Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ПУЛС

289281755_8308389602520189_8030493755363633206_n

Тоше отишол во дискотеката да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила пред неколку дена.„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема“, изјави за Информер извор запознаен со случајот.Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-22.20.14

Сплотеност и солидарност - иселеници и сограѓани нудат помош за семејствата чии блиски се низ болниците во Македонија и странство

Македонката Тамара Ангеловска која студира и живее во Бугарија самоиницијативно се пријави за помош на семејствата чии деца се однесени на лекување во болниците во Бугарија. Преку јавен повик Тамара остави и контакт телефон каде може да ја побараат доколку семејствата имаат потреба од било каква помош.Помош понудија и граѓани во Скопје, но и наши иселеници.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.27

Најнова информација: Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица, 3 се во тешка состојба

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица.„Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

panco

Панчо од ДНК е вон животна опасност и префрлен е во Систина

Седум члена на ДНК се меѓу загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој е со изгореници, но вон животна опасност е префрлен во приватната клиника Систина.Панчо е сместен на одделението за интезивна нега.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.59.34

Ова се деталите: Големи пропусти во дискотеката каде загинаа 59-лица, се бара краток притвор за 10 лица

Десетици пропусти се пронајдени во првите часови од увидот во дискотеката каде загинаа 59-лица. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дел од нив посочувајќи дека „пропустите се навистина многу големи“. Краткорочен притвор ќе се бара за 10 лица.„Од увидот на јавните обвинители, заедно со инспектори на ДЗС беше констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, имало само два ПП апарати, имало само една импровизирана метална врата, која била заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна, а обложена со сунѓер. Немало пристап за противпожарни возила од две страни. На ѕидовите немало противпожарно отпорен материјал, немало врати со противпожарна отпорност, ниту систем за кочење на вратите, ниту систем со јак звучен сигнал за сигнализација на гостите. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали, без друштво за палење на пиротехничките материјали. На лице место бил присутен и државен инспекторат за урбанизам, по што констатирано е дека објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустрија. Не е извршена пренамена на објектот во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозвола за работа од Министерство за економија за угостителски објект издадена пред 15 години“, рече Коцевски.Увидот ќе продолжи и утре.„Беше наредено да се апси секое лице кое што со своето постапување или непостапување придонело за настаност и да се испита неговата улога. Беше дадена наредба за анализа на одземени предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредба за привремено одземање на видео запис и документација. Беше издадено барање за претрес. Во текот на денешниот ден, од страна на јавните обвинители, беше извршен увид на лице место, траеше до вечерните часови и се уште не е завршен. Ќе продолжи и утре. Во текот на утрешниот ден, од моја страна ќе ангажирам од три до пет јавни обвинители од скопското обвинителство, оти е сложен предмет“, рече Коцевски.Краткотраен притвор ќе се бара за дел од лицата кои сега се задржани во полициска станица.„Сослушан е еден од првите осомничените, тоа е еден од организаторите. Тој даде одредени релевантни докази. Нема писмен договор помеѓу организаторот и од страна на групата, односно за организирање на концертот. Можам само да кажам дека може евентуално да се работи за кривични дела од член 292, за давање и примање поткуп и за пиротехничките средства. Лицата постапувале спротивно на правилата за мерките за заштита“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца

Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца.Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција.По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Македонија | пред 1 година

bektesi

Ексминистерот Крешник Бектеши на распит во станица: како е издадена фалсификуваната лиценца на дискотеката каде загинаа 59 лица?

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, е на распит во полициска станица, откако истрагата утврди дека дискотеката во која изгореа 59 лица, имала фалсификувана лиценца за кабаре.Лиценцата излегла од министерството со оригинален печат, како што кажа премиерот Христијан Мицкоски, а документот добил и архивски број. Но, во книгата каде се забележува што претставува документот под тој број, стоело комуникацијата со странски инвеститор“.Бектеши како прв човек на Министерството, ќе треба да објасни како овој документ добил печат и потпис. Освен него, во станица е задржана и Размена Чекиќ Дуровиќ, државна секретарка во министерството, која потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.Лиценцата е издадена во март минатата година, пред изборите, кога Бектеши се уште раководеше со овој ресор.

Македонија | пред 1 година

afgasdg

Уште двајца од тимот на „ДНК“ загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани

Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“. Вкупно, досега има шест жртви кои доаѓаат од редот на изведувачите.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.54.56

Тројца пациенти од болницата „Жан Митрев“ се критично, ќе бидат пренесени во странство

Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство.„Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Во моментов, кај нас се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува да бидат преземени со организиран трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија“, велат од Клиника Жан Митрев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.24.09

Мицкоски е спремен за морална одговорност, но не поднесува оставка и ќе го поразува корумпираниот систем

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не планира да поднесе оставка, иако најави морална одговорност. Тој рече дека прво ќе се бори со корумпираноста на системот, па ќе оди на избори.„Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, и нивните слуги, а потоа, ќе излеземе на избори пред граѓаните и тие се најголемата морална потврда“, рече Мицкоски и додава:„Моралната страна кај мене постои. Осум месеци работам за да го поразам корумпираниот систем. Прво ќе го поразам овој систем, односно сето ова што денеска го започнуваме ќе вроди со плод, па народот на избори ќе каже кој треба да понесе морална одговорност.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.40.05

Фалсификувана била лиценцата за кабаре која ја имала дискотеката, а лага е дека полицијата ги затворила вратите

Дискотеката „Пулс“ немала документ за работа, односно лиценца, цела година, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека дискотеката функционрала со лиценца која била фалсификувана – односно, имало оригинален печат, ама била издадена под архивски број, кој во книгите на Министерството за економија бил заведен документ со назив „комуникацијата со странски инвеститор“. Ова значи дека дискотеката немала легална лиценца за кабаре.„Не е точно дека полицијата ги затворила вратите. Полицијата не била таму да контролира дали има важечка лиценца или не, туку се вршела проверка, по основани сомненија дека се тргува со недозволени супстанци и дека има на местото малолетници. Полицијата доаѓа пет минути пред да се случи настанот. Групата полицајци е со лице кое под сомнение дека тргува со недозволени материјали, а починатиот полицаец легитимирал дали внатре има малолетници“, рече Мицкоски.Објектот бил кабаре, па тој бил под надлежност на Министерството за економија, а не на општината и смеел да работи до 04 часот сабајле.

Македонија | пред 1 година

Foto

Сиљановска во неверување: Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова:Почитувани сограѓани,Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност.Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна болка е и моја.Утринава ги посетив болниците. Пред нив ме дочекаа родителите на повредените, со надеж и доверба во медицинскиот персонал. И јас, како нив, верувам дека ќе го сторат не само можното, туку и неможното за да им помогнат на нивните сакани.Знам и чувствувам дека не сме сами, оти веднаш се огласија, не само соседите, туку и подалечните држави.Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција заради добивање врвна медицинска помош и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и Светот се со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Вечно ќе им бидеме благодарни.Почитувани и сакани граѓани,Ве молам, водени од хуманоста и емпатијата да се сплотиме во болката свесни дека смртта и болеста подеднакво нè допираат сите, без оглед на било каква припадност.Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација.Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и активност.Ниту еден одговорен овој пат не смее да ги избегне правото, правдата и казната!Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите, да ги здружиме силите околу преживеаните. Да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединците.Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-13.12.17

Сестрата Лепа Тасева пронајдена меѓу загинатите

Лепа Тасева, сестрата на повредената Марија Тасева, попладнево е пронајдена меѓу загинатите лица во пожарот во кочанската дискотека. Нејзиниот татко, кој ја бараше во болниците во Скопје, објави дека за жал, неговата Лепа е меѓу загинатите.Марија, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја.Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25-1

Андреј од ДНК излегол, па влегол да спасува заглавени во дискотеката - но не успеал, раскажуваат пријатели за медиумите

Анреј Горгиевски од дуото „ДНК“, настрадал влегувајќи да спаси заглавени гости, меѓу кои и деца. Влегол за да ги извлече, но не успеал, раскажуваат негови пријатели за повеќе медиуми. Според пишувањата, тој еднаш излегол надвор, а вториот пат, не успеал, бидејќи врз него паднал дел од таванот.Горгиевски останал заглавен со уште други десетици лица, меѓу кои и малолетници. Зад него ги остави семејството и десет годишната ќерка Јана. На препознавање била сопругата, но и мајката. Неговото тело е дадено на обдукција.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Семејствата не даваат телата на нивните блиски да се носат во Србија на обдукција

Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани.Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај роднините и блиските на починатите. Тие спонтано го блокираа влезот во болницата, изразувајќи незадоволство и несогласување со префрлањето на телата во главниот град.Засега, официјалните институции не дадоа дополнителни информации во врска со протестот на семејствата, ниту дали одлуката за транспортот може да биде изменета. Очекувањата се дека обдукцијата ќе помогне во расветлување на причините за трагедијата.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања