ПРЕТРЕС

Tufekdzic-vo-Pretres-1

Туфегџиќ во „Претрес“: Убиствата на Вања и Панче се класична егзекуција од исти личности

Убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се класична егзекуција, тврди адвокатот на таткото на девојчето, Владимир Туфегџиќ.„Нон сенс е да се тврди дека е убиство од интерес. Никој не може во ова да поверува. Меѓу двете убиства има поврзаност, двете ликвидации се на ист начин направени од исти луѓе. Има јасна формација и командна структура, имаат еден планер. Тука очекував јавниот обвинител да го бара одговорот. Изненаден сум што јавниот обвинител не дал наредба за реконструкција на настанот”, рече Туфегџиќ во „Претрес“.Убијците ова го направиле без око да им трепне, рече адвокатот.„Таткото ниту го знае, ниту го видел Љупчо Палевски некогаш, ниту имале контакт. За ова нема никаков доказ”, тврди Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

Tufekdzic-na-Pretres

(Во живо) „Претрес“ на Туфегџиќ: Убиството на Вања и улогата на таткото, детали за „Монструм“, прислушувањето и Мијалков, за „Еразмус“, „Софтвери“...

Мијалков, Верушевски, Богоевски, Палевски, Ѓорчевски, Вања... Прислушување, убиства, економски криминал, изнуди, дрога... Ќе го претресеме – Владимир Туфегџиќ, екссудија и адвокат.Која е вистината за убиството на Вања Ѓорчевска, која е улогата на таткото Александар? Ова е првото прашање кое ќе го отвориме во „Претрес“... но екссудијата ќе го прашаме и...Кој прислушуваше во Македонија? Како прислушкувачот го победи судството? Што се случуваше во истражната постапка за „Монструм“ по убиството на децата и рибарот? Како случајот „Меѓународен сојуз“ остана без Фросина Ременски и каде се префрли товарот?Оваа среда од 21 часот, од прва рака ќе дознаете сѐ за професорите од економскиот факултет кои барале секс од студентки за да им дадат оценки, за истрагата „Агент“ против првиот директор на УБК, Слободан Богоевски, за случајот „А1 телевизија“ и нејзиното затворање...Ќе ги претресеме и случајот „Софтвери“ со Драги Рашковски, „Синџир“ каде обвинети се вработени во УЈП... ова не е ни третина. А со сето ова, се врзува само едно име: Владимир Туфегџиќ, како поранешен судија кој изрекуваше високи казни, сега адвокат.Поранешниот судија и адвокат ќе биде наш гостин. Во овој поткаст ќе чуете познати имиња и кривично-правни процеси кои тој ги судел или застапувал како адвокат.Следете во живо на јутуб-каналот, каде може да поставите прашања:

Македонија | пред 1 година

sela-vo-pretres-3

(Видео) Села има еден услов за да се изгласа Законот за македонските бранители од 2001 година

Пратеникот Зијадин Села од „Европскиот фронт“ на ДУИ, во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи дека Законот за бранители нема да го гласаат се додека со него не бидат изедначени македонските бранители од Армијата и полицијата, со припадниците на УЧК. Според него, кога формулацијата ќе биде поставена на начин што и двете страни ќе имаат исти права, тој ќе гласа.„Би гласал за закон во кој сите униформирани лица кои учествувале во конфликтот од 2001 да ги уживаат тие права кои ќе бидат наброени“, вели Села во подкастот „Претрес со Ландов“.Целата дебата на оваа тема, погледнете ја на овој линк:?t=4034

Македонија | пред 1 година

sela-451251

(Видео) Заев да одговара, не е сигурен дали осудените за убиството на децата на Смилковско се виновни, лут е оти осудените за „27 април“ се на лекување - „Претрес“ на Села

Села во “Претрес” побара Заев да биде гонет за лагите при презентација на бомбите. Истовремено, замери што осудените од “27 апеил” со здравствени проблеми излегуваат на лекување.А пак, за убиството кај Смилковско Езеро се сомнева дека пресудата е исправна.Двојни аршини?Пресудете сами, изгледајте го цел поткаст:https://youtube.com/live/f2C0DlhXrUQ?feature=share

Македонија | пред 1 година

Sela-vo-Pretres-2

Села: Јас не го палев Парламентот, други го палеа

Целта на Законот за правата на бранителите и нивните семејства, кој е предложен, е со цел дестабилизација на земјата, рече Зијадин Села во „Претрес” со Кристијан Ландов.„И другите“, рече, „имаат права. Двете страни кои се судрија во 2001 треба да уживаат исти права.“,„Тоа би бил добар почеток за да не дојде до дестабилизација”, рече Села, кој немаше одговор на прашањето каде е регистрирана УЧК.Се потсети на изјава од пред десетина години дека ако се донесе Закон за бранители ќе го запали Собранието. На прашањето дали сега ќе го пали Парламентот одговори:„Јас не го палев Парламентот, други се тие кои го палеа Парламентот”, рече Села, алудирајќи на настаните од 27 април.

Македонија | пред 1 година

Sela-vo-Pretres

Села: Одлуката на Уставен за балансерот е погрешна и е наредба на Мицкоски

Зијадин Села, од Алијанса на Албанците, во „Претрес” со Кристијан Ландов ја коментираше одлуката на Уставен суд за замрзнување на вработувањата според балансерот до конечната одлука. Тој рече дека не е ова случајно сега.„Ова е политичка наредба на премиерот Мицкоски. Одлуката е погрешна и не враќа назад во минатото бидејќи се укинува едно право. Да не треба да сме радосни за ова”, праша Села.Посочи дека Собранието треба под итно за ова да расправа. Се заложи за Бадентер и во Уставниот суд. Ако некоја одлука се носи со двојно мнозинство во Собранието, со исто мнозинство треба да одлучуваат и уставните судии.Ова практично, рече, значи дека треба да се преточи балансерот во закони за правична застапеност, тоа и во 2020 на избори го барале.Ова нагласи е начин на живот а не само чувство.„Јас сум од политичарите кои сметаат дека не треба во минатото да се гледа. Укинувајќи механизми значи се враќаме во минатото, затоа треба да се погледне некогаш во ретровизорот“, посочи Села.

Македонија | пред 1 година

Sela-vo-Pretres-1

Села најави можност од протести за балансерот

„Идејата за обединувањето на Албанските партии е да донесеме политичка одлука за зачленувањето во ЕУ и носење на Закон за правична застапеност“, рече Зијадин Села во гостувањето во „Претрес” до Кристијан Ландов.„Протести ќе има, тоа е демократско право. Плашењето со дестабилизација е параноја. Протестите се реакција на политичките одлуки. Мицкоски згази на волјата на народот на изборите и тогаш требаше протести да има”, рече Села.Легитимитетот се добива и се троши, а Мицкоски, нагласи, го троши легитимитетот.

Македонија | пред 1 година

najava-fb-

(Во живо) „Претрес“ на Зијадин Села: Балансер, бранители, навреди кон Македонци

Замрзнатиот Балансер ќе ја одмрзне националистичката реторика дека на албанската опозиција дека се работи против Алнбанците. Затоа, вечерва ќе го претресеме Зијадин Села, пратеник до „Европски фронт“, предводен од ДУИ. Што милува Села, да го прегледа саглам доктор или поважно е да е Албанец? Зошто со дрва и камења фрла по македонската химна и знаме, а не му пречат парите на македонските граѓани од кои зема плата со години како дел од државните институции.Ќе ги кршиме копјата за македонските бранители, Арбен Таравари, ДУИ... Ќе бараме детали и за Али Ахмети, кој со месеци е исклучен од јавноста.. Нема да заборавиме да прашаме за црквата во Галате, дел од Општина Врапчиште каде раководи Исен Шабани од Алијансата за Албанците.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

Mickoski-na-Pretres

(Во живо) „Претрес“ на премиерот Христијан Мицкоски

Првоповиканиот од „Илинденска“, премиерот Христијан Мицкоски , по голема опозициска битка седна во премиерската фотелја. Ова ќе биде првиот претрес на актуелен премиер во студиска атмосфера. Ќе учествувате и вие во него. Ќе ја задржиме транспарентноста, отчетноста, кредибилноста. Па на крајот, коректноста.Прв гостин во новата сезона, професорот од „Илинденска“.Кој ја дестабилизира државата? Каде е правдата, а каде одговорноста? Кој нуди мито, што со ветувањата? Дали во овие сто дена се донесе гордост? Северна или Македонија? Кој ќе ги решава проблемите на граѓаните? До кога платите ќе растат по 500 денари, а трошоците по 5000 денари? И многу повеќе....Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

micko

(Видео) Прв ќе го претресеме премиерот Христијан Мицкоски - стартува втора сезона од „Претрес со Ландов“

„Првоповиканиот од „Илинденска ББ“ премиерот Христијан Мицкоски, по долга опозициска битка седна во премиерската фотелја.Ова ќе биде првиот „Претрес“ на актуелен премиер во студиска атмосфера. Ќе учествувате и вие во него. Ќе ја задржиме транспарентноста, отчетноста, кредибилноста. Па на крајот, коректноста.Прв гостин во новата сезона, професорот од „Илинденска ББ“.Среда, 11 септември, почеток 21 часот, во живо.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

Adjustment-Layer.00_00_07_00.Still007

(Видео) Стартува втората сезона од поткастот „Претрес со Ландов“!

На 11-ти септември стартуваме со втората сезона од поткастот „Претрес со Ландов“. Од центарот на Скопје, Ви најавуваме што да очекувате секоја среда, од 21 часот, во живо!„Позади мене е законодавниот дом. Законите се носат, но дали се применуваат? Колку е тешко законските текстови да се преточат во дела? Нашите закони ќе бидат подобни за претресување во нашиот поткаст!“, стои во најавата.Нема да куртули ниту Владата.„Преку Извршната власт се кршат копјата на системот во една држава. Во оваа зграда, за повозрасните бивша ЦК, а денешна Влада на Република Македонија - се носат најважните одлуки за мојата, твојата и нашата иднина. Колку од тие одлуки биле исправни, а колку биле погрешни? Фактите што прават во владата ќе ги утврдиме во втората сезона во Претрес“, се додава во најавата.А што со правораздавањето?!„Зад мене е куќата каде што во изминатите години правораздавањето беше заменето со кривораздавање. Нерасчистени случаи, драконски казни, чесни и нечесни судии. Кои од овие судии и кој од правосудната власт ќе бидат првите кои ќе дозволат да ги претресеме ние, граѓански, како ние знаеме…“, се додава во најавата.Нема да куртулат ниту обвинителите...„Порано ги велеа: џелатите на секоја власт. А тие се само обвинители. Колку тие покренаа соодветни а колку несоодветни обвиненија.. колку од истрагите се завршија, а колку завршија во фиоките на обвинителите.. кој ќе биде првиот обвинител кој ќе дозволи да го претресеме во живо…“, вели водителот Кристијан Ландов.Од граѓани до градоначалници – секој ќе може да дојде во нашето студио, велат од продукцијата.„Локалната власт има улога директно поврзана со вас. Дали локалната власт е на висина на својата задача. Познавајќи ги своите ингеренции, ревносно исполнувајќи ги задачите.. или локалната власт се претвори во власт каде матните зделки се пред интересите на граѓаните.. кој од градоначалниците ја оправда вашата доверба, а кој не… и за крај пред оваа институција ќе го поставиме суштинското прашање. Дали градот скопје заслужува ваква управа и дали ќе добие конечно градоначалник кој ќе биде на висина на својата задача.. секако во втората сезона, редно ќе биде да ја претресеме градоначалничката, пред да ја претресат други!“, се заклучува во најавата. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-11.21.23

(Видео) Ужасната состојба на Идризово: затвореници изедени од инсекти, нервоза, незадоволство...

Верувале или не, во една просторија од 15 квадрати, преживуваат 14 лица, во услови под човечко достоинство, во друштво со тафтабити , смрад, прљавштина. Ова со децении е сликата од машкиот дел во затворот „Идризово”. Во вториот дел од ,,Досие Идризово” влеговле во машкиот оддел, каде што состојбата е алармантна.Ексклузивно во вториот дел од „Досие: Идризово“, ќе ја чуете и втората страна за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот од еден од осудените, Андреј Костовски.Во одредени делови на затворот, не се живее, туку се преживува...

Македонија | пред 1 година

idrizovo-fb

(Видео) Досие Идризово: Ужасни услови во машкиот дел, која е вистината за убиството на Денис Тот, “тероризирање” на затвореници

Во вториот дел од „Досие: Идризово“ во поткастот „Претрес со Ландов“ ќе ги видите најужасните услови во машкиот дел на казнено-поправната установа, борбата за преживување, проблемите, ќелиите со тафтабити (инсекти).Ексклузивно ќе се чуе втората страна за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот од еден од осудените, Андреј Костовски.Следете во живо:https://www.youtube.com/live/Sf87W3rTJXo?si=MKARma3Iyb7-Ds-b 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.56.46

(Видео) Катица Јанева: Јас се извинувам многу, треба да ми дадат шанса, на секого му даваат шанса за вторпат

Ексобвинителката Катица Јанева побара втора шанса од Управата за извршување санкции кои и го одземаа правото да работи, бидејќи како што рече, нејзиното ненаоѓање во канцеларијата е недоразбирање. Таа во ексклузивен разговор во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дека станува збор за недоразбирање кое треба да го надминат двете страни.„Јас се извинувам многу. Мислам дека ќе надминеме ова на нормален начин. Во интерес на Република Македнија, нема да кажам Северна, ќе кажам Македонија, во интерес на Република Македонија, пример за ресоцијализација како што сум јас, како што можеби ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса. На секој му даваат шанса за вторпат, за да ја оправда довербата. Не само што мене ме осудуваат, туку и цела институција дека не работи во ред. Што не е точно, не е така!“, рече Јанева.Таа во првото нејзино јавно појавување раскажа и многу детали за затворот, зборуваше и за СЈО, разочарувањата, но и очекувањата..https://www.youtube.com/live/xspLZVxcQ3M

Македонија | пред 1 година

idrizovo-najava-maski-del

(Видео) Досие: Идризово-2: Најужасните услови, тајните на затворот, што се крие зад убиството на хрватскиот ракометар Тот..

Во вториот дел од „Досие: Идризово“ кој ќе се емитува во среда, 21 часот во поткастот „Претрес со Ландов“ ќе ги видите најужасните услови во машкиот дел на казнено-поправната установа, борбата за преживување, проблемите, ќелиите со тафтабити (инсекти).Ексклузивно ќе се чуе втората страна за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот од еден од осудените, Андреј Костовски..Најава:Погледнете го претходниот дел од „Досие:Идризово“: Претрес на Катица Јанева, исповед на жена која го убила мажот, репортажа од ќелиите..https://youtube.com/live/xspLZVxcQ3M

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања