ПРЕТРЕС

lesko

(Видео) Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот диџеј Љупчо добиле закани од Судска медицина, сведочи мајката

Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот Љупчо добиле закани од Судска медицина. Ова го просведочи мајката Кети Лешко во „Претрес“.Три месеци поминаа од трагедијата кога на приватна забава во Радишани каде Љупчо пушташе музика, тој почина од струен удар.Родителите сведочат како работат институциите.?t=4878

Македонија | пред 1 година

samoil-kostadinovski

(Видео) Каде е внукот на Љубе Бошкоски, кој се уште се води за исчезнат? Одговара обвинетиот за негово грабнување

Александар Трпковски, обвинет за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред една година, даде одговор каде е 26-годишникот по кого трагаше цела Македонија. Веќе година и половина нема ни трага ни глас од младиот скопјанец.?t=3234Таткото знаел за „бизнисот“ на исчезнатиот Самоил и лежел 12 години затвор за хероин. Ова го тврди Александар Трпковски, обвинет за грабнувањето. Деталите погледнете ги во поткастот. Во поткастот беше поканет и таткото на Самоил Костадиновски, кој не одговори на поканата.

Македонија | пред 1 година

ljupco

(Видео) Родителите талкаат по одговори за Љупчо: Жив на хартија, а погребан по трагична смрт на приватна забава

Жив на хартија, а погребан по трагична смрт на приватна забава во скопско Радишани каде бил викнат да пушта музика. Ваков е статусот на 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко.Родителите трагаат по одговори. Три месеци ги чекаат вештачењата, но и резултатите од обдукцијата. Мајката и таткото во „Претрес со Ландов“ раскажаа какво малтретирање добиваат од институциите.Потресната исповед е тука:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-223043

Родителите на починатиот диџеј Љупчо Лешко и по три месеци бараат одговори како починал нивниот син

Кети и Раде, родителите на диџејот Љупчо Лешко кој почина на приватна забава од пријавен струен удар, во „Претрес“ со Ландов бараа одговори од надлежните која е вистинската причина за смртта на нивниот син.„Поминаа три месеци, а немаме одговор. Свесни сме дека треба време за испитување и обдукции. Не се сомневам дека е струен удар. Имаше полиција, вештак, јавен обвинител, не знам што се работеше. Три кабли и адаптерот се земени. Струен удар од краток спој стоеше во билтенот од МВР. Не обвинувам никого, но симптоматично ни е, дека според кажување на децата таму цело време имало пецкање од струја”, вели таткото.Дел од опремата бил нивен, а дел на сопственикот.Таму инаку се забавувале 40-50 деца. Целата опрема на Љупчо била исправна кога им ја вратиле.„Лице од крвни деликти ни кажа дека нашиот син имал проширено срце бидејќи бил фудбалер. Нашиот син не бил фудбалер. Друго ни кажа - немало струен удар и дека ќе заврши како незнаен случај”, вели Раде.Предметот до минатата недела не е даден во форензика. Нема обдукциски наод и тие не можат да извадат посмртница. Мајката вели наместо одговори од лекарка добила закана со кривична пријава ако се јави уште еднаш.„Нема одговори дали е несреќен случај, струен удар или нешто сосема друго. Љупчо влегол во базенот, излегол и продолжил да пушта музика. Љупчо немал толку зголемено срце како што тврдат, Љупчо немаше здравствени проблеми, само забрзано работење на срцето пред неколку години”, велат родителите.Мајката посакува никој да не доживее таква болка како тие, но ја бараат вистината и се грижат за другите две деца.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-215833

(Видео) Љубе ја нема моќта како со Оливер, вели Трпковски, осомничен за грабнувањето на Самоил, внукот на Љубе Бошкоски

Александар Трковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски се предаде на правосудните органи по година и пол бегство.Пред предавањето даде ексклузивно интервју за Претрес со Ландов.„Љубе Бошкоски ја нема таа моќ како на времето со Оливер Спасовски. Надвор од државата бев кога се пукаше врз таткото на Самоил“, рече Трпковски.Претрес кој го бараше и таткото на Самоил да ја каже и неговата страна, а тој не одговори на повиците, останува отворен за негово гостување во емисијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-215827

(Видео) Ексклузивно за Претрес еден од осомничените за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски: Со моќта на Љубе и Оливер таткото врши притисоци

Пред да се предаде на правосудните органи, Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски, седна пред камерата и даде ексклузивно интервју за Претрес со Ландов.„Не сме имале проблеми, никогаш не сум работел со хероин, а ни Самоил. Немало должничко-доверителски односи“, вели Трпковски.Денот кога Самоил бил грабнат имал секојдневни семејни обврски.„Со моќта на Љубе Бошкоски и на Оливер Спасовски татко му вршеше притисок и мене да ме вметнат во случајот. Имаше притисоци од таткото на Самоил кој седеше пред куќи со оружје. Љубе и Оливер му даваа одврзани раце“, рече за Претрес, Александар Трпковски.12 години таткото лежел во затвор за бизнис со хероин. Работата излезе од контрола, вели Трпковски и таткото сака повеќе луѓе да инволвира. Не знае каде е Самоил.И обвинителството тврди имало притисоци.Во емисијата го поканивме и таткото на Самоил, но тој не одговори на нашите телефонски повици и пораки.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-214328

(Видео) Димитриевски во Претрес: Виновни се тие што ги отворија вратите на 27 април, бараме повторно судење

Во „Претрес со Ландов“, гостуваше Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април при упадот во Законодавниот дом.Тој тврди во критичните моменти не бил пијан. Призна дека користел недозволени супстанци, но со ресоцијализацијата е чист.„Вистината ќе излезе на виделина. Бараме повторно судење. Го сакам ова парче земја. Ова не беше терористичко загрозување, немаше оружје, само револтиран народ“, рече Димитриевски.Тој кажа дека од 5 години е член на ВМРО-ДПМНЕ. Комитите, рече тогаш не беа активни.Нинџа го запознал во затвор, но не сакаше да коментира.„Највеќе се виновни тие што ги отворија вратите. Пратениците требаше да ги решат проблемите внатре“, рече тој за Претрес.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-211638

(Видео) Осудениот за обид за убиство на Села, Димитриевски во Претрес: Фрлав со предмети, но не сум убиец, верувам во Мицкоски

Не сум убиец и не го удрив Села, рече во „Претрес со Ландов“, Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април при упадот во Законодавниот дом.„Не го направив ова за што сум осуден. Во Собрание влегов поради револтот за изборот на Талат Џафери. Не требаше народот тоа да го решава туку внатре пратениците ова да си го решат“, рече Димитриевски.Во Собранието влегол со капуљача со превоз, но носел вообичаено капуљача.„Мислев дека нешто добро за народот ќе направиме. Верувам во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе се изнајде решение, јас не барам милостина туку правда“, вели за Претрес.Тој објаснува дека самоиницијативно отишол во Собрание и никој не ги повика.„Во пресудата стои дека тие што мавале се НН лица, јас не го мавав, туку како што стои во пресудата сум барал начин како да го удрам“, вели Димитриевски.Призна дека мавал со предмети, но дека не е убиец.„Немав желба да го удрам Села“, рече Димитриевски.Тој е на отслужување на казната затвор, а во моментов е на лекување.

Македонија | пред 1 година

tamnel

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ за претепувањето на Села, грабнувањето на внукот на Љубе Бошковски, починатото момче од струен удар на забава

Пред да се предаде на правосудните органи, Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски – седна пред нашата камера. Ексклузивно ви ја носиме втората страна за исчезнувањето на внукот на Љубе Бошковски.▫️Во студио, ќе го претресеме Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на „27 април“. Имало ли претходен план? Дали осудените ќе ги одлежат казните или ќе добијат ново судење? Ова се првите прашања.Се враќаме нецели три месеци назад. На кобниот 13 јули. Тогаш, двајца родители изгубија син, сестра изгуби брат, семејството чедо. До ден денеска се сеќавам дека веста јас ја дочекав во Охрид, кога ми кажаа 19-годишен диџеј загинал од струен удар. Веста ја дознавме преку билтенот на МВР.Оттогаш, до денеска, уште нема одговор: КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ШТО ПОЧИНА 19-ГОДИШНИОТ ЉУПЧО ЛЕШКО. По одговори трагаат и родителите.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 1 година

Screenshot_64-3-960x5291-670x376

(Видео) Велија ги брка на клоци инспекторите, а имаше многу политика и шпекулации, вели екссудијата Туфегџиќ за истрагата против А1 ТВ

Владимир Туфегџиќ, екссудија кој ја водеше истражната постапка пред А1 Телевизија да се затвори, во поткастот „Претрес со Ландов“ за првпат зборуваше за процесот, но и однесувањето на газдата Велија Рамковски кој доби висока затворска казна. Кажа дека прво си го поставувал прашањето зошто со години УЈП не правела контроли во А1 Телевизија, за потоа, да го добие одговорот преку обезбедени видео снимки.„Има таму една снимка кај што Велија ги брка на клоци инспекторите“, екссудијата Туфегџиќ за А1 Телевизија и постапката.?t=8252

Македонија | пред 1 година

boskovski

(Видео) Сам се предаде третиот осомничен за грабнувањето на внукот на Бошковски, ексклузивно: Таткото со моќта на Спасовски и Бошковски ме ставија во делото!

Александар Трпковски, третиот осомничен за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, утрово сам се предаде на македонската полиција, која го спроведе во затворот „Скопје“ во Шутка. Додека беше во бегство, екипата на поткастот „Претрес со Ландов“ разговараше со него и тој ексклузивно за првпат ја кажа својата страна од приказната - зошто не се вратил во Македонија кога бил исконтактиран од полицијата.„Единствен проблем што било е тоа што тој (Самоил) бил со Виктор кој бил мој близок другар. Така излегов јас осомничен, мора Аце нешто да знае! Мора нешто Виктор него да му каже. Неговиот татко со моќта на Оливер Спасовски и Љубе Бошковски, ме става во делото“, вели Трпковски во ексклузивен разговор за „Претрес“, кој се емитува во среда.Трпковски е третоосомничен во случајот. Според обвинението, заедно со Виктор Милановски кој е осуден, и второ лице од кое земале автомобил, го грабнале внукот на Бошковски.Во разговорот открива какви закани добивал откако исчезнал Костадиновски, детали за таткото на исчезнатиот, но и за бизнис-зделките кои ги имале. Какви биле односите на Трпковски и исчезнатиот, како станал осомничен, од кого добивал закани?Каде е Самоил?Среда, 21 часот, во живо.СТАВЕТЕ САБСКРАЈБ НА ЈУТУБ - КАНАЛОТ ПРВАТВМК - https://www.youtube.com/@prvatvmk

Македонија | пред 1 година

monstrum-4141

(Видео) Разговорите од Заев за убиствата кај Смилковско донесоа само страдање за семејствата! Туфегџиќ откри за муабетите меѓу функционерите

Судијата кој ја водеше истражната постапка за убиството кај Смилковското Eзеро, Владимир Туфегџиќ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека се направила класична злоупотреба преку прислушуваните разговори од страна на носителите на проектот „Вистината за Македонија“ во кој беше и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Која е вистината за МОНСТРУМ?„За семејствата на жртвите прислушваните разговори од „Вистината за Македонија“ донесоа патња и страдање. Во тие разговори беа најавени вистинските извршители... Тие кажаа дека наводно се инволвирани државни функционери. Разговори од функционери имало! Тие разговори никаква поврзаност немаат со настанот!“, вели Туфегџиќ кој објасни што се слуша во тие разговори, кои биле ценети и при судењето.Одговорот од Туфегџиќ, ќе го најдете во „Претрес со Ландов“:?t=7037

Студио | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

(Видео) Сурови одговори од судијата кој му даде 12 години затвор на Мијалков за прислушувањето: Сме слушале ехо, немало такво нешто!

Владимир Туфегџиќ беше еден од судиите кои му досуди 12 години на Сашо Мијалков за прислушувањето со кое СДСМ дојде на власт.„Аферата прислушување нема судски епилог, а штом нема - тоа значи немало ништо, ние сме слушале некакво ехо, некакви приватни разговори, тука завршува тој дел за наводното прислушување“, вели во дел од одговорот Туфегџиќ за „Претрес“.Во “Претрес” беше суров и одговори на многу прашања за овој предмет:?t=5740

Македонија | пред 1 година

obvineti-vanja

(Видео) Можеби се спремале и други ликвидации на други луѓе, а никој ништо не знае - каде беа службите?!, прашува Туфегџиќ

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес.Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.„Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!“, вели Туфегџиќ.Во „Претрес“, адвокатот Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, зборуваше и за мотивот на убиството, погледнете го тоа во поткастот:https://youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?feature=share

Македонија | пред 1 година

Tufekdzic-vo-Pretres

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на Вања, негов впечаток е дека полицијата не се ангажирала

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска, рече адвокатот Владимир Туфегџиќ во „Претрес” со Кристијан Ландов.Тој во постапката е адвокат на таткото Александар.Јавниот обвинител, посочи, ќе има тешка задача да ги поврзе доказите за двете убиства, на Вања и Панче Жежовски.Таткото на Вања прв го открил возилото, па после полицијата го следела за да ја најде траекторијата, вели Туфегџиќ во „Претрес“.„Јас на судот му стојам на располагање да се расчисти случајот”, рече на судењето таткото.„Александар ја добива информацијата за исчезнувањето на Вања од мајката. Тие се во стресна состојба како родители. Прв чекор е да се извести полицијата. Мајката ја извести полицијата. Претпоставуваа дека детето одело на училиште. Тие биле со телефоните поврзани. Наставничката ја известила мајката дека Вања не се појавила. Вања немала никакви проблеми со мајката и таткото. Живеела во нормална средина, иако родителите биле разведени. Вања била особено поврзана со таткото. Нивен впечаток е дека полицијата доволно не се ангажирала и затоа сам почнал истрага и тоа го довело до видео камерите. Му ги дале снимките сите, забележал атипично движење на едно возило. Таткото презел сѐ што би направил родител. Таткото им ги дал снимките на полицијата”, рече Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања