ПРЕТРЕС

Idrizovo-surovo.00_40_15_54.Still002

(Видео) Како изгледа „Идризово“ внатре: стара градба направена за политички затовреници, а не криминални групи

Екипата на поткастот „Претрес со Ландов“ беше во најголемиот затвор во Македонија, „Идризово“. Емитуван е првиот дел, од женското крило на затворот. Директорот Зоран Јовановски раскажа дека градбата е стара, командирите за состојбата, а зборуваа и затворениците.Затворот „Идризово“ е граден за политички затвореници, а не за криминални групи - градбата е стара„Затворскиот систем не ги прател развивањата на криминалните групи, подемот на умрежувањето, однесувањето на криминалните групи, членството.. Така што градбата на овој затвор е стара, изграден е во период кога сме имале политички затвореници“, вели директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во репортажата во „Претрес со Ландов“.„Ова за мене е одмор“, раскажува осудена за убиство на сопругот, која била 12 години малтретиранаОсуденичката Анита Стојова, во подкастот „Претрес со Ландов“, раскажа како по 12 години малтретирање од сопругот, решила правдата да ја земе во свои раце. Немала помош од никого, ниту од држава ниту од институции - го убила.„Ова за мене е одмор, нема малтретирање, немам било каква казна. Ова за мене е одмор, не знам како ќе ме разберете и сфатите. Тоа надвор не се издржуваше ова е одмор“, раскажа Анета во „Претрес со Ландов“.Јанева: Кога би кажала сѐ, морам да бидам надвор и психолошки да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавамЕксспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева во првото појавување откако е во затвор, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни како ги поминува деновите во затвор, што највеќе ја боли, но и кога ќе прозбори за сето она што се шпекулира во јавноста.„Црната кампања е најтешка. Сликите кои ги објавуваат ме разочаруваат бидеќи сега сум 40 кила послаба, и се разочарувам од себе. Се вадат од контекст некои работи..“, рече Јанева.Прашана дали ќе дојде ден кога Катица ќе каже сѐ, таа во „Претрес со Ландов“ објасни: „СЈО има договор за доверливост, рокот не е поминат. Јас сум човек од збор, што ги почитува се уште институциите и затоа многу луѓе ми пристапуваат и бараат да кажат нешто или наметнуваат некои работи. Јас се оградувам се што е кажано досега. И кога би кажала се, морам да бидам надвор, морам психолошки да се спремам. Тука психолошкиот момент е друг, морам да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам. И тогаш ќе одлучам што понатаму“Јас се извинувам многу, како што ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса за да се оправда довербата, вели Јанева за казната од Управата за санкцииТаа рече: „Јас се извинувам многу за недоразбирањето. Мислам дека ова ќе го надминеме на нормален начин“.„Никој не дојде, никој не нѐ побарал. За шест месеци, никој. Не знаеме дали има правилник и можност да се напушти канцеларијата. Дали имаме право да излеземе, јас пример сум пушач, колку метри смеам да се движам.. Дали внатре смеам да пушам..“, рече Јанева.Таа објасни и случај кога и се слошило на портите од затворот. Другиот ден не знаела дали смее да остане во ќелијата, а немала ни каде да праша.„Јас не се чувствував добро. Нема број за да ти ги кажат правилата. Ако не излезеш, зошто не си излегла.. И така се случи, јас отидов, кажав на син ми дека не можам да седам. Не е едноставно, мора да се изрегулираат сите правила. Животот се среди. Навиките, вештините. Не се работи само за криминалци.. Можат да работат.. Малку треба да има рамка, бар за мене. Јас тоа го очекував да им го кажеме кога ќе дојдат во просториите каде бевме. Никој не дојде“, додаде Јанева.Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум, можам да бидам вклучена во пробацискиот систем„Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум... Од 2022 година одам на викенди, на седум часа..“, објасни Јанева.Посочи дека само три месеци била целосно затворена, а потоа ги користи сите привилегии.„Променети се условите, јас би можела да бидам вклучена и во пробацискиот систем. Времето за моја ресоцијализација помина“, додаде Јанева и посочи: „Користам седум часа, доволно да се излезе испазари..“.Јанева: И честитам на Владата, се надевам ќе бидат носители на промените, се надеваме на колективна амнестија„Мислам дека сите колешки, моментални затворенички ќе ме благословуваат. И честитаме на новата Влада, 600 илјади гласа се цела Македонија. Се надеваме ќе бидат носител на промените. Ние се надеваме дека ќе биде тоа колективна амнестија, за да ни се скратат некои маки“, рече Јанева.Прашана дали има правда во Македониај, посочи дека има..„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.Имало ли нарачки кај Катица Јанева?Ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осудена во случајот „Рекет“ во потакстот „Претрес со Ландов“ одговори на прашањето дали некој имал нарачки кај нејзе. Таа искоментира дека обвинителите не носат правда, туку обвинуваат, притоа ги поздрави измените на Кривичниот законик.„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.38.00

(Видео) Јас се извинувам многу, како што ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса за да се оправда довербата, вели Јанева за казната од Управата за санкции

Осудената Катица Јанева, која беше специјална јавна обвинителка, во поткастот „Претрес со Ландов“ тврди дека никој не дошол да провери дали е таа во канцеларијата каде била работно ангажирана. Посочи дека никогаш не ги крши правилата и побара втора шанса доколку згрешила. Објасни дека нема број каде да се јави доколку има нејаснотии во однос на тоа дали смее да ја напушти канцеларијата или не, што во случај кога би и било лошо и не може да ја напушти ќелијата. Таа рече: „Јас се извинувам многу за недоразбирањето. Мислам дека ова ќе го надминеме на нормален начин“.„Никој не дојде, никој не нѐ побарал. За шест месеци, никој. Не знаеме дали има правилник и можност да се напушти канцеларијата. Дали имаме право да излеземе, јас пример сум пушач, колку метри смеам да се движам.. Дали внатре смеам да пушам..“, рече Јанева.Таа објасни и случај кога и се слошило на портите од затворот. Другиот ден не знаела дали смее да остане во ќелијата, а немала ни каде да праша.„Јас не се чувствував добро. Нема број за да ти ги кажат правилата. Ако не излезеш, зошто не си излегла.. И така се случи, јас отидов, кажав на син ми дека не можам да седам. Не е едноставно, мора да се изрегулираат сите правила. Животот се среди. Навиките, вештините. Не се работи само за криминалци.. Можат да работат.. Малку треба да има рамка, бар за мене. Јас тоа го очекував да им го кажеме кога ќе дојдат во просториите каде бевме. Никој не дојде“, додаде Јанева.Целиот разговор со Јанева:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.18.32

(Видео) „Ова за мене е одмор“, раскажува осудена за убиство на сопругот, која била 12 години малтретирана

Осуденичката Анита Стојова, во подкастот „Претрес со Ландов“, раскажа како по 12 години малтретирање од сопругот, решила правдата да ја земе во свои раце. Немала помош од никого, ниту од држава ниту од институции - го убила.„Ова за мене е одмор, нема малтретирање, немам било каква казна. Ова за мене е одмор, не знам како ќе ме разберете и сфатите. Тоа надвор не се издржуваше ова е одмор“, раскажа Анета во „Претрес со Ландов“.Нејзината исповед погледнете ја тука:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.56.46

(Видео) Имало ли нарачки кај Катица Јанева?

Ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осудена во случајот „Рекет“ во потакстот „Претрес со Ландов“ одговори на прашањето дали некој имал нарачки кај нејзе. Таа искоментира дека обвинителите не носат правда, туку обвинуваат, притоа ги поздрави измените на Кривичниот законик.„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.Целиот разговор и репортажата од „Идризово“ погледнете ја тука:https://www.youtube.com/live/xspLZVxcQ3M

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.56.46

(Видео) Јанева: И честитам на Владата, се надевам ќе бидат носители на промените, се надеваме на колективна амнестија

Ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која издржува затворска казна за случајот „Рекет“ честиташе победа на ВМРО-ДПМНЕ и упати апел за колективна амнестија. Таа ги пофали и измените на Кривичниот законик, со кој, голем дел и од предметите на СЈО, застареа. Посочи дека кај нејзе има надеж дека Владата на Мицкоски ќе биде носител на промените.„Мислам дека сите колешки, моментални затворенички ќе ме благословуваат. И честитаме на новата Влада, 600 илјади гласа се цела Македонија. Се надеваме ќе бидат носител на промените. Ние се надеваме дека ќе биде тоа колективна амнестија, за да ни се скратат некои маки“, рече Јанева.Прашана дали има правда во Македониај, посочи дека има..„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.37.08-1

(Видео) Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум, можам да бидам вклучена во пробацискиот систем

Катица Јанева, осудена во „Рекет“ и ексспецијална јавна обвинителка, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни дека себеси се гледа како слободна иако издржува затворска казна. Кажа дека лани користела одмор, викенди..„Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум... Од 2022 година одам на викенди, на седум часа..“, објасни Јанева.Посочи дека само три месеци била целосно затворена, а потоа ги користи сите привилегии.„Променети се условите, јас би можела да бидам вклучена и во пробацискиот систем. Времето за моја ресоцијализација помина“, додаде Јанева и посочи: „Користам седум часа, доволно да се излезе испазари..“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.37.25

(Видео) Јанева: Кога би кажала сѐ, морам да бидам надвор и психолошки да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам

Ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева во првото појавување откако е во затвор, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни како ги поминува деновите во затвор, што највеќе ја боли, но и кога ќе прозбори за сето она што се шпекулира во јавноста.„Црната кампања е најтешка. Сликите кои ги објавуваат ме разочаруваат бидеќи сега сум 40 кила послаба, и се разочарувам од себе. Се вадат од контекст некои работи..“, рече Јанева.Прашана дали ќе дојде ден кога Катица ќе каже сѐ, таа во „Претрес со Ландов“ објасни: „СЈО има договор за доверливост, рокот не е поминат. Јас сум човек од збор, што ги почитува се уште институциите и затоа многу луѓе ми пристапуваат и бараат да кажат нешто или наметнуваат некои работи. Јас се оградувам се што е кажано досега. И кога би кажала се, морам да бидам надвор, морам психолошки да се спремам. Тука психолошкиот момент е друг, морам да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам. И тогаш ќе одлучам што понатаму“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.10.29

(Видео) Затворот „Идризово“ е граден за политички затвореници, а не за криминални групи - градбата е стара

Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, во подкастот „Претрес со Ландов“, раскажа за функционирањето на затворот. Тој кажа дека затворот е граден за политички затвореници, а не за криминалци.„Затворскиот систем не ги прател развивањата на криминалните групи, подемот на умрежувањето, однесувањето на криминалните групи, членството.. Така што градбата на овој затвор е стара, изграден е во период кога сме имале политички затвореници“, вели директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во репортажата во „Претрес со Ландов“.Следува интервју со Катица Јанева:

Македонија | пред 1 година

tamnel-1

(🔴Во живо) Досие „Идризово“: Претрес на Катица Јанева, исповед на жена која го убила мажот, репортажа од ќелиите

Тоа што денеска ќе го погледнете во овој „Претрес“ навистина не сте го виделе никаде. Ќе го разголиме и претресеме животот во најголемата казнена институција кај нас, „Идризово“. Но ќе чуеме и повеќе приказни на затвореници. Претресот „Досие: Идризово“ ќе оди во два дела. Вечерва го гледате женскиот дел од затворот.https://youtube.com/live/xspLZVxcQ3M?feature=shareКатица Јанева со 40 килограми помалку, со истата насмевка и во различно светло, застана пред нашите камери. За себе ќе рече јас сум слободна, правдата ја чека, пресуди не коментира, а засега ниту колеги, ниту политика. Ни вети, тоа во нареден „Претрес“.Потресна е приказната на Анета која 12 години била буквално тероризирана од невенчаниот сопруг. Институциите молчеле, па таа правдата ја зела во свои раце. Ќе каже, ми фалат децата, а мирот го нашла дури во затворската ќелија. Низ солзи ја раскажа голготата низ која минала.Одиме со првиот дел од „Досие: Идризово“: Третманот на жените, потресната сторија на Анета и ексклузивното интервју со Катица Јанева.

Македонија | пред 1 година

dosie-idrizovo-najava

(Видео) Утре, „Досие Идризово“: Судбини на затворенички, ќелии, приказни, соочување со стореното и интервју со Катица Јанева

Утре (среда, 24) јули, во 1️⃣ дел од „Досие: Идризово“ за првпат ќе ѕирнеме во ќелиите на жените во затворот. Солзи, шок, броење на часови и минути.🔴Судбини, приказни, соочување со стореното. Ова е само дел од тоа што го забележаа нашите камери. Но и лоши услови, валканици..⚡️Ексклузивно, за првпат по пет години, пред нашите камери застана ексобвинителката Катица Јанева, која е осудена во случајот „Рекет“. Кој и ја предвиде иднината и дали и кажа што ќе и се случи?⚫️Не пропуштајте, 21 часот на јутуб-каналот prvatvmk (бесплатно стиснете subscribe за да нѐ следите)  и на pretres.mk.

Македонија | пред 1 година

TIZER-FULL-ONE.00_00_22_13.Still008

(Видео) Катица Јанева по шест години: Многу е извадено од контекст за мене, јас кога станав СЈО бев изградена личност

По шест години, ексобвинителката Катица Јанева за првпат седна пред камерите. Откако беше уапсена како специјална јавна обвинителка, сега, за подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за црната кампања која се водела против неа, за затворските денови, колегите, за невиноста во „Рекет“. Интервјуто ќе се емитува во среда, 21 часот, на јутуб каналот prvatvmk.„Затоа ви кажувам, многу е извадено од контекст за мене. Јас сум изградена личност, јас кога станав СЈО, јас бев изградена личност“, вели Јанева во подкастот „Претрес со Ландов“.Во подкастот ќе има исповед на затвореничка која го убила сопругот, бидејќи 12 години била мета на насилство.„Секоја институција беше затворена за мене и го преземав случајот во мои раце. Го убив“, вели Анита.Репортажа ќе има и од машкиот дел на затворот, озогласениот дел „амбуланта“ каде тафрабити и вошки шетаат меѓу затворениците. За првпат, ќе ја чуете втората страна од приказната за убиството на ракометарот Денис Тот. Еден од осудените, Андреј Костовски, говори пред камерите на „Претрес со Ландов“.„Мојот удар сум сигурен дека не доведе до смрт, бидејќи, според извештајот од обдукцискиот наод, мојот удар нема модринка, а камо ли, повреда која може да доведе до смрт“, посочува Костовски.

Македонија | пред 1 година

katica-janeva

(Видео-најава) Досие „Идризово“: Ексклузивно со Катица Јанева и осудениот за убиството на Денис Тот, исповед на жена која го убила мажот, репортажа...

Во среда, во подктастот „Претрес со Ландов“, ќе се емитува ексклузивен разговор со Катица Јанева, ексшефица на СЈО. Освен неа, во подкастот ќе има и сведошства на осуденици, како и разговор со Андреј Костовски, еден од осудените за убиството на Денис Тот.Својата сторија ја раскажала и Анета, која го убила мажот, откако 12 години била жртва на семејно насилство.Среда, 21 часот, следете „Претрес со Ландов“ на јутуб-каналот prvatvmk и на веб: pretres.mk. 

Македонија | пред 1 година

mersiha

(Видео) Претрес на Мерсиха Смаиловиќ: зошто верски обред во секуларно Собрание, меѓуетничка омраза и хаотично општество?

Во среда нема да се молиме, туку ќе претресеме зошто во секуларна држава, среде Собрание имаше верски обред. Наша гостинка ќе биде активистката за човекови права, Мерсиха Смаиловиќ, која едни ја фалат, други ја навредуваат.🎥Ќе зборуваме и за нејзината кандидатура за претседател, опасноста од ширењето на меѓунационалната омраза, за невладиниот сектор, актуелната политичка ситуација.❗️Смаиловиќ ќе одговара и на вашите прашања, кои ќе можете да ги поставите во живо на јутуб-каналот prvatvmk. Следете нѐ и очекувајте уште еден поткаст со одговори на многу досега непоставени прашања.🌟 Следете нѐ тука, стиснете Subscrube за поддршка:

Македонија | пред 1 година

danela-dubai

(Видео) „Данела била да прошета во Дубаи, 16 пати во САД, со наши пари..“, вели нејзиниот екссоветник

Дали и каде шета Данела Арсовска со парите на скопјани? 🤔Нејзиниот екссоветник Мухамеди, во “Претрес со Ландов” изнесе свои тврдења. Ние побаравме од Град Скопје да демантираат ако не е така - оттаму досега молк. Молчат и за другите тврдења од Мухамеди кои можете да ги видите тука:https://www.youtube.com/live/otsAaTbFUN8

Скопје | пред 1 година

arsovska1

(Видео) Екссоветникот за Арсовска: Неподнослива е за вработените, но „Гестапо однесувањето“ ги плаши, многумина се малтретирани

Срцеви удари, страв, преместувања?!Данела Арсовска се однесува како Гестапо од времето на Хитлер, вели во „Претрес“ Умејр Мухамеди кој е екссоветник на Данела Арсовска.Го претресовме за случувањата во градот. Ова е само мал исечок од неговите сведоштва..Зборуваше за платните списоци, тендерите и исплатите од градската каса, имотот на градската мајка.. и многу повеќе!Поткастот е достапен:?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања