ПРЕТРЕС

gordana-jankuloska-mijalkov

(Видео) Ќе има ли второ полувреме Јанкулоска-Мијалков: Никогаш не ми се извинил, не сум го прашала дали имал недоверба, одговорот не ја менува реалноста

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за нејзините односи со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Таа е убедена дека прислушуваењето и бомбите излегле токму од оваа институција. За неа, со застарувањето на предметот - не е ништо изгубено. Откри што може да се направи за да се утврди одговорност и да се донесе правда за сите кои се дел од „бомбите“.„Па не ми се извинил“, рече Јанкулоска, а прашана дали треба, додаде: „Па ќе видиме, времето е пред нас“.Посочи дека Специјалното јавно обвинителство не ја исполнило клучната улога - да открие и да лоцира вина кај тие што прислушувале.„Се друго се направи освен тоа. За мене тоа е болка, незаконското прислушувње, без разлика што нема мој придонес, и јас сум на врвот од лицата кои се највеќе прислушувани, беше во мандат кога јас бев министер. Тоа беше огромен пресврт во мојот живот и мојата кариера. Мојот живот се сврте наопаку“, додаде таа.Прашана дали толку Мијалков имал недоверба во неа, одговори: „Тоа прашање го поставувате на погрешна адреса. „Ако сакате да добиете одговор би требало да го викнете и верувам ќе ви одговори. Не сум го прашала, затоа што навистина, било што, по се што се случи, било каков одговор, реалноста не ја менува“.Сите детали и одговори:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-13-at-05.49.16

(Видео) Јанкулоска: Затворот беше шок, не беше карма, јас сум истата личност која бев и пред осум и пред 18 години

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска гостувајќи во поткастот „Претрес со Ландов“ отворено говореше за промените кај нејзе откако помина повеќе години во затвор, но и за нејзините односи со експремиерот и бегалец, Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, но и за првпат објасни многу детали за „бомбите“ на Заев. Јанкулоска посочува: „Меѓутоа, во основа нашите карактери како личности се формираат на помалата возраста и јас верувам дека јас сум си уште истата личност што бев и пред 8 и пред 18 години“.„Јас никогаш и не сум ни бегала од одредени пропусти и грешки и што се случиле во мојот ресор. И можеби што некој ги доживеа како мои лични пропусти, впрочем, животот е составен и од подеми, и од падови, и од успеси, и од грешки. Би било лошо ако не гледаме реално на нив, не ги согледуваме и останеме заробени во некоја статус-кво ситуација, меѓутоа за себе сметам дека не сум таква личност, што е заробена во некој момент и не гледа напред“ вели Јанкулоска во „Претрес“.Отворено призна дека затворот бил шок за неа, а грешка кај неа во случајот „Тенк“ за набавката на „мерцедесот“ поради кој заврши во зандани - не гледа.„Меѓутоа, кога човек ќе се најде во една таква ситуација, практично има избор помеѓу две опции, или да издржи, или да не ја издржи целата таа ситуација“, додава таа.Прашана дали кармата го направила своето и затоа таа завршила зад решетки, посочува: „Нема да се согласам дека е карма. Ако беше карма, јас ќе бев наградена за мојата работа, но се случи тоа што се случи, јас за целиот мој мандат во ниту еден момент не се доведов во ситуација, некој да ме става корелација со скопското подземје или со некои криминални групи, луѓе што се занимаваат со недозволени активности, напротив, успеав да задржам една и лична и професионална дистанца...“.Слушнете и за снимките од прислушуваните разговори, детали за Груевски и Мијалков, функционирањето на МВР, деновите во затвор, односот со Катица Јанева зад решетките и други за првпат отворени теми и дадени одговори:

Македонија | пред 1 година

Najava-za-fejsbuk-1-copy

(Во живо) Претрес на Гордана Јанкулоска: за Груевски, Мијалков, Кацарска, затворските денови, бомбите...

„Моето мислење за Зоран Ставревски е врвно, но таа тема не била на дневен ред и не била дискутирана. За неа не треба особена најава, освен дека ќе одговори на сите наши и ваши прашања. Во среда ќе ја „претресеме“ Гордана Јанкулоска. Нејзе ја тресеше системот, а сега, дојде ред и таа да ги тресе сите кои и ја скроија судбината.🔴Ние ќе бараме одговори за нејзината одговорност, разговорите во „бомбите“, затворските денови, комуникацијата со Катица Јанева, пријателите и непријателите, нејзиното (не)враќање во политиката. Не нѐ пропуштајте.Ексклузивно, оваа среда ја имаме Јанкулоска од 21 часот во „Претрес со Ландов“.Во живо:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-05-at-20.55.24

(Во живо) Претрес на Стефан Лазаров: како заглави во судница, стекна слава, за покажувањето задници и стравот од затвор

На суд со Латас, во студио со Боки 13, а во среда во „Претрес“.Јутуберот Стефан Лазаров ќе го претресеме за тоа како заврши на суд по емисијата со Латас, стравува ли дека ќе оди во затвор?Кои беа условите на Боки 13 да гостува во „Лазаров поткаст“…За соблекувањето среде емисии, вулгарностите, начинот на кој го привлекува вниманието на јавноста...Следете ВО ЖИВО:

Македонија | пред 1 година

slavjanka-tenkovi

(Видео) Зошто Македонија остана без тенкови и авиони пред да набави „модерни средства“?

Ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за донацијата дадена кон Украина, по која, Македонија остана без тенкови и авиони. Таа кажа дека истите се заменети со „модерни средства“, но истовремено, призна дека истите се во фаза на набавка.?t=3295Граѓаните во текот на поткастот кој се емитува во живо велеа дека сега Македонија може да ја окупира ловачко друштво.„Армијата денес, е многу поопремена од пред 10 години“, рече Петровска.Поткастот „Претрес со Ландов“ се емитува секоја среда во 21 часот, во живо. Погледнете ги и претходните епизоди: ТУКА 

Македонија | пред 1 година

slavjanka2

(Видео) Молчењето е злато, но зошто СДСМ молчеа во Собрание на конститутивната седница?

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во подкастот „Претрес со Ландов“ одговори на јавните повици од ексфункционери на партијата кои забележаа што тие молчеле на конститутивната седница во Собранието. Според неа, молчењето испраќа посилна порака.?t=922„Непријавувањето за збор, испрати многу посила порака. Кажувам дека сме испратиле порака на спротивноста на 27 апри“, вели Петровска, меѓудругото, во подкастот „Претрес со Ландов“.Таа ја прифаќа гласната критика за ваквото однесување. Но посочува дека имаат што да кажат, ама во иднина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.?t=1298

Македонија | пред 1 година

tamnel-za-slavjanka

(Во живо) Претрес на Славјанка Петровска, потрес во СДСМ: јавно се испокараа, кој ќе биде наследник на Ковачевски?

Каков е престижот да бидеш лидер на губитничка партија? Во СДСМ има видливи поделби на крила и јавни караници. Кој е против кого и зошто?Славјанка Петровска се споменува како еден од претендентите за наследник на Ковачески кој би ја поздравил со.... “стани Цаци да те види цела сала”.Од одбрана успеа да се пресели во удобно пратеничко столче.Какви византиски внатрепартиски игри се одвиваат во СДСМ пред најавениот јунски изборен конрес, одговара Петровска во „Претрес“. Среда 21 часот во живо, ги чекаме и вашите прашања!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-26-at-08.07.08

(Видео) „Шутка е хотел за Идризово“ - затвореници искасани од инспекти, спијат по ходници, тешко доаѓаат и до душеци

„Затворот во Шутка е хотел за стариот дел на Идризово“, со оваа реченица, затвореник сместен во т.н. „Амбуланта“ во најголемиот затвор во Македонија ја опишува состојбата во која издржува казна. Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ во живо комуницираше со јавноста на која и укажа дека ако во затворот „Скопје“ има супстандардни услови, во Идризово е далеку полошо. Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот кажа дека затвореници спијат по земја, некои не добиваат ниту навремено душеци, сместени се по ходници.„Нашите претставници од Националниот превентивен механизам беа сведоци на една ужасна глетка, а тоа е лица кои биле искасани од тафтабити по цело тело, тоа се инсекти, и кои што во моментот кога им требало помош немало медицинско лице за да им укаже помош. Сметам дека ова е загрижувачки. Односнот кон притворениците и затворениците е понижувачки и деградирачки. Тоа нема меѓународен и домашен извештај што не го констатира“, вели заменик-народниот правобранител Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој сподели и други фрапирачки детали во однос на нечовечките услови во кои затврениците во македонските затвори поминуваат долги години.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5467

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-25-at-10.00.44

(Видео) Осудните за 27 април во штипскиот затвор биле оставани да смрзнуваат: Трпат дупла казна, судска и нечовечка

Различен пристап кон различни затвореници има низ затворите во Македонија, а пример за тоа е и затворот во Штип. Има привилигирани, но и лица кои издржуваат затворска казна, а ги немаат основните услови. Осудените за 27 април, среде зима, беа оставани да седат во ладна просторија, без греење, бидејќи директорот на затворот не им дозволуваше да внесат поради свои изговори. Истовремено, во соседни простории, не беше проблем да се донесат и по повеќе грејни тела.„Имав прилика да разговарам со нив во зимските месеци, да, ги видов условите какви се каде што се. Тоа е втор пример, каде трпат дупла казна, судската и нечовечката. Голема е веројатноста дека станува збор за политички мотиви. Кај нас најголемата тензија расте при секоја промена на власт и очекувањата на граѓаните се да видиме кој ќе биде следен притворен, осуден.. И веројатно тоа им е мотивот зошто секој што е на власт не се зафаќа да ги промени условите. Смета дека владеењето ќе трае вечно, него нема да го фати да заврши таму, таа рака нема да го допре..“, рече заменик-народниот правобранител Јован Андоновски.?t=4893

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-24-at-10.16.31

(Видео) Иџет Мемети пробал да заштити министер од СДСМ кога бил народен правобранител, сведочи неговиот заменик

Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“ сподели дека поранешниот народен правобранител а сега осомничен во случајот со земање мито, Иџет Мемети, сакал да заштити министер на СДСМ и вршел влијание врз него. Андоновски кажа дека одбил да постапи спротивно на законот, па Мемети му ги одзел и надлежностите. „Ние со господинот Мемети имавме бројни недоразбирања. Имаше обид да ми причини и професионална штета“, рече Андоновски.Според него, односнот на Мемети бил крајно непрофесионално.„Преку предметното работење констатирав дека еден висок носител на јавна функција работи незаконски. На писмено го констатирав тоа и добив усно укажување да ја променам таквата констатација. За мене црното е црно, белото е бело, не ме интересира кој е од другата страна“, рече Андоновски во подкстот „Претрес“.?t=6507Тој кажа дека одбил, па почнала голготата.„Кога одбив да ја променам содржината на документот, започна голготата. Противправно ми беа одземени надлежностите, за што искористив прилика да ги известам меѓународната заедница, јавноста, па имаше општествен притисок, па реши да ја врати состојбата во првобитна состојба“, додаде Андоновски.Лицата кои поднеле преставка против министерот на СДСМ, ја добиле битката по судски пат, благодарение и на документот од институцијата Народен правобранител, потпишан од Андоновски.„Лицата кои беа оштетени, со документот, успеаа да ја докажат својата вистина“, додаде Андоновски.Иџет Мемети сега е член на Совет на јавни обвинители и доби статус на осомничен во истиот случај со врховниот судија Наке Георгиев кој беше фатен како зема 10.000 евра за вршење на противзаконито влијание за судска постапка поврзана со ексградоначалникот на Ново село, Боро Стојчев познат како Боро „Марлборо“.

Македонија | пред 1 година

7d1b29e2-eddb-4545-bcd9-3b5fd68179ae

(Во живо) „Претрес“ во ќелиите на затворот во Шутка, па разговор за затвореничките проблеми и последни апсења

Влеговме во ќелиите каде осомничениот за двојното убиство Палчо издржува притвор, министри и политичари поминаа бројни денови, а каде се спрема и евентуален влез на врховен судија.Ја посетивме берберницата од филмот „Тетовирање“, кујната на затворот во Шутка, на шеталиштата..Го посетивме и озлогласеното одделение „Ц“ каде се сместуваат лица од висок ризик како што се Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, осуденици за 27 април..Директни одговори од директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов за тоа што прават политичарите кои се огрешиле пред законот, зад решетките – но и одговори на низа прашања поврзани со високопрофилни личности.По репортажата во затворот „Скопје“, разговараме со Јован Андоновски, заменик-народен правобранител за затвореничките проблеми, условите, но и за осомничениот за мито Иџет Меџити.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-20.49.09

(Видео) Груевски за сведочењето ја Југ во „Претрес“: Покажа храброст, од изјавата се гледа со какви жестоки уцени се врбувале лажни сведоци!

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски, јавно се огласи откако осудениот Игор Југ за предметот „27 април“ во подкастот „Претрес со Ландов“ раскажа како од него било барано да го посочи Груевски како лице со командна одговорност, со цел да излезе од затвор.?t=4383Реакцијата на Груевски, интегрално:Вчера илзезе јавно сведочење дека водачот на самонаречените “реформатори” во 2016 година адвокатот Алек Михајловски, подоцна познат и како адвокат на Орце Камчев, нарачувал лажно сведочење против мене со цел да бидам обвинет како нарачател и организатор на настаните од 27 април 2017 година, или командна одговорност како што беше цитирано.Истото го направил преку адвокатот Саво Коцарев, кај Игор Југ, што вчера во емисија на еден подкаст самиот го објави, а снимката од тоа е подолу во линк.Игор југ е човек кој не крие дека и дотогаш и потоа има јавно и отворено изразени негативни ставови за мене, па и негова претпоставка е дека токму заради тоа тој изгледал како “плодна почва” за соработник за градење на лажно и конструирани обвинение.Со Игор Југ може да се каже дека не се познавам, ако под познанство не се смета присуство во иста сала, настан, или фотографија со партиски член некаде на негово барање и слични ситуации во кои немало суштинско разговор или дискусија.Прв пат дознав за него од медиумите одкога беше уапсен по настаните од 27 април 2017 година и лажно обвинет дека сакал да изврши убиство. Мојот тогашен коментар на Телма ден по настаните кај новинарот А.Чомовски беше дека луѓето што се најдоа во Собраниската сала, доколку сакале да убијат некого, можеле тоа да го направат речиси непречено, но не го направија, затоа што немале таква цел и намера, и тоа го мислам и денес.Од она што имам разбрано тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, а од неговото сведочење вчера разбрав дека бил учесник во настаните пред хотелот Панорама во 2004 година, кога поголем број поддржувачи на Љубчо Георгиевски се обидуваа да ја попречат седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по настаните за кои веќе во објавите на фб неодамна пишував.Тој вчера објави дека како што кажа ниту ме сакал, ниту ме сака, ниту ќе ме сака во иднина, што секако е негово легитимно право, како и на секој друг, кон некој од политиката да има и кон други да нема подршка и доверба.Како и да е, во неговите објави и ставови, независно дали со некои од нив се согласувам или не, тој покажа цврст карактер и храброст, како што тоа беше вчера кога како директно сведоштво јавно обелодени како всушност функционирал политичкиот прогон кон мене. Прогон кој и тој и те како го почуствува и сеуште го чувствува на својот грб. Од неговата изјава се гледа како, односно со какви не демократски методи и жестоки уцени биле или се правеле обиди за врбување лажни сведоци, како се правеле обиди за “тргување” со изнудување на лажни сведочења со ослободувања од прогон, или тешка тортура ако не се прифати понудата. Нешто на што повеќемина подлегнаа, но како што гледаме не секој.И потоа СДСМ и криминалецот и предавник на македонските национални интереси Зоран Заев, како и ним блиските се чудат зошто во странство, на пример во Шведска, во Унгарија, во Грција и во други земји добиваме без проблем политички азил заради политички прогон. Мислат дека другите држави преку своите разузнавачки и дипломатски служби немаат информации од повеќе извори за тоа што се случуваше во Македонија, и мислат дека тие можат секого да излажат и да стават во заблуда.Познато е дека самонаречените реформатори, чии поединци во раководството за своите валкани активности земаа пари од потпретседателот на бугарската влада Каракачанов, од една значајна амбасада во Скопје и од братот на Зоран Заев -Вице, во тоа време активно работеа на овој план и секако некој им беше дал таква моќ, да од потенцијалните лица таргетирани за обвинение, можеа да ги заштитат оние кои ќе се согласен да се приклонат кон нив, односно ако дадат, невистинити признанија или лажни изјави против мене и луѓето од моето опкружување во периодот 2016-2017 година, што некои луѓе го направија.Вакви ситуации имаше многу. Делумно преку реформаторите, а уште повеќе од обвинителите и извршителите на СЈО/ОЈО, кои отворено им сугерираа на осомничените дека ако дадат изјава каква што ним им треба за да конституираат случај, а кој нема врска со реалноста, ќе бидат ослободени или ќе поминат со нешто лесно, а ако не дадат требало да мислат дека нивните семејства и деца ќе останат без нив подолго и дека ќе им биде уништена кариерата, бизнисот и животот, потенцирајќи колку години затвор ги очекува, иако немаат вина. Тоа се моменти кога луѓето се пред избор, помеѓу страдање заради неоправдан прогон кон нив или страдање заради одбивање да конструираат вина на друг и тој да страда без вина.Досега голем број лица ми имаат лично кажано за исти или слични ситуации кои доаѓале или од обвинителите, или од врвот на власта тогаш, или како во случајот од претставник на самонаречените реформатори, кои како што кажав на тој начин и прибираа провзаници меѓу другото. Сепак, иако голем број ми се повериле мене или на мои блиски со молба тоа да не го објавам за да немаат последици, ова е прв случај на јавно сведочење и тоа од лице кое со повеќе текстови досега јавно и тоа прилично жестоко ме критикувал низ годините наназад и јавно кажува дека е против мене.Се потсетувам и на онаа снимка што излезе пред 3-4 години во која тогашниот директор на фондот за здрваство Ден Дончев кажуваше некому дека договорил “лоша изјава за Груевски” пред јавен обвинител од поранешниот министер Никола Тодоров, што колку што досега ми е познато не се реализира од страна на Тодоров, но таа снимка е на иста линија со оваа, бидејќи покажува дека висок функционер на власта за кој подоцна излезе видео снимка како зема пари од некого во канцеларија, изнудувал изјава од поранешниот министер за здравство против мене, иако истрагите не биле негова надлежност.Останува да видиме дали новата власт во доаѓање ќе сака и ќе им храброст да отвори случај против поголем број поединци обвинители во обвинителството, политичари и владини функционери од власта во заминување, т.н. “реформатори” и други структури кои учествувале во креирање и изнудување лажни обвиненија и кои биле учесници во лажни монтирани конструкции на лажни обвиненија и лажни сведоци.Доволно е само да ги повикаат сите обвинети, осомничени и сведоци, или поканети да бидат сведоци и да дадат изјави и информации во случаите на политичкиот прогон од 2017 година наваму, и ќе сватат дека имаат многу работа, многу матерјал за расчистивање со некои не професионални и партиски мотивирани лица од правосудниот систем но и адвокати, судии и други егземплари од таков тип, а најмногу носителите на највисоки функции во тогашната влада и владејачка партија на чело со Зоран Заев и лицата кои му беа канал за комуникација за нарачка на обвиненија и пресуди.Јас ги охрабрувам да го направат тоа, не само заради расветлување на случувањата во минатите години, туку и за да не дозволат истото да им се случи ним по извесен број години, кога нештата ќе се променат.ВМРО-ДПМНЕ во деведесетите години на некој начин премолчено направи една генерална амнестија на злосторствата од поединци на комунистичкиот режим, но таа неказнивоста подоцна се врати со нови прогони и нечовечко однесување од нивните наследници.Тоа е предуслов за реални реформи во обвинителството и правосудниот систем, и казнивновост за направеното зло на разни структури инспиратори, спроведувачи или било како вплеткани во политичките прогони.Еве го подолу сведоштвото од каде е инспириран овој текст“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-14.07.09

(Видео) Игор Југ ексклузивно: Реформаторите ми дадоа безобразна понуда да го наместам Груевски за да излезам од затвор

За првпат, Игор Југ, осуденик за „27 април“ во „Претрес со Ландов“ одговори на многу непоставени прашања и даде нечуени одговори! Ексклузивни детали, истовремено и фрапирачки!Еден од нив е за понудата која ја добил за да го намести Никола Груевски во замена за неговата слобода.„Добив безобразна понуда, да го наместам Никола Груевски за командна одговорност, а да добијам слобода“, рече Југ по што откри кој му го понудил ова.

Македонија | пред 1 година

igor-jug

Игор Југ: Друг треба да се праша како се отворија вратите на Собранието, јас не носев пиштол

Toa што го помина моето семејство не го посакувам на ниту едно семејство, дури ниту на семејството на господинот од Муртино, Зоран Заев па дури и на Ќурката, така го викавме, вели Игор Југ во Поткастот „Претрес со Ландов“.„Ниту сум имал намера да влезам, ниту сум знаел да ќе се отворат вратите, ниту сум носел пиштол “ тврди Игор Југ.„Причам ти причу“. Толку наивно сценарио кое што има поддршка од центри на моќ, па да пројде, потенцира осуденикот за настаните од 27-ми април.„Јас сум контраверзен, но не сум кварен, не сум лажов и не сум манипулант. Јас ќе ти кажам што мислам нема да ти работам зад грб. Колку и да е лоша вистаната ќе ти ја кажам во лице. Тоа ми донесе турбулентен живот. Јас во моите 53 година немам 2 години мирен живот. ЈАс не сум бил несвесен кога сум влегувал во некои игри, но никој не ме измамил“ тврди Игор Југ.Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ - СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:https://www.youtube.com/live/OGij5roTJhA?si=rltggkapH3MmHe7R

Студио | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања