ПРЕТРЕС

sirok-igor-jug

Игор Југ: За жал, се познавав со Нинџа пред 27-ми април

Порано сум поседувал оружје, но сега и за настаните од 27-ми април не поседував, немав потреба од тоа тврди Игор Југ, кој бара Вилма Русковска да покаже еден доказ дека тој имал план да го ликвидира екс-премиерот Зоран Заев.„Пред 27-ми април, долго време се познавам, Александар Василевски - Нинџа и Никола Митревски - Кољо. Нинџа ми е аманет од мојот поранашен другар Марјан Тушевски. После смртта на Марјан, они беа деца оставени на улица кои треба да ги плаќаат цеховите кои ги направил некој друг. Јас не сум човек кој ќе остави деца на улица“ одговара Игор Југ со кој од осудените за 27-ми април се знаел од претходно.Југ тврди дека Александар Василевски - Нинџа бил дел од македонските служби до степен да му ја исполнил желбата на Горан Гуте Живаљевиќ, кој не му мислел добро.„Захарије Симовски призна дека носел пиштол во Собранието, а тврдеше и дека и Игор Југ и Јане Ченто носеа пиштол ама не ги извадија тврдеше тој по нарачка на Вилма Русковска за да биде амнестиран. „Причај ми мало о правде““ рече Игор Југ во „Претресот со Ландов“.Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ - СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:https://www.youtube.com/live/OGij5roTJhA?si=rltggkapH3MmHe7R

Македонија | пред 1 година

krupen-kadar-igor-jug

Игор Југ: Груевски прв нè нападна, старите вмровци беа оставени на маргините

„Човекот кој што рече не седи по влечки, излези надвор, бори се за својата држава, бори се за својата држава, тој истиот човек, прв нè нападна. Не ги дочека првите петли. Рече насилниците да бидат настрого казнети. Нели е така? Никола Груевски“ одговора Игор Југ во Поткастот „Претрес со Ландов“ на прашањето кои се тие кои го наместиле како што посочи во 2018 година.„Ние како оперативци во партијата ги вршевме сите работи, почнуваме од лепење плакати завршуваме со обезбедување на конкреси, на големи митинзи, завршуваме со агитации, со обработки на терен. Значи ние работевме се, ние ги вршиме нивните работи, а ти прават круг од 10 луѓе, го затвораат кругот и нас не маргинализираат и велат дека го нарушуваме угледот на партијата“ вели Југ во „Претресот со Ландов“.Старите вмровци беа оставени на маргините, за кои Груевски се дрзна да каже дека го нарушуваме имиџот на партијата, потенцира Југ во „Претресот со Ландов“.„Никола Груевски е добар економист и беше добар премиер, но Никола Груевски како претседател на една демохристијанска партија е негативна нула. Никола Груевски од ВМРО-вска идеологија нема „И“. Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп “ тврди Игор Југ.Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ - СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:https://www.youtube.com/live/OGij5roTJhA?si=rltggkapH3MmHe7R

Македонија | пред 1 година

306ed0c7-4ad5-4fce-8b73-f6c993b61a33

(Во живо) „Претрес“ на Игор Југ осуден како нарачан за да го елиминира Зоран Заев - сите детали за „27 април“

Осудениот за „27 април“, Игор Југ, за кого обвинителката Вилма Русковска кажа дека имал задача да го елиминира Зоран Заев, а експремиерот Заев кажа дека е лик без храброст, е гостин во подкастот „Претрес со Ландов“. Ќе ги поставиме сите прашања кои во изминативе седум години немале одговор, а со оглед дека Југ издржува затврска казна од 11 години затвор.Кој е Игор Југ, хрватски националист, усташ, бугарски платеник, македонски патриот?! Носеше ли пиштол во Собранието на 27 април и ако да, зошто? Имало ли договор и со кого? Се познавал ли со Александар Василески-Нинџа, кој што беше сведок во „27 април“?Ќе бараме и одговор кои се политичките елити за кои Југ рече дека се директни и индиректни творци на 27 парил. Зошто му најави на Груевски дека ќе му врати за тоа што ги предал?Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ - СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:https://www.youtube.com/live/OGij5roTJhA?si=5h2Hv9pF8MkbDo81 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.17.20-1

(Видео) Славески гарантира: Силјановска нема да сврти грб на ВМРО-ДПМНЕ како Арсовска

Гордана Силјановска-Давкова нема да ги направи истите чекори како Данела Арсовска, која стана градоначалничка благодарение на ВМРО-ДПМНЕ па им сврте грб. За ова уверува Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека станува збор за дијаметрално спротивни карактери. „Во никој случај, за тоа гарантирам, не може да се случи“, рече Славески.Според Славески, изразувајќи се со професорски јазик, Силјановска-Давкова „положила“ осум семестри, со највисока оценка.„Ќе имаме добра синергија, помеѓу новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и претседателот на Македонија каков што заслужува“, вели Славески во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој зборуваше и на други актуелни теми како што се Груевски и Мијалков, плановите на ВМРО-ДПМНЕ, најавувањето одговорност и апсење на СДСМ-овци и припадници на ДУИ.?t=7376

Македонија | пред 1 година

slaveski45123531

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“. Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=7375

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-11-08-141044

(Видео) Арсовска е одамна во политичка пензија, резултатите од изборите се мерило колку вреди, рече Славески во „Претрес“

Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека скопската градоначалничка одамна е во политичка пензија. „И пред да стане градоначалник имав некои индикации дека таа има амбиции за повисока функција. Го имам кажано ова и на друго место, ова е сигурно. Уште во 2019, 2020 година, имаше амбиции за потпретседателско место. Сега ќе се покаже вистинската вредност на ова гласање, имаше дилема во некои јавни настапи кажуваше дека сама ги освоила гласовите“, рече Славески во „Претрес“ и додаде:„Сега еве ви мерило колку вредите. Мислам дека таа одамна е во политичка пензија“.Славески зборуваше и други актуелни случувања, теми, како и за ВМРО-ДПМНЕ, а го спомена и Сашо Мијалков.?t=7377

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-09-at-13.09.52

(Видео) Лукаревска: Никој не може да нѐ симне од власт, ако не се симнеме сами - занимавајќи се со себе, шепотите не ги слушнавме

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“ посочи дека нив од власт не ги симна Али Ахмети со неговото однесување, туку сами себе си направиле штета. „Нас не може никој да не симне од власт ако не се симнеме самите ние. Така што толку имам да кажам околу тоа. Занимавајќи се премногу самите со себе, некои шепоти не ги слушнавме доволно силно, па сега ни е малку и поспецифично како грмотевица“, рече Лукаревска.Прашана за критики, рече: „Јас прифаќам критика, жалам што одредени луѓе во политичка смисла, независно дали од СДСМ или други партии не прифаќаат критика, туку сфаќаат како да некој има нешто против нив. Ако повеќе критикувавме, можеби ќе направевме некаков подобар пресврт“.?t=6141

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Лукаревска гневна на ДУИ: Замислете сите што сме на позиции да даваме голчиња во канцеларија

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во вчерашното издание на поткастот „Претрес со Ландов“ посочи дека постапките на министри од ДУИ, ги чинело голем пад на изборите.„Одредени политики, одреднеи законки решенија кои беа пот капата на ДУИ, направија соодветен пад на нашиот рејтинг. Ако зборуваме за потктестот, играњето во канцеларија на кошарка - навистина иритира. И тоа да го правеле така, не треба да оди во јавност, навистина иритира. Колку и да сте во коалиција, создава одреден гнев кај вас“, рече Лукаревска. Прашана дали тоа и кај нејзе донело гнев, посочи: „Замислете сите што сме на позиции, да земеме да играме кошарка, да даваме голчиња. Ова наше општество не може тоа да го прифати и тоа ми е јасно. Исто како што не можеше да ги прифати и оние извици на плоштад (УЧК, УЧК) тоа оди на наша штета. Тоа се дел од фактите, патоказите кои мора да нѐ освестат во делот на стратегиите за наредниот период“.?t=3678

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК“

Оливер Спасовски, носител на ИЕ2 во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи дека не офрла можност за коалиција со ДУИ, иако напомена дека имаат замерка од граѓаните што пак влијаело и на изборниот резултат.?t=7374„Во политиката секогаш треба да се седне да се разговара. Не смеете однапред да ги отфрлите сите работи. Треба да се разговара со секој еден“, рече Спасовски.Посочи дека граѓаните треба да се послушаат, ако замераваат на таква коалиција, па додаде: „ако ги гледаме кои се проблемите, ќе треба да се сменат одредени принципи и да се носат одлуки“.Спасовски, прашан за коментар за скандирањето „УЧК, УЧК“ среде скопскиот плоштад рече: „Апсолутно сум против тоа, апсолутно сметам дека е непотребно дека иритирачки, дека за тоа ништо не се добива. Го осудувам тој начин на комуникација“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-02-at-14.13.41

(Видео) „Трендот е тој низ цела Македонија“, одговори Спасовски на прашање како СДСМ стана трета партија по гласови во Куманово

Ексминистерот за внатрешни работи и носител во ИЕ 2 на СДСМ, Оливер Спасовски прашан во подкастот „Претрес со Ландов“, како ја доведоа партијата да биде трета по гласови во Куманово, одговори: „Ако анализираме по состојбите какви се по првиот изборен круг, мислам дека трендот е тој, кој што е во цела Македонија“.?t=7198„Секако треба да се направат и детални анализи до еден таков тренд. Имам претпоставка, дека стојат генерални причини кои прават перцепција, една од причините можеби се уставните измени, францускиот предлог – како генерална причина. Состојбата со коалицијата со ДУИ изминатиот период исто така можеби е една од причините. Секако дека постојат и низа други причини за еден ваков изборен резултат“, рече Спасовски.Спасовски рече дека треба да се види што ги нервира луѓето, деталите видете ги во подкастот каде зборуваше и за други актуелни теми:

Македонија | пред 1 година

51234

(Видео) Дознавме кој ја пробил акцијата „Планина“, имаме докази, откри Спасовски

Познато е кој ја пробил акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, наречена „Планина“ која се однесува на наркобосови од Грчец и Гази Баба. Доказите се наоѓаат во комуникациите кои ги имале преку апликацијата „Скај“, откри ексклузивно ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.?t=5412„Акцијата Планина беше водена од Обвинителството, оперативците од МВР дознаа за неа пред вршењето на претресите. Сакам да ви кажам ексклузивно, тоа што го најавив за ‘Скај’ апликацијата, ќе ја открие оваа енигма, јас очекувам дека ќе продолжи работата на МВР за да се откријат доказите и точно ќе ви биде познато кој ја пробил оваа акција“, рече Спасовски.Во подкастот „Претрес со Ландов“ тој одговараше дали позади тоа стои обвинител, вработен во МВР, високо позициониран функционер.„Таму постои одговор на прашањето кој ја пробил акцијата“, додаде Спасовски.Акцијата беше пробиена, пред сè од страна на групата од Грчец, па шест наркобоса се во бегство, а местата каде што ја чувале дрогата биле расчистени и при претресите не се пронајдени значителни количини, ги нема ниту луксузните автомобили што ги користеле наркобосовите од Грчец. Од некои се пронајдени само клучевите, од други ниту тоа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Спасовски во одбрана на Каевски, Мојсовски, Димевски: Во тој процес нема ништо!

Ексминистерот за внатрешни работи и носител во ИЕ 2 на СДСМ, Оливер Спасовски во подкастот „Претрес со Ландов“, застана во одбрана на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, предводникот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски и неговиот претходник, Дарко Каевски кои добија обвинителен предлог за сторени злоупотреби со спортските ваучери.„Јас сметам дека во тој процес апсолутно нема ништо, апсолутно нема ништо. Меѓутоа тоа ќе си го докажат органите. Сметам дека се невини, знам одредени информации. ДКСК во тоа време оценила дека има одредени неправилности, но ако ги погледнете аргументациите во тој период посебно за вршење на надзор, таму се покренува обвинителен предлог бидејќи не бил извршен надзор, а човекот во тој период не бил на позиција“, рече Спасовски.Прашан дали го знае обвинителниот предлог по кој се гонат тројцата функционери на СДСМ, тој рече: „Видов дел нешто“, но не кажа кој му се пожалил: „Тоа не е воопшто важно, дали ми се пожалил или не, важно јас ги видов тие аргументации, не можам ништо јас тврдам“.Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење.„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, соопштија од ОЈО.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-02-at-12.59.10

(Видео) Спасовски во „Претрес“: Не можам да се согласам дека Палчо избегал!

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за планирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не избегал.Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи: „Апсолутно не можам да се согласам со констатацијата дека тој избегал. Тој заминал пред утврдување односно обезбедување на докази. Во моментот кога се утврдиле доказите, кога се пристапи кон претреси, се утврдило дека не се наоѓа во државата и секако за многу кратко време се обезбеди каде се наоѓа“, вели Спасовски.На обвинувањата дека Палчо го враќаат од Турција токму пред парламентарните избори заради политички поени, Спасовски рече: „Кој очекува дека политички поени ќе добива на вакви настани, тој се лаже. Екстрадицијата е одобрена пред неколку дена, а тоа што вчера било објавено во јавноста е политика на министерството (за правда).Повеќе на оваа тема и други актуелности, Спасовски говореше во подкастот:?t=5947

Македонија | пред 1 година

oliver-spasovski-2

(ВО ЖИВО) Го претресуваме Оливер Спасовски: афери, убиства, пасоши, избори

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Претрес со Ландов“ ќе зборува за изборните резултати, скандалите кои го следеа во МВР, неговата работа, рејтингот на СДСМ и што понатаму со партијата.За убиствата во Скопје, пресметките на криминалните групи, за тоа како дојде СДСМ на власт, но и дали по резултатите од првиот круг за претседателските избори некој од партијата ги пакува куферите.Зошто нема пасоши, како Панче Тошковски успеа да продуцира повеќе од него, но и зошто се чека по два месеци за издавање.СДСМ дојде на власт со најава со вистината за Македонија и вистината за кумановските настани, за убиствата на петте момчиња кај Смилковсо Езеро. Беше ли тоа само фора за да се дојде гласови?Многу афери. Филмски бегства од затвор. Престрелка во трговски центар.ВО ЖИВО, го претресуваме човекот кој тресеше многумина, Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Thumbnail

(🔴ВО ЖИВО) Изборно отворено студио: Вклучување во живо од штабови, ДИК, МВР, анализа во студио

Подкастот „Претрес со Ландов“ вечерва ќе биде во формат на отворено студио. Ќе се вклучиме во живо од изборните штабови на седумте кандидати, ќе анализираме во студио, ќе одиме во живо од МВР и Државната изборна комисија. 

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања