„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Јанкулоска: Затворот беше шок, не беше карма, јас сум истата личност која бев и пред осум и пред 18 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-06-13-at-05.49.16

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска гостувајќи во поткастот „Претрес со Ландов“ отворено говореше за промените кај нејзе откако помина повеќе години во затвор, но и за нејзините односи со експремиерот и бегалец, Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, но и за првпат објасни многу детали за „бомбите“ на Заев. Јанкулоска посочува: „Меѓутоа, во основа нашите карактери како личности се формираат на помалата возраста и јас верувам дека јас сум си уште истата личност што бев и пред 8 и пред 18 години“.

— реклама —

„Јас никогаш и не сум ни бегала од одредени пропусти и грешки и што се случиле во мојот ресор. И можеби што некој ги доживеа како мои лични пропусти, впрочем, животот е составен и од подеми, и од падови, и од успеси, и од грешки. Би било лошо ако не гледаме реално на нив, не ги согледуваме и останеме заробени во некоја статус-кво ситуација, меѓутоа за себе сметам дека не сум таква личност, што е заробена во некој момент и не гледа напред“ вели Јанкулоска во „Претрес“.

Отворено призна дека затворот бил шок за неа, а грешка кај неа во случајот „Тенк“ за набавката на „мерцедесот“ поради кој заврши во зандани - не гледа.

— реклама —

„Меѓутоа, кога човек ќе се најде во една таква ситуација, практично има избор помеѓу две опции, или да издржи, или да не ја издржи целата таа ситуација“, додава таа.

Прашана дали кармата го направила своето и затоа таа завршила зад решетки, посочува: „Нема да се согласам дека е карма. Ако беше карма, јас ќе бев наградена за мојата работа, но се случи тоа што се случи, јас за целиот мој мандат во ниту еден момент не се доведов во ситуација, некој да ме става корелација со скопското подземје или со некои криминални групи, луѓе што се занимаваат со недозволени активности, напротив, успеав да задржам една и лична и професионална дистанца...“.

Слушнете и за снимките од прислушуваните разговори, детали за Груевски и Мијалков, функционирањето на МВР, деновите во затвор, односот со Катица Јанева зад решетките и други за првпат отворени теми и дадени одговори:

nmZkqGr6T6U

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања