ПРИНЦ ХАРИ

se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Принцот Хари во мемоарите открива детали за неговиот пенис: „Тоа стануваше се поголем и поголем проблем“

Протекуваат детали од книгата на принцот Хари, британските медиуми постојано пишуваат за нив, а некои од нив се прилично бизарни. Војводата од Сасекс сподели голем број приватни детали и откри дека е обрежан. Тој раскажал и за проблемите со пенисот на свадбата на брат му затоа што штотуку се вратил од експедиција на Северниот пол."Тато беше многу заинтересиран и сочувствуваше со непријатноста на моите уши кои беа премрзнати. Додека ушите и образите закрепнуваа, пенисот не. Тоа стануваше се поголем проблем секој ден", вели тој во своите мемоари, додавајќи дека не сака да зборува премногу за неговиот пенис.Да потсетиме дека Хари во своите мемоари откри дека неговиот татко Чарлс му ја соопштил веста за смртта на мајка му и тоа на прилично ладнокрвен начин. Освен тоа, принцот во книгата открил дека косата на мртвата мајка Дијана ја чува во кутија. Тој напиша и дека се кае што ги гледал интимните сцени на Меган Маркл од серијата „Suits“.

Магазин | пред 3 години

2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Талибанците со критика до принцот Хари: Окупаторските сили во Авганистан убиваа невини луѓе

Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“.– Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини луѓе без никаква одговорност, вели портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.Мемоарите на Хари беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред глобалното објавување, што е закажано на 10 јануари.Во еден дел од книгата, 38-годишниот принц ги опишува своите два престоја во Авганистан. Тој првпат беше во Авганистан како контролор на летање во 2007/08 година и повторно во 2012 година, кога беше копилот во хеликоптери Апачи. Тој пишува за бројот на луѓе што ги убил во Авганистан.– Тоа не е статистика што ме исполнува со гордост, но не можам да кажам дека ми е срам. Кога се најдов во жарот на битката, не мислев на луѓето, ги замислував како шаховски фигури отстранети од таблата, лошите момци се елиминирани пред да им се даде шанса да ги убијат добрите момци, пишува принцот Хари.Тој во мемоарите пишува за недоразбирањата со неговиот брат, престолонаследникот Вилијам, како и за неговата употреба на дрога и како ја изгубил невиноста.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања