни работи и осудена за „Тенк“, Гордана Јанкулоска во „Претрес со Ландов“. Таа смета дека два мандати се доволни за една политичка функција. Смета дека човечки е да се греши, а грешките треба да се поправаат.„Секогаш кога човек ќе погледне од временска дистанца, може да најде грешки, може да најде постапки и проекти со кои се гордее. Еве ако треба да речам нешто е грешка, а секако грешки има, можеби јас требаше порано да заминам од политиката. Кога сте предолго на една позиција, таа безмислосно ве троши. Тоа е завршено прашање“, рече Јанкулоска.Таа додава: „Можеби не требаше да бидам девет години министер. Можеби два мандати треба да бидат максимум за било која политичка позиција.Во поткастот, Јанкулоска даде одговори на досега непоставени прашања, но и ставови какви што не се очекуваа од неа:

Македонија | пред 1 година

zaev-jankuloska

(Видео) Јанкулоска добивала сугестии како да не заврши во затвор, нема зошто да му се извинува на Заев, а тој треба да размисли да и се извини на неа

Ексминистерката за внатрешни работи и осудена за „Тенк“, Гордана Јанкулоска, во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за пораките кои и биле испраќани и советите кои и биле споделувани, за да се спаси од одење во затвор.„Од самиот почеток јасно ставив до знаење до каде е границата кога сум јас во прашање. Иако кон мене немаше директна понуда структурирана на начин ‘направи го ова, за да добиеш тоа’, сепак, имаше од време на време по некоја добронамерна сугестија, како би можеле некои процеси да течат поинаку, споделени размислувања. Тоа беа најчесто луѓе кои доаѓаа во кругови каде јас се движам, ги познавам. Не се тоа луѓе директно од кругот кој ги водеше постапките, ама некако до нив стигале тие пораки, па тие ќе ги споделеле“, рече Јанкулоска во поткастот „Претрес“.Прашана, што ја советувале тие „добронамерници“, додаде: „Тоа најчесто беше, абе види тој не го закачаат, овој не го закачаат, ти можеби ако не збориш многу и тебе ќе те остаат на раат. Тоа беше меѓуредови...“.Јанкулоска кажа дека останала верна на принципите и вредностите.„За да се извинам на некого, треба да имам причина. Јас немам проблем да се извинам, ако навистина постои причина. Човечки е да згрешиш, да ја препознаеш грешката“, рече Јанкулоска на прашањето дали ако му се извинила на Заев или СДСМ немала да заврши зад решетки.Прашана, дали Заев треба да и се извини на неа, посочи: „Па мислам дека треба да размисли на таа тема“.За деталите и одговорите на многу досега непоставени прашања:

Македонија | пред 1 година

jankuloska-janeva

(Видео) Јанкулоска не ги поштеди Јаева, Русковска, Кацарска

Ексминистерката за внатрешни работи и осудена за набавката на лускузниот „мерцедес“, Гордана Јанкулоска, во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за односот со ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева во затворот и даде мислење за неа. Потоа, опиша и како судијката Добрила Кацарска се однесувала на рочиштата кои ги водеше за предметот против неа.„Ние за воља на вистината бевме сместени во исто крило, во огромна близина. Се трудев да имам пристојна комуникација како со сите други, но блиска комуникација и длабоки разговори – не“, рече Јанкулоска, а на прашањето како би ја опишала со една реченица додаде: „Како личност можеби е последната која требаше да биде на таа позиција“.Јанкулоска зборуваше и за Кацарска: „Со еден збор, немам добро мислење“.„Професионалец не смее да биде инструмент. Таа беше инструмент за тогашната власт. И од денешна и од тогашна перспектива, поставете си го прашањето, како сите предмети важни за тогашната владејачка гарнитура, АКМИС-от да ги додаде кај ист судија и да имаат ист епилог. Таа не се воздржуваше да ја покаже својата пристрасност. Таа беше казнета за кршење на човековите права“, додаде Јанкулоска.Во поткастот зборуваше и за обвинителката Вилма Русковска, нејзиниот поранешен соработник Иво Котевски кој сега е дел од тимот на Мијалков. Меѓудругото, раскажа и за Ставревски, како и за односот со Мартин Протуѓер.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања