„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

(Видео) Иџет Мемети пробал да заштити министер од СДСМ кога бил народен правобранител, сведочи неговиот заменик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-24-at-10.16.31

Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“ сподели дека поранешниот народен правобранител а сега осомничен во случајот со земање мито, Иџет Мемети, сакал да заштити министер на СДСМ и вршел влијание врз него. Андоновски кажа дека одбил да постапи спротивно на законот, па Мемети му ги одзел и надлежностите.

— реклама —

— реклама —

„Ние со господинот Мемети имавме бројни недоразбирања. Имаше обид да ми причини и професионална штета“, рече Андоновски.

— реклама —

Според него, односнот на Мемети бил крајно непрофесионално.

— реклама —

„Преку предметното работење констатирав дека еден висок носител на јавна функција работи незаконски. На писмено го констатирав тоа и добив усно укажување да ја променам таквата констатација. За мене црното е црно, белото е бело, не ме интересира кој е од другата страна“, рече Андоновски во подкстот „Претрес“.

6PiuekSbuHA
?t=6507

Тој кажа дека одбил, па почнала голготата.

„Кога одбив да ја променам содржината на документот, започна голготата. Противправно ми беа одземени надлежностите, за што искористив прилика да ги известам меѓународната заедница, јавноста, па имаше општествен притисок, па реши да ја врати состојбата во првобитна состојба“, додаде Андоновски.

Лицата кои поднеле преставка против министерот на СДСМ, ја добиле битката по судски пат, благодарение и на документот од институцијата Народен правобранител, потпишан од Андоновски.

„Лицата кои беа оштетени, со документот, успеаа да ја докажат својата вистина“, додаде Андоновски.

Иџет Мемети сега е член на Совет на јавни обвинители и доби статус на осомничен во истиот случај со врховниот судија Наке Георгиев кој беше фатен како зема 10.000 евра за вршење на противзаконито влијание за судска постапка поврзана со ексградоначалникот на Ново село, Боро Стојчев познат како Боро „Марлборо“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања